Францускиот репрезентативец, Килијан Мбапе, е најдобар стрелец на Светското првенство во Катар со постигнати осум голови, вклучувајќи го и постигнатиот хет-трик во финалето со Аргентина, кој сепак не беше доволен за одбрана на титулата.
Младиот напаѓач, пред својот 24-ти роденден стигна до вкупно 12 гола на Светските првенства и само прашање на време е кога ќе го надмине рекордот од 16 голови на Мирослав Клосе.
Лионел Меси постигна седум гола на Мундијалот, додека Хулијан Алварез и Оливие Жиру постигнаа по четири погодоци.
Сити спремен да плати 130 милиони евра за Гвардиол
Јошко Гвардиол важи за еден од најперспективните дефанзивци во
Европа, и со своите добри настапи на мундијалот во Катар, само им
потврди на гигантите дека вреди да инвестираат во него.
Но како што пренесува новинарот Алфредо Педула, она што
Манчестер Сити е подготвен да го направи, се граничи со лудост.
Наводно „граѓаните“ се подготвени на РБ Лајпциг да му платат 130
милиони евра (сосе бонуси), а на Јошко Гвардиол му даваат плата од
11-12 милиони евра по сезона.
Манчестер Сити сака со вакви бројки да го победи Реал Мадрид во
битката за потписот на Хрватот.
Се верува дека „кралевите“ се подготвени да платат 90 милиони евра
како обесштетување, и на Јошко Гвардиол да му понудат плата од 6
милиони евра по сезона, примања кои се довјно помалку од она што
Манчестер Сити го става на маса.
Оршиќ: Ова е најзначајниот гол во мојата кариера
Мислав Оршиќ постигна феноменален гол за 2-1 против Мароко, кој
на крајот се покажа како решавачки за бронзата на Светското
првенство.
„Мислам дека се уште не сум свесен што направивме. Можеби ќе
разберам по неколку дена или кога ќе се вратам во Хрватска. Мислам
дека одигравме добар натпревар, беше возбудливо. Се боревме и
заслужено победивме“, изјави пресреќниот Мислав Оршиќ по
победата над Мароко.
„Ова е највредниот гол во мојата кариера. Им го посветувам на
семејството, родителите, сопртугата, децата и сите кои беа покрај
мене. Сега ќе славиме заедно“, заврши тој.
Тен Хаг не знае кога Санчо ќе се врати во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, не тренира со првиот тим и во моментот работи со помошните тренери на овај англиски клуб, информира тренерот Ерик тен Хаг. Англискиот напаѓач се повреди во октомври и поради тоа не беше избран во списокот на англиската репрезентација за настап на Мундијалот во Катар, а не заигра и во пријателските натпревари на Манчестер Јунајтед во Шпанија. „Се обидуваме да го вратиме. Станува збор за комбинација од физичка и ментална состојба. Имав неколку разговори со Џејдон и мислам дека не е подготвен за брзо враќање во тимот. Прикажуваше добри игри на стартот од првентсвото, но потоа неговата форма почна да опаѓа што покажуваат и статистичките податоци. Во моментот ги истражуваме можните причини за неговата слаба форма, и не сум сигурен кога тој ќе се врати во тренажен процес“, изјавува Тен Хаг.
Кристофер Нкунку постигна договор со Челзи
Досегашниот фудбалер на Лајпциг и репрезентативец на Франција, Кристофер Нкунку, својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во Челзи, бидејќи постигна договор со лондонскиот клуб. Познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо, објави на Твитер дека Нкунку ќе премине во редовите на Челзи на крајот од сезоната. 25-годишниот француски напаѓач имаше договор со Лајпциг до јуни 2026 година, а се очекува трансферот во Челзи да изнесува 70 милиони евра.
Мурињо одбил да ја води репрезентацијата на Португалија
Италијанскиот весник Газета дело Спорт ја пренесува веста дека тренерот на Рома, Жозе Мурињо, одбил да биде селектор на репрезентацијата на Португалија. Според информациите од весникот, Мурињо мисли дека уште е рано за таа позиција и е целосно посветен на водењето на Рома. Италијанските медиуми наведуваат дека Мурињо бил прва желба на Фудбалскиот сојуз на Португалија за водење на репрезентацијата после отказот на Фернандо Сантош. 59-годишниот Мурињо во својата кариера бил тренер на Леирија, Порто, Реал, Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во завршницата од Лигата на нации
Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, вели дека сите играчи на селекцијата треба да бидат горди на освојувањето на бронзата на Светското првенство, и дека тој планира да настапи за Хрватска и на завршницата во Лигата на нациите наредната година. Фудбалерите на Хрватска се закитија со бронзен медал на СП во Катар, откако го совладаа Мароко со 2:1. За Хрватска тоа е трет медал на светските првенства после среброто пред четири години во Русија, и бронзата од Франција во 1998 година. 37-годишниот Модриќ демантира дека натпреварот пртоив Мароко бил негов последен во дресот на националниот тим, бидејќи планира да игра за Хрватска во завршницата на Лигата на нации, а можеби и на квалификациите за ЕУРО.
Абердин подготвен да слуша понуди за Миовски
Џон Гудвин е презадоволен од тоа како Бојан Миовски игра
во својата прва сезона во шкотскиот клуб и верува дека македонскиот напаѓач ќе тресе
мрежи за Абердин и во пролетниот дел од сезоната. Миовски во редовите на Абердин
дојде од редовите МТК од Унгарија и на 20 натпревари постигна 12 голови.
Со оглед на формата со која настапува веќе неколку клубови
покажуваа интерес за неговите услуги. Тренерот Гудвин сега пред јануарскиот преоден
рок изрази надеж дека Миовски ќе остане во клубот.
„Кога го доведувавме Миовски знаевме дека е добар играч,
но секогаш сме внимателни со странските фудбалери затоа што доаѓаат од различна
култура и различен стил на игра.
Миовски дојде од Унгарија и одлично се прилагоди, верувам
дека ќе остане со нас. Ние не сакаме да останеме без него во јануари, но за добра
понуда клубот можеби ќе го пушти“, изјави Гудвин.
Реал најскапо ги плаќа тинејџерите, првите тројца на вечната листа се „кралеви“
Трансфермаркт ги објави десетте најскапи трансфери на фудбалери до 18 години.
Најскап беше трансферот на 16-годишниот бразилски напаѓач Палмеирас Ендрик во Реал
Мадрид.
Шпанскиот клуб плати 72 милиони евра за 16-годишниот напаѓач. Истовремено,
Ендрик ќе му се приклучи на клубот од Мадрид во јули 2024 година. Договорот меѓу
играчот и Реал Мадрид е потпишан до 2027 година, ќе вклучува опција за продолжување
до 2030 година. Јасно е дека Ендрик ќе наполни
18 години во летото 2024 година, па во тој период ќе му се приклучи на Реал Мадрид.
Играчи кои направиле трансфер на неполни 18 години:
1. Ендрик (72 милиони евра, Палмеирас во Реал Мадрид)
2. Родриго (45 милиони евра, Сантос во Реал Мадрид)
3. Винисиус Јуниор (45 милиони евра, Фламенго во Реал Мадрид)
4. Фабио Силва (40 милиони евра, Порто во Вулвс)
5. Лук Шоу (37,5 милиони евра, Саутемптон во Манчестер Јунајтед)
6. Вејн Руни (37 милиони евра, Евертон во Манчестер Јунајтед)
7. Ренато Санчез (35 милиони евра, Бенфика во Баерн)
8. Алесандро Бастони (31,1 милиони евра, Аталанта во Интер)
9. Едуардо Камавинга (31 милион евра, Рен во Реал Мадрид)
10. Антонио Касано (31 милион евра, Бари во Рома)
Челзи го потврди трансферот на Нкунку, Лајпциг добива 60 милиони евра
Англискиот тим Челзи веќе ги финализирал сите документи околу трансферот
на Кристофер Нкунку, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Француското крило ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за 60 милиони евра, а
зделката ќе стапи на сила во јуни следната година. Нкунку исто така ги помина медицинските
прегледи и трансферот е одобрен од менаџерот на „сините“, Греам Потер.
Познато е дека Кристофер Нкунку беше дел од репрезентацијата на Франција
за Светското првенство во Катар, но во последен момент отпадна откако заработи повреда
на коленото. Се очекува тој да биде надвор од составот најмалку еден месец.