фудбал

Рамсдејл „топџија“ до 2028 година

Арсенал денес потврди дека голманот Арон Рамсдејл ставил потпис на нов договор и ја продолжил верноста со клубот од „Емирати“.

Откако ја загубија трката во Премиер лигата, „топџиите“ сега имаат причина за славје бидејќи еден од најважните играчи останува во тимот до 2028 година.

25-годишниот Рамсдејл се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Премиер лигата и ќе биде важна алка за „топџиите“ во наредните години. Добрите партии оваа сезона му донесоа нов договор и значително повисока плата.


Пет кандидати за признанието МВП на Премиер лигата

Англиската Премиер лига на својата официјална веб-страница ги објави имињата на претендентите за титулата најдобар играч во сезоната 2022/2023. На листата на номинирани се најдоа:

Кевин Де Бруин (Манчестер Сити)

Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)

Хари Кејн (Тотенхем)

Мартин Одегард (Арсенал)

Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед)

Букајо Сака (Арсенал)

Киран Трипиер (Њукасл Јунајтед).

Победникот ќе биде одреден со гласање на навивачите и фудбалските стручњаци. Резултатите од гласањето ќе бидат објавени на 27 мај.


Интер ја наполни касата од европскиот успех

Супер-сезоната во Лигата на шампионите и пласманот во финалето ќе го збогати Интер со над 100 милиони евра. „Нероаѕурите“ оваа сезона направија вистинска сензација со пласманот во големото финале и со тоа успеаја значително да ја наполнат касата со бонуси од УЕФА.

Според „газета дело Спорт“, пласманот во финалето на Лигата на шампионите ја донесоа вкупната заработка на Интер од ова натпреварување во висина од 101,1 милиони евра. На таа бројка би се додале уште 4,5 милиони евра доколку го победат Манчестер Сити во финалето.


Стекеленбург објави пензија на 40 години

Голманот на Ајакс, Мартен Стекеленбург ќе се повлече од играњето по завршувањето на актуелната сезона, соопшти клупската прес-служба.

40-годишниот поранешен холандски репрезентативец ќе се прости од навивачите за време на домашниот натпревар од 33. коло против Утрехт на 21 мај. Стекеленбург потекнува од школата на Ајакс. Како дел од клубот од Амстердам четири пати стана шампион на Холандија и го освои националниот Куп.

Голманот во својата кариера настапуваше и за Рома, Евертон, Саутемптон, Фулам и Монако. Мартен Стекеленбург има 63 настапи за репрезентацијата на Холандија. Со составот на „лалињата“ освои сребрен медал на Светското првенство во 2010 година.


Мане се враќа во Англија и потпишува за најголемиот конкурент на Ливерпул

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен сака после само една година да го продаде Садио Мане.

Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн, а после инцидентот во соблекувалната и ударот на Лерој Сане двете страни сакаат да се разделат.

Баварците му соопштиле на неговиот агент дека слободно може да си бара нов клуб, а најсилен интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Њукасл. Мане преферира да се врати во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампиони, па може да се пресели во најголемиот ривал на Ливерпул.


Пелистер се раздели со тренерот Бабунски

Фудбалскиот клуб Пелистер денеска соопшти дека нема да ја продолжи соработката со искусниот стратег, Бобан Бабунски.

„Патиштата на клубот и на Бабунски се разидуваат. Пелистер му се заблагодарува на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му пожелува многу успех во натамошната кариера“, стои во соопштението на Пелистер.


Фирмињо, Кеита, Милнер и Окслејд-Чембрлејн го напуштаат Ливерпул

Фудбалерите Роберто Фирмињо (31), Наби Кеита (28), Џејмс Милнер (37) и Алекс Окслејд-Чембрлејн (29) ќе го напуштат Ливерпул по истекувањето на нивните договори на крајот на сезоната, соопштуваат од премиерлигашот, додека клубот подготвува терен за реконструкција на екипата за идната сезона.

Четворицата играчи беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и му помогнаа на клубот да ја освои својата прва титула во англиската Премиер лига по 30 години во сезоната 2019/20.

„Сите четворица играчи ќе заминат со наша благодарност за придонесот што го дадоа. На Роберто, Наби, Џејмс, Алекс и нивните семејства им посакуваме се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на Ливерпул.


Спалети и Наполи далечни во преговорите за нов договор

Ниту тоа што ја освои титулата и ги врати насмевките во неапол, можеби нема да бидат доволни за Лучијано Спалети да остане на кормилото на Наполи. Во клубот се уште не одлучиле дали договорот ќе му биде продолжен бидејќи има многу отворени прашања меѓу него и претседателството, па првиот човек на клубот Де Лаурентис не сака да избрзува.

Спалети поставил некои суштински услови за да се остане во клубот и следната сезона, а еден од нив е прашањето за продажбата на фудбалерите бидејќи не сака да загуби важен дел од актуелната група иако понудите се можеби неодоливи.


Гигантите од Манчестер го сакаат Алфонсо Дејвис од Баерн

Градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед, ќе се обидат да дојдат до потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, објавија денеска дел од медиумите во Германија.  

22-годишниот лев бек има трансферна цена од околу 70 милиони евра што не претставува проблем за фудбалските гиганти од Англија.  

Канаѓанецот кој може одлично да игра и во фазата на напад има договор со Баварците до 2025 година.


Барса се засилува со ѕвездата на Палмеирас

Барселона размислува за нови засилувања во средниот ред, а една од опциите според последните информации е играчот за врска на Палмеирас, Рафаел Веига.

27-годишниот Бразилец неодамна доби повик во репрезентацијата и настапи во пријателскиот натпревар против Мароко. Наводно во Барселона би можел да се пресели за 15 милиони евра.

За Палмеирас оваа сезона постигна осум гола и додаде 10 асистенции на 23 натпревари. Колку добро се чувствува пред противничкиот гол покажува и податокот дека во последните три сезони во ниту една не постигна помалку од 16 голови, вкупно постигна 67. За Палмеирас Веига игра од 2017 година со исклучок на една сезона која ја помина на позајмица. Со овој клуб освои девет трофеи и има договор до крајот на 2026 година.