фудбал

Скалони светската титула ја посвети на родителите

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, кој со 44 години стана третиот најмлад кој водел една селекција во финале, многу емотивно го прослави светскиот трон со Аргентина.

„Ако татко ми ме гледа а и мајка ми… А верувам дека гледаат…. Тој и мајка ми ме учеа дека никогаш не треба да се предадам во било кои околности. Сакам само да кажам едно благодарам за с?. С? уште не сме свесни, с? уште сме во еуфорија но, чувството да се биде светски првак е – фантастично. Сега треба сите да се радуваат“, вели Скалони.


Колина го пофали судењето на Марчињак во финалето

Првиот човек на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, оцени дека Полјакот, Симон Марчињак, одлично си ја заврши работата во вчерашното финале меѓу Франција и Аргентина на Светското првенство во Катар.

Главниот судија еден пенал за Аргентина и два удара од белата точка за Франција. Легендарниот „ќелавко“ вели дека Марчињак бил перфектен во финалето.

„Беше подобар и од технологијата“, рече кратко Колина.


Камавинга најново име на листата желби на Милан

Медиумите на Пиринеите денес објавија дека младиот фудбалер на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, најверојатно ќе биде испратен на позајмица со посебна клаузула дека ќе може да се врати на „Сантијаго Бернабе“ доколку шпанците го побараат тоа.

Наводно, „кралевите“ се расположени да го пуштат Французинот а Милан сака да го ангажира со 18-месечна позајмица со право на откуп.

Двата фудбалски гиганта од Шпанија и Италија претходно по истиот принцип го договорија трансферот на Брахим Дијаз.


Гвардиола нема доволно фудбалери за четвртфиналето со Ливерпул

Манчестер Сити денеска одигра пријателски меч со сестринскиот клуб Џирона и победи со резултат 2-0, но по крајот на оваа контролка, Пеп Гвардиола не пропушти да нагласи колку е лош распоредот во англиската фудбалска елита.

Во четврток е закажан Карабао куп дуелот меѓу двата големи англиски великани, а Пеп кој денеска можеше да смета само на четворица редовни играчи од првиот тим, посочи дека во овој момент нема доволен број на играчи за да размислува за Ливерпул.

Ерлинг Халанд, Кевин Де Брујне, Илкај Гундоган и Ријад Марез се единствените на кои може да располага Пеп на пет дена пред осминафиналето во Купот, бидејќи сите останати играчи во тимот против Џирона беа фудбалери од младинската школа.

„На располагање имаме само четворица играчи од првиот тим во овој момент, четворица стандардни. Ќе мора да ги чекаме наредните денови за да видиме во каква состојба ќе се вратат останатите. Ова е навистина необичен и тежок момент, едноставно немаме играчи за мечот со Ливерпул. Што да правиме, „големите мозоци“ во англискиот фудбал сметаат дека овој распоред е добар и дека треба да го одиграме тој меч“, изјавил Гвардиола по средбата со Џирона.


Роналдо тренира во полна форма во „Валдевебас“

Кристијано Роналдо се врати во тренинг центарот на Реал Мадрид во Валдебебас, Португалецот побарал дозвола од „кралевите“ да работи на својата форма пред да одлучи за следниот клуб.

Кристијано Роналдо е без клуб откако го раскина договорот со Манчестер јунајтед и наскоро ќе ја одбере следната дестинација.

Во меѓувреме, Португалецот се врати во Реал Мадрид, или поточно во тренинг центарот на „кралевите“ во Валдебебас. Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Кристијано Роналдо побарал дозвола да ги користи објектите за да остане во топ форма.

Флорентино Перез дал зелено светло, па Реал Мадрид одредил еден терен специјално за Кристијано Роналдо, кој нема да се меша со фудбалерите кои работат под команда на Карло Анчелоти.


Бускетс донесе одлука за својата иднина во Барса

Серхио Бускетс пред некое време донесе важна одлука кога е во прашање шпанската репрезентација од која реши да се повлече по неуспехот на Светското првенство на кое „црвената фурија“ беше елиминирана од Мароко во првата нокаут рунда.

Сега како што информира „Мундо Депортиво“ искусниот играч за врска донел клучна одлука и за клупското прашање околу неговиот статус во Барселона. Неговиот договор завршува на крајот на сезоната и веќе одредено време има дилеми околу тоа дали ќе остане на „Камп Ноу“ и по 2023 година.

Имено според „Мундо Депортиво“, ветеранот решил да си замине од шпанскиот великан по крајот на оваа сезона. Иако тренерот Чави Ернандес посакуваше тој да остане Серхио смета дека е време за разделка по 15 години во првата екипа.


Ван Нистелрој одушевен од игрите на Гакпо во Катар

Манчестер Јунајтед сака по секоја цена да донесе замена за Кристијано Роналдо уште во зимскиот преоден рок, па неполни две седмици пред отворањето на јануарскиот трансфер пазар, станува се појасно дека примарна мета на „ѓаволите“ е Коди Гакпо.

Напаѓачот на ПСВ се докажа и на мундијалот во Катар и со тоа си ја зголеми својата цена на трансфер пазарот, но во ситуација кога Јунајтед веќе има подготвено 50 милиони евра за првата понуда до холандскиот клуб, со реална изјава се јави и легендарниот Руд Ван Нистелрој.

Поранешниот голгетер работи како тренер во ПСВ од стартот на оваа сезона и помогна во развојот на Гакпо, на кого сега подготвен е да му го покаже патот кон славата уште во јануари.

„Навистина уживав гледајќи го Гакпо на Светското првенство во Катар и сметам дека заслужува се што му се случува. Имав можност да бидам блиску до него и да му помогнам во развојот и тоа ме прави горд“, рече Ван Нистелрој.


На Мундијалот во Катар беа постигнати најмногу голови во историјата на првенствата

За време на Светското првенство во Катар беа постигнати 172 гола на 64 натпревари, што значи дека се постигнати најмногу голови во историјата на светските првенства.

Досегашниот рекорд по бројот на погодоци го држеа првенствата во Франција 1998 година, и во Бразил 2014 година кога беа постигнати 171 гол. На третото место е СП во Русија, кога беа постигнати 169 погодоци.

Во просек на Мундијалот во Катар се постигнуваа 2,69 гола по натпревар. Во Катар шест натпревари завршија без погодоци, а два меча се завршија со по седум постигнати гола.


Скалони: Многу пропативме но покажавме дека можеме се да постигнеме

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, после победата во финалето на Мундијалот изјави дека ова беше совршен натпревар, според него селекцијата пропатила многу за да стигне до целта, но на крајот покажаа дека оваа екипа може се да направи.

„Горд сум на сите, на секој играч, и на сите наши навивачи. Примивме доста удари на патот до финалето, но останавме на нозе, а тоа оваа победа ја прави поемотивна. Сакам да им порачам на нашите навивачи да слават и да уживаат. Ова е историски момент за Аргентина“, изјави Скалони.


Меси: Знаев дека Бог ќе ми донесе трофеј, останувам во репрезентацијата

Репрезентацијата на Аргентина стана нов светски фудбалски првак, после спектакуларната победа во финалето над Франција. Аргентинските фудбалери беа подобри во изведувањето на пеналите и славеа со 4:2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а после продолженијата мечот беше 3:3.

Најдобриот фудбалер на Аргентина, Лионел Меси, на својот петти Мундијал го освои единствениот трофеј кој му недостигаше во кариерата.

„Немам прави зборови за да го опишам ова чувство, се беше неверојатно. Знаев дека Бог ќе ми го даде пехарот, ова е голема радост за нас. Одсекогаш сум го имал овој сон, својата репрезентативна кариера да ја завршам на Светското првенство. Меѓутоа, сепак нема да се пензионирам од националниот тим, и сакам да продолжам да играм како шампион“, изјави Меси.