фудбал

Недостига само потврден одговор: Диего Коста доаѓа во Турција

Шпанскиот напаѓач Диего Коста може да ја продолжи кариерата во турското првенство.

Бешикташ е заинтересиран за услугите на Коста. Турскиот клуб му нуди договор на напаѓачот до 2023 година, со плата од 3 милиони евра годишно. Коста исто така ќе добие 2 милиони евра во бонуси.

Напаѓачот мора да одлучи за договорот следната недела.

Коста е слободен агент, откако го напушти Атлетико во декември 2020 година.


Атлетичарка на ЛОИ дисквалификувана поради допинг

Нигериската атлетичарка Блесинг Окагбаре (32) не настапи во полуфиналето на трката на 100 метри на Олимписките игри во Токио, откако на допинг контрола беше откриено дека земала хормон за раст.

Окагбаре е освојувач на сребрениот медал во скок во далечина од Пекинг во 2008 година.

Нигеријката беше најбрза во нејзината квалификациска група, но Атлетската единица за интегритет објави дека искусната спортистка, за која ова се четврти олимписки игри, била позитивна на контролата извршена на 19 јули.

Окагбаре нема да има право да настапи на 200 метри или скок во далечина, и нема да може да им помогне на штафетата на својата земја на 4х100 метри.


Арсенал ќе му понуди нов договор на Џака

Раководството на екипата на Арсенал најверојатно ќе му понуди нов договор на Гранит Џака, иако цело лето се шпекулираше дека тој ке го замени Лондон со друга дестинација.

Се очекуваше лондонскиот клуб да го продаде, но трансферот се искомплицира.

Рома беше заинтересирана да го ангажира трајно, но не ги исполни барањата на „топџиите“. Имено тимот од главниот град на Италија понудил 15 милиони за Џака, сума што Арсенал веднаш ја одби.

„Арсенал знае каква е мојата желба. Многу ми е убаво овде во Лондон и би сакал да останам.“ –  изјави Швајцарскиот репрезентативец.


Милевски и официјално селектор на А репрезентацијата

Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија и официјално има нов предводник. Благоја Милевски ја започнува својата ера со А тимот, кој полека ќе почне да размислува за квалификациите за пласман на СП.

Милевски, кој испиша историја со У21 генерацијата и пласманот на ЕУРО во 2017. година, сега треба да го консолидира тимот кој летово дебитираше на сениорските континентални собири.

Се очекуваат повеќе измени во составот, можен е кам бек на играчи кои повеќе години не добиваа шанса од Ангеловски, но се знае дека во дресот на Македонија веќе нема да настапува Горан Пандев, кој се повлече од репрезентацијата.

Македонија во септември ја очекуваат пресметките со Ерменија, Исланд и Романија во квалификациите за СП во Катар.


Мурињо го нуди Флоренци за Перишиќ

Aко им веруваме на италијанските медиуми можно е во овој преоден рок да видиме трампа на реалција Интер – Рома.

Мурињо сака во Рим да го види Иван Перишиќ и според информациите спремен е да го испрати Алесандро Флоренци на „Џузепе Меаца“ за да го доведе Хрватот во Милано.

Рома бара засилување на профил на играч токму каков што е Перишиќ, додека Интер е во потрага по десен бек откако Хакими се пресели во ПСЖ. Затоа оваа понуда би можела да ги заинтересира во Милано.

Неделата која следи се најавува како клучна за оваа зделка.


Ѕвездата од Јамајка е замена за Грилиш во Астон Вила

Леон Бајли е ново засилување за Астон Вила. Бајли неделни наназад беше голема желба на клубот од Бирминген и се очекуваше се да биде завршено, сега тоа и се случи.

Репрезентативецот на Јамајка претходните четири ипол сезони играчи за Баер каде што пристигна во јануари 2017 година од Генк.

Во најсилниот ранг на германскиот фудбал одигра 156 натпревари и постигна 39 голови.

Ќе потсетиме овие денови на големо се шпекулира дека Астон Вила би требало да го продаде Грилиш на Манчестер Сити за 100 милиони евра и сигурно би било најголемата зделка летово на овој клуб.


Лука Станковски наместо во Монца ќе потпише за Брага?

Трансферот на Лука Станковски во Монца дефинитивно пропадна, италијанскиот клуб имаше потврда, но поради некои причини истиот не се реализираше. Сега Станковски се поврзува со нов голем клуб.

Португалската „А’Бола“ пренесува дека за 18 годишниот играч од средниот ред на Работнички интерес покажала Брага.

Во текстот се наведува дека Станковски во Брага би бил замена за Али Мусрати кој ќе замине од португалскиот клуб.

Станковски на мета на европските клубови се најде откако минатата сезона во 26 натпревари за Работнички постигна осум гола и подели пет асистенции.


Бразилецот Давид Луиз ќе стане соиграч на Балотели во Адана

Давид Луиз постигна договор со новајлијата во турската елита Адана Демирспор за 2-годишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона.

34-годишниот Бразилец ќе се пресели во својот нов клуб како слободен агент откако му истече договорот со Арсенал и не му беше продолжен. Минатата сезона, Луиз одигра 30 натпревари со 2 гола во сите натпреварувања за „топџиите“.

Со неговото ангажирање, Адана Демирспор ја продолжува со бројните засилувања откако претходно ги обезбеди услугите на поранешните репрезентативци на Италија и Мароко, Марио Балотели и Јунес Белханда, кои исто така пристигнаа со бесплатни трансфери.


Гигантите го продолжуваат сонот за Суперлигата

Судот во Мадрид ја отфрли денеска жалбата на УЕФА на одлуката да се поништат сите активностите преземени против 12-те клубови основачи на фудбалската Суперлига.

Трите клубови, кои не го напуштија проектот – Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, порачаа преку заедничко соопштение вечерва дека ќе продолжат со развој на Суперлигата.

Задоволни сме што во иднина повеќе нема да бидеме изложени на постојаните закани од УЕФА. Нашата цел е да продолжиме да го развиваме проектот Суперлига на конструктивен и кооперативен начин, секогаш, притоа, сметајќи на сите заинтересирани страни во фудбалот – навивачите, играчите, тренерите, клубовите, првенствата, како и националните и меѓународни асоцијации, порачаа Реал, Барселона и Јувентус во заедничкото соопштение.

Трите клубови ја обвинија УЕФА за монопол во светот на фудбалот, истакнувајќи дека екипите, кои учествуваат во европските купови имаат право да управуваат со своите натпреварувања.

Со одлуката на Трговскиот суд во Мадрид, донесена на 1 јули, за ништовни се прогласуваат дисциплинските мерки на УЕФА, кои беа прифатени од другите девет основачи на Суперлигата.

Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем ги прифатија казните од УЕФА да се откажат од пет отсто од приходите во следната сезона од настапите во еврокуповите, и заеднички да уплатат 15 милиони евра во солидарниот фонд на УЕФА како „гест на добра волја“.


Ериксен нема да игра уште најмалку шест месеци

Кристијан Ериксен наредната недела ќе се врати во Интер да одработи тестови, по кои ќе се знае дали тој повторно ќе заигра за италијанскиот клуб.

Како што стојат работите, тој најверојатно ќе мора да паузира уште минимум шест месеци, дури иако тестовите се добри.

Ериксен минатата сезона му помогна на Интер за првпат по 2010. година да стигне до титулата во Серија А.

Неодамна и директорот на Италијанскиот фудбалски сојуз Франко Браконаро говореше за Ериксен и неговата кариера. Објасни дека данскиот репрезентативец може повторно да заигра во Италија само ако се покаже дека е целосно здрав и доколку му биде отстранет дефибрилаторот кој му е вграден во телото.

„Во овој момент, Ериксен не смее да игра. Ако му биде отстранет ИЦТ уредот и со него е се во ред, тој може да се врати во Интер.“ – вели Браконаро.