фудбал

Ливерпул без Конате на стартот од сезоната

Фудбалерот на Ливерпул, Ибрахима Конате поради повреда ќе го пропушти стартот на Премиер лигата. Францускиот дефанзивец повредата ја заработи на последниот пријателски натпревар на Ливерпул против Стразбур.

Од клубот не соопштуваат колку долго Конате ќе биде во аут, но според проценките повредата не е сериозна и тој се очекува да се врати на тренизните наскоро.

Ливерпул првиот натпревар од новата сезона го игра на гостински терен против Фулам.


Салихамиџиќ: Баерн нема да го купи Хари Кејн

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ денеска изјави дека клубот не се обидува да го привлече Хари Кејн од Тотенхем.

Баерн летово го продаде својот најдобар стрелец Роберт Левандовски на Барселона и се шпекулираше дека ќе го доведе напаѓачот од лондонскиот тим.

„Ова се гласини. Сега одиме на поинаков начин. Манчестер Сити и Ливерпул со години беа успешни без класична деветка“, изјави Салихамиџиќ за „Зидојче Цајтунг“.

Баерн мораше да го засили нападот откако го ослободи Левандовски, кој побара да си замине. Германскиот шампион го доведе Садио Мане од Ливерпул за 33,5 милиони евра, а го продолжи договорот со Серж Гнабри.

„Би можеле да замениме четири играчи со речиси ист квалитет на четири позиции. Ваков офанзивен квалитет е реткост во Европа. Сега е работа на тренерот и неговиот тим да го вклопат“, изјави спортскиот директор на Баерн.


Аспиликуета потпиша нов договор со Челзи, трансферот во Барса нема да се реализира

Челзи го возвраќа ударот кон Барселона, откако беше обелоденето дека Цезар Аспиликуета нема да се пресели на Ноу Камп ова лето. Иако во следната сезона шпанскиот репрезентативец беше „виден“ во дресот на Барса, преговорите траеја долго, па на крајот тој реши да остане во Челзи. Така успеаа на Стемфорд Бриџ да го убедат да остане и да потпише нов договор на две години.

Чави мислеше дека со доаѓањето на Аспиликуета ќе ја комплетира одбраната по свој вкус, но, како што оценува „Мундо Депортиво“, успеа тактиката на менаџерот на Челзи, Томас Тухел, кој во секоја прилика изјавуваше дека шпанскиот дефанзивец е еден од неговите клучни играчи и како не може да го замисли тимот на сините без него.

Германецот беше доволно уверлив да го убеди Аспиликуета за да ја одбие понудата на Барселона и со капитенската лента на раката да одлучи да го води Челзи уште две сезони. Шпанецот дојде на Стемфорд Бриџ во 2012 година и слави цела деценија во клубот. Останувањето на Аспиликуета донесе мало олеснување во таборот на Челзи, бидејќи одбраната веќе е „растурена“ во споредба со лани поради заминувањата на Антонио Ридигер во Реал Мадрид и Андреас Кристенсен во Барселон


Аталанта се засили со Лукман

Калчолигашот Аталанта објави дека потпиша договор со крилниот напаѓач Адемола Лукман.

Лукман во Аталанта доаѓа од РБ Лајпциг, но минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Лестер.

Според информациите вкупниот трансфер на Лукман изнесува 15 милиони евра, а договорот е потпишан до 2026 година.


Кепа пред потпис со Наполи, Мерет се сели во Специја

Доаѓањето на Кепа Аризабалага во Наполи ќе го испрати младиот голман, Алекс Мерет, на позајмица за една сезона во Специја.

Наполитанците треба да го финишираат трансферот на Аризабалага кој ќе дојде како позајмен играч а англискиот клуб ќе продолжи да плаќа 75 отсто од неговата плата.

Што се однесува до 25-годишниот Мерет, тој во минатата сезона забележа седум настапи за Наполи и прими шест голови.


Кукуреља потпиша за Челзи

Шпанскиот фудбалер Марк Кукуреља е нов фудбалер на Челзи, соопштуваат од лондонскиот клуб.

Тимот од Стенфорд Бриџ за левиот бек на Брајтон плати високи 65 милиони евра. Претседателот на Челзи Тод Боели изјави дека Шпанецот е иднината на клубот.

Англиските медиуми пренесуваат дека со пристигнувањето на Кукуреља во екипата, Челзи ќе му дозволи на Маркос Алонсо да му се приклучи на Барселона.


Ренато Санчез е нов играч на ПСЖ

Шампионот на Франција Париз Сен Жермен објави дека португалскиот фудбалер Ренато Санчез е нов играч на клубот. Португалецот од средината на теренот потпиша договор со важност до 2027 година.

Во текот на својата кариера 24-годишниот играч настапуваше за Бенфика, Баерн Минхен, Свонси и Лил.

Од 2019 година играше за Лил и со тој клуб ја освои титулата во француското првенство за сезоната 2020/21. Ренато Санчез е стандарден репрезентативец на Португалија.


Тен Хаг му го краде Зијеч на Милан

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, сакал клубот да го ангажира крилниот напаѓач на Челси, Хаким Зиеч. Холандскиот стручњак одлично го познава Мароканецот, кој беше дел од Ајакс предводен од него во периодот меѓу 2017 и 2020 година. По потпишувањето на Рахим Стерлинг, Челси е подготвен да го продаде Зиеч само две години откако плати 37 милиони фунти за него.

Според новинарот на „Франс Фудбал“ Набил Џелит, Зиеч бил еден од приоритетите на Тен Хаг за летниот избор, но челниците на Манчестер Јунајтед се изјасниле против трансферот и го блокирале договорот, иако Мароканецот би бил многу поевтина опција од крилниот напаѓач на Ајакс, Антони, за кој Јунајтед долго време преговараа. Всушност, токму Бразилецот го замени Зиеч во холандскиот клуб пред две години.

Инаку, во последно време упорно се тврди дека крилниот напаѓач на Челси може да ја продолжи кариерата во италијанскиот шампион Милан.


Јувентус не се откажува од Филип Костиќ

Весникот Тутоспорт кој е добро упатен со состојбите во Јувентус, излезе со тврдење дека тренерот на екипата Масилимијано Алегри не се откажува од доведувањето на српскиот репрезентативец и играч на Ајнтрахт Филип Костиќ.

Медиумот пренесува дека во наредните денови Јувентус ќе испрати свои претставници во Германија кои ќе понудат повисока понуда за Костиќ од претходната која сега ќе изнесува 16 милиони евра плус бонуси, како и зголемена плата за фудбалерот која од 2,5 милиони евра сега ќе се зголеми на 3,5 милиони евра.

Костиќ сеуште јавно не го коментира интересот од Јуве, и изјави дека во моментот е фокусиран само на првиот натпревар на неговата екипа во новата сезона на Бундеслигата.


Халанд не е загрижен околу прилагодувањето во Премиер лигата

Новиот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изјави дека не е загрижен дали ќе се вклопи во екипата и во Премиер лигата, во која ова лето пристигна од Борусија Дортмунд.

Халанд го имаше своето деби во дресот на Сити минатата недела во натпреварот од Комјунити Шилд против Ливерпул, каде неговиот тим загуби со 3:1.

„Не сум премногу загрижен. Таков е животот на фудбалерите и мора да се живее со тоа. Вие сте некој вид на забавувач. Секоја недела сте на суд од навивачите во врска со тоа како играте на теренот и мора да се докажувате и давате се од себе“, вели Халанд.

Во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата, Манчестер Сити гостува во Лондон кај Вест Хем.