фудбал

Мурињо во свој стил му одговори на Касано

Касано го критикуваше Мурињо за неговата работа во Рома, велејќи дека Португалецот и не го интересира фудбалот и тоа да направи нешто важно со римскиот клуб.

Касано е познат по паушалните критики кои не држат вода, па Мурињо го потенцираше токму тоа.

„Секој е слободен да каже што мисли и да критикува. Но кога зборуваме за некои како Касано, тие се поинакви, тој се забавува додека другите работат. Доколку таквите ја критикуваат Рома или Мурињо, не ми е гајле, бидејќи тие само се забавуваат. Касано играше за Рома, Интер и Реал. Во Мадрид го паметат поради неговата јакна, во Рома го освои Суперкупот без да игра, и со Интер не успеа да го освои ниту Ломбардија купот.

Знаете вие што имам јас освоено со Интер, Реал Мадрид и Рома. Тој има проблем со мене, јас немам проблем со него“, заврши Мурињо.


Чупо-Мотинг нема да настапи на првиот дуел против Сити

Напаѓачот на Баерн Минхен, Ерик-Максим Чупо-Мотинг најверојатно ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Средбата е закажана за во вторник. 

Камерунецот беше надвор од терените поради повреда на коленото по натпреварот од Купот на Германија против Фрајбург. 

„Ќе бидеме во трка со времето, иако мислам дека има мали шанси Чупо-Мотинг да ни помогне против Манчестер Сити“, изјави Тухел. 


Лампард: Мојот Челзи знае што сака до крајот на сезоната

Тренерот на Челзи, Френк Лампард, зборуваше за неговиот тим и е уверен дека „сините“ можат да напредуваат.

Од разговорите што ги имав со носителите на одлуки и менаџерите на клубот, сите тие беа навистина позитивни. Тие ми беа многу интересни. Бев на чело на Дерби, Челзи, Евертон, па добив идеја за тоа што мислам дека е клуб кој навистина има визија и сака да оди напред. Станува збор за добри луѓе кои работат во вистинската насока, соработуваат, разговараат и се обидуваат да го најдат вистинскиот пат. Го познавам клубот и мислам дека е позитивно за мене што сум во таа улога сега. Па ќе видиме, изјави Лампард за официјалниот сајт на Челзи.

Челзи го отпушти Греам Потер на крајот на минатата недела. 


Ориги по само една сезона заминува од Милан

Дивок Ориги минатото лето го напушти Ливерпул и се пресели во Милан, но не се снајде баш најдобро во Серија А.

Ориги беше слободе агент и имаше многу понуди, а тој избра да се пресели во Милан, каде требаше да биде големо засилување. Меѓутоа, Ориги главно ја грее клупата за резерви и оваа сезона постигна само два гола, па Милан е спремен да се ослободи од него.

Најсилен интерес за Белгиецот покажуваат Астон Вила и Вест Хем, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Вест Хем дури му нуди размена на Милан, така што на „Сан Сиро“ ќе го испрати Скамака, но „росонерите“ ќе треба да доплатат за Италијацот.


Жорди Алба не сака да си замине од Барселона пред истекот на договорот

Барсeлона сака да се ослободи од Жорди Алба на крајот на сезоната, но тоа нема да биде лесно.

Алба е еден од најплатените фудбалери во тимот, па не сака да си замине од „Камп Ноу“ и сака во целост да го одработи договорот. Раководството на Барселона треба да го намали буџетет за плати за околу 200 милиони евра за да може да регистрира нови фудбалери.

Поради тоа на лето ќе им биде отворена вратата на неколку фудбалери на кои Чави не смета, а Алба е еден од фудбалерите со најголема плата.

Тој има договор со Барса до 2024 година и сака да го одработи до крај, бидејќи за оваа и следната сезона клубот треба да му исплати 38 милиони евра.


Симеоне неизвесен за четвртфиналето против Милан

Наполи со доста маки успеа да победи на „Виа дел Маре“ и се врати на триумфалните патеки во Серија А, но натпреварот против Лече му донесе дополнителни грижи на Лучијано Спалети за следниот меч, кој може да биде еден од најважните оваа сезона.

По тешкиот пораз од Милан во домашното првенство, двата тима сега ќе се соочат во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а првиот дуел се игра на „Сан Сиро“ веќе во среда.

Неизвесен до последен момент за тој меч ќе биде Виктор Осимен, но вчера на повреда се пожали и Џовани Симеоне кој издржа само 16 минути на тревникот.

„Ќе мора претпазливо да процениме што ќе правиме со Симеоне. Прво изгледаше дека има мускулни повреди, потоа со коленото, а сега испадна дека е проблем над коленото. Немаше потреба да се ризикува и затоа го извадив од игра“, изјави Спалети.


Артета го сака капитенот на Феенорд во Арсенал

Арсенал покажува сериозен интерес за турскиот репрезентативец и капитен на Феенорд Оркун Кокчу.

22-годишниот фудбалер за врска играодлично оваа сезона и го води холандскиот гигант кон титулата во Холандија. Тој го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи Кокчу е голема желба на тренерот Артета.

Оркун Кокчу е роден во Холандија, потекнува од младинската школа на Феенорд и досега целата негова кариера ја мина во тој клуб, со 166 настапи, 32 гола и 25 асистенции.

Феенорд сигурно нема лесно да се откаже од него, но Арсенал спрема богата понуда, а самиот фудбалер смета дека сега е идеален момент за чекор напред но кариерата.


Малдини го договорил трансферот на Милинковиќ-Савиќ во Милан

Директорот на Милан, Паоло Малдини има јасна идеја на кои позиции да го засили тимот на лето и веќе работи на нови засилувања.

Познатиот новинар Карло Пелегати, открива дека главна цела за засилување на средниот ред е Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио. Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде, но и неговата цена драстично ќе се намали.

Јувентус и Арсенал веќе подолго време го сакаат Србинот, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.

Малдини имал средба со неговиот агент Матеја Кежман и постигнале начелен договор за 4-годишна соработка според која СМС ќе заработува 5,5 милиони евра по сезона.

Пелегати пренесува дека наскоро Милан ќе стави во контакт со Лацио, а трансферот би требало да изнесува околу 50 милиони евра.


Икарди се предомисли, сега сака да остане во Турција

Аргентинскиот напаѓач на францускиот ПСЖ, Мауро Икарди, кој игра како позајмен во Галатасарај, изрази желба да ја продолжи кариерата во турскиот клуб.

„Навистина сакам да останам во Истанбул. Во ПСЖ играв со најдобрите играчи во светот, но не слушнав ништо за себе. Овде ми е многу поинтересно“, изјави Икарди.

30-годишниот Икарди е под договор со ПСЖ до јуни 2024 година. Фудбалерот оваа сезона одигра 17 натпревари за Галатасарај на кои постигна 10 голови и 7 асистенции. Во договорот меѓу клубовите нема опција за купување на аргентинскиот напаѓач. Трансфермаркт го цени Икарди на 18 милиони евра.


Солскјер пред нов тренерски ангажман

Медиумите во Белгија пренесуваат дека поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер е блиску до тренерското место во Бриж.

51-годишниот тренер е без ангажман од заминувањето од Манчестер Јунајтед во ноември 2021.година. Претходниве месеци Солскјер беше поврзуван со тренерската позиција во неколку премиерлигашки клубови. Тој пред да го води тимот од Олд Трафорд  беше тренер на Молде и Кардиф.

Информациите велат дека Солскјер со актуелниот шампион на Белгија ќе потпише договор до јуни 2024.година со опција за уште една сезона.