фудбал

Умтити постави еден услов за да си замине од Барса

Барселона сака да се ослободи од Самуел Умтити и од неговата висока плата во летниот преоден рок. Умтити не прифати намалување на платата, но е спремен да го напушти каталонскиот клуб ова лето, но само под еден услов.

Имено, Французинот сака да се пресели во тим што учествува во Лигата на шампионите, или конкурентен за титулата во националното првенство, пренесува „Диарио Спорт“.

Во последните недели, Барса доби три понуди за Умтити, но тие не ги исполнија барањата на играчот.

Умтити во последните две години го мачат повреди, па европските гиганти не се заинтересирани за него.


Американците го освоија Голд Купот по драматична победа против Мексико

Соединетите Американски Држави го освоија „Голд Купот“ со победата над Мексико со 1-0. Во финалниот меч што се играше на „Алејант Стадиум“ во Парадајс, а го следеа над 60.000 гледачи, победникот беше решен дури во продолжението. 

Единствениот гол за Американците вреден злато во дуелот против Мексико го постигна Робинсон во 117. Минута. 

Инаку овие две селекции и пред неполни два месеци играа финале и тоа во првото издание на Лигата на нации, а ви во него Американците по продолженија ги добија Мексиканците.


Хоакин Кореа ќе биде замената за Лаутаро во Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е спремен да го продаде Лаутаро Мартинез доколку пристигне добра понуда.

Преговорите за продолжување на соработката помеѓу двете страни не одат во добра насока, па Интер нема да се противи на неговото заминување, особено поради фактот што „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми.

За Аргентинецот се заинтересирани Арсенал и Атлетико Мадрид, а самиот Лаутаро преферира преселба во Мадрид.

„Скај Италија“ пренесува дека Интер веќе има најдено замена доколку Лаутаро биде продаден ова лето.

Станува збор за напаѓачот на Лацио, Хоакин Кореа, кој е голема желба  на тренерот Симоне Инзаги.


Артета загрижен по повредата на Томас Парти

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека играчот од средниот ред, Томас Парти, може да биде долго време надвор од терените поради повреда.

Парти беше повреден на пријателскиот натпревар против Челзи. Играчот беше заменет на крајот на првото полувреме откако се здоби со повреда на скочниот зглоб. „Само што разговарав со докторот. Утре ќе направи рентген. Но, досега од тоа што го видов изгледа доста лошо “, изјави Микел Артета.

По дуелот со Рубен Лофтус-Чик, Парти беше принуден да го напушти теренот, тој беше заменет со Гранит Џака во 40. минута.

Претходно беше објавено дека Џака може да оди во Рома. Но, подоцна се појави информација дека лондончани имаат намера да го задржат играчот и да го продолжат договорот со него. Во случај на сериозна повреда на Парти, Гранит Џака може да добие повеќе минутажа во стартниот состав на Арсенал.


Шевченко се раздели со Украинската фудбалска федерација

Селекторот на украинската репрезентација Андриј Шевченко ја напушти функцијата.

„Денес ми истече договорот со украинскиот фудбалски сојуз. Поминав пет години во националниот тим. Со напорна работа докажавме дека можеме да играме модерен фудбал. Благодарен сум на претседателот и Извршниот комитет на Украинската фудбаслак федерација за оваа можност. Благодарен сум на секој човек што помогна и беше вклучен во работата на тимот. Голема благодарност до фановите за поддршката и критиките. Заедно успеавме да покажеме дека фудбалот на украинската репрезентација може да биде конкурентен и возбудлив. Со верба во Украина“, напиша Шевченко на својата страница на Инстаграм .

Да потсетиме, украинската репрезентација извојува една победа во групната фаза на Евро 2020 и тоа над Македонија и се пласираше во осминафиналето каде победија против Шведска, а загубија во четвртфиналерто од Англија со 4-0.


Болоња го претстави Марко Арнаутовиќ

Болоња официјално го објави трансферот на Марко Арнаутовиќ, што го направи со интересно видео, во кое на крајот 32-годишниот напаѓач позираше со дресот на тимот.

Арнаутовиќ доаѓа во Болоња од кинескиот тим Шангај за сума од 3 милиони евра. Договорот на искусниот фудбалер е за следните 2 сезони. За Арнаутовиќ ова ќе биде втор престој во Серија А по оној со Интер во сезоната 2009/10, кога, сепак одигра само 3 натпревари.

Тој досега има настапувано за екипите на Твенте, Вердер, Стоук Сити и Вест Хем, а оваа година постигна 3 гола на 4 натпревари за својот клуб. Исто така, настапи на Евро 2020 со репрезентацијата на Австрија, за која има одиграно 91 натпревар и постигнато 27 гола.


Бернардо Силва ќе биде жртвуван ако Грилиш пристигне во Сити

Манчестер Сити е блиску до комплетирање на трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила. „Граѓаните“ за потписот на Грилиш ќе платат 1о0 милиони фунти и со тоа трансферот ќе стане најскап во историјата на англискиот фудбал.

Сити, освен Грилиш, го сака и Хари Кејн, но ќе мора да продава фудбалери за да го среди буџетот и да го испочитува финансискиот фер-плеј.

Прва жртва на трансферот на Грилиш ќе биде Бернардо Силва, кој би требало да замине, а Сити чека понуда за неговите услуги.

Договорот на Бернардо Силва со „граѓаните“ истекува во 2025 година, па Сити за неговата слобода бара најмалку 50 милиони фунти.


Интер го тргна Лаутаро од трансфер пазарот

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез најверојатно нема да го напушти тимот во летниот преоден рок, објави новинарот Николо Шира на својата страница на Твитер.

Интер нема да го продаде Аргентинецот, и покрај тоа што не успева да се договори за продолжување на актуелниот договор кој му завршува во 2023 година.

Напаѓачот сака да го купи Атлетико Мадрид, но првата понуда од Шпанците во износ од 40 милиони евра, плус 10 милиони бонуси, беше одбиена.


Белоти прави изненадувачки трансфер во – Русија?!

Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти ова лето дефинитивно ќе ја промени средината, откако на адреса на Торино пристигнаа неколку одлични понуди за одличниот голгетер.

Летово се поврзауваше со Милан, а сега „Скај Италија“ објави дека Белоти може да направи трансфер во руски Зенит кој во него гледа идеална замена за Азмун, кој најверојатно ќе се пресели во Баер Леверкузен.

Според информациите Зенит е спремен да плати 30 милиони евра и да му даде договор на Белоти од четири милиони евра по сезона, што најверојатно е пресудно за трансферот.


Никој во Барса не сака намалување на платата, виси договорот на Меси

Нема крај за проблемите во Барселона околку новиот договор на Лионел Меси.

Аргентинецот е слободен агент, постигна договор со Барселона за продолжување на соработката, но се уште не е потпишан бидејќи клубот има финансиски проблеми.

Имено, Барселона треба значително да го намали буџетет за плати за да може да го потпиши договорот со најголемата ѕвезда.

Сега се појавуваат нови проблеми. Имено, пристигнуваат информации дека претседателот на клубот од Ноу Камп, Жоан Лапорта разговарал со Пике, Алба, Бускетс и Роберто за намалување на платата.

Ниту еден од споменатите играчи не се согласил на тоа, бидејќи, во тој случај, тие ќе добијат 40 проценти помалку пари отколку што добиваат сега.