фудбал

СП 2030 ќе се игра на два континенти?!

Кратко по завршувањето на Европското првенство кое се играше во 11 различни градови и се покажа како неуспешно, со оглед на тоа што и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека никогаш повеќе нема да игра во таков формат.

Сепак, ФИФА може да донесе уште „почудна“ одлука. Имено, британски „Атлетик“ пренесува дека се разгледува можноста за организирање на Светскиот куп на два различни континенти, односно дека Италија и Саудиска Арабија ќе бидат домаќини на турнирот во 2030. година.

Патем, од Светското првенство во 2026 година ќе можат да учествуваат 48 репрезентации. За потсетување, следниот Мундијал ќе се игра во Катар, додека во 2026 година ќе се игра во Канада, Мексико и САД.


Терим стои меѓу трансфер на Алиоски во Галатасарај

Дел од турските медуми објавија дека Езџан Алиоски и Галатасарај постигнале договор и соработката би требало да биде официјализирана во наредните денови.

Иако вчера сите турски медиуми објавија дека Алиоски и Галатасарај ги договорија сите детали, последните информации се дека преговорите се стопирани.

Причина за тоа е тренерот Фатих Терим, кој наводно го стопирал трансферот бидејќи смета дека македонскиот репрезентативец ќе биде голем финансиски товар за клубот.

Алиоски е слободен агент, а во Галатасарај треба да заработува 2,2 милиони во наредните четири години.


ПСЖ му нуди поголема плата само за да го задржи Мбапе во Париз

ПСЖ се уште се обидува да го задржи напаѓачот Килијан Мбапе, чиј договор истекува следното лето.

Според „Марка“, клубот е подготвен да му понуди на 22-годишниот фудбалер исклучително профитабилна зделка, според која тој ќе заработи колку што заработува и неговиот партнер во нападот Нејмар.

Според неофицијални податоци, Бразилецот добива 30 милиони евра годишно по оданочување и без бонуси. Во исто време, Мбапе сè уште верува дека треба да го напушти ПСЖ. Французинот верува дека нема да може да ги реализира сите свои амбиции во овој тим. Во овој случај, парите играат споредна улога за Килијан.

Мбапе игра за ПСЖ од 2017 година, а претходно ги бранеше боите на Монако. Во последната сезона на шампионатот на Франција, напаѓачот учествуваше на 31 натпревар, постигна 27 погодоци и седум асистенции.


ФИФА жестоко казни италијански прволигаш!

ФИФА го казни италијанскиот прволигаш Специја со забрана за доведување на играч во наредните четири трансфер периоди, започнувајќи од јануари наредната година, поради кршење на правилата поврзани со доведување на малолетни играчи. Специја исто така е казнета и со 500 илјади швајцарски франци.

Казната следеше по доведувањето на неколку малолетни играчи од Нигерија, со што е прекршен членот 19 од правилникот за трансфери.

Од Специја, која претходно годинава доби нови американски сопственици, најавија жалба.

„Изненадени сме од ваквата одлука на ФИФА. Новите сопственици немаа никаква улога во спорните трансфери. Ќе ги преземеме сите мерки како нашиот клуб би останал компетитивен и во наредните сезони.“ – објави претседателот на клубот, Филип Рејмонд Платек Јуниор.


УЕФА ги одреди домаќините на следните финалиња на ЛШ и ЛЕ

Истанбул, каде требаше да се одржи овогодинешното финале во Лигата на шампионите, ќе биде домаќин на трофејниот натпревар во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во 2023 година.

УЕФА го објави ова денес, со што ја обештети турската метропола за фактот дека финалето беше преместено во Порто во мај оваа година, бидејќи беше скоро невозможно англиските навивачи на Челзи и Манчестер Сити да патуваат во Турција.

Следните четири финалиња во Лигата на шампионите ќе се одржат во Санкт Петербург, Истанбул, Лондон и Минхен.


Англичанецот Лингард е последна желба на Симеоне во Атлетико

Џеси Лингард одигра фантастично минатата сезона откако го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Вест Хем.

Одличните игри на 28-годишниот офанзивен фудбалер не останаа незабележани, па според информациите на медиумите од Островот интерес за него покажуваат Атлетико Мадрид и Милан.

Лингард има договор со Манчестер Јунајтед на уште една година, и се врати на „Олд Трафорд“ бидејќи Вест Хем не беше во можност да го откупи неговиот договор.

Челните луѓе на Јунајтед поставиле цена од 30 милиони евра, а Атлетико Мадрид е спремен да ја плати оваа сума.

„Јорганџиите“ наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент и ќе започнат преговори.


Рамос: Нејмар ме убеди да дојдам во ПСЖ

Шпанскиот фудбалер, Серхио Рамос, кој влезе во трениг процес со ПСЖ, изјави дека Нејмар го убедил да се пресели во редовите на францускиот состав.

„Со Нејмар контактираме  шест-седум години иако тој играше за Барса а јас за Реал. Истото се однесува и за Ди Марија и Кејлор Навас со кои останавме пријатели откако си заминаа од Реал. Искрено, Нејмар ме убеди да дојдам тука.  Воедно, Леонардо и Ал Келаифи ме запознаа дека имаат фантастичен проект“, изјави долгогодишниот капитен на „кралевите“ кој сега ќе биде во ѕвездениот тим на ПСЖ.


Наумче Мојсовски ги прими архитектите на фудбалското чудо: Ангеловски и Пандев

Капитенот на фудбалската репрезентација, Горан Пандев и поранешниот селектор, Игор Ангеловски, имаа прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, кој им додели благодарници за досегашните успеси и за сите позитивни емоции кои ги предизвикаа кај целокупната нација со настапот на ЕП.

„Европското е голем успех за секоја репрезентација особено за нашата. И покрај големите остварувања во мојата долгогодишна фудбалска кариера, за мене настапот на европско првенство со мојата репрезентација е моментот кој го чекав сите овие години“, истакна Пандев.

„Тимот докажа дека кога има разбирање има и успех. Покажавме дека сме мала земја со големо срце“, истакна Ангеловски.


Мбапе во Реал, ПСЖ ќе го замени со Роналдо?!

Шпанска „Марка“ објави текст во кој ја анализира ситуацијата околу Килијан Мбапе. Како што наведува угледниот весник, во Реал тој е главна тема веќе неколку месеци, а на ПСЖ му е јасно дека младата ѕвезда сака да замине.

Марка пишува и дека Мбапе тоа му го потврдил на раководството на клубот, иако ти се подготвени да му понудат огромен договор, каков не може да му даде никој друг. Исто така, францускиот напаѓач е во одлични односи со тренерот Маурисио Покетино, па во Париз се надеваат дека тоа би го натерало да остане, но засега нема такви назнаки.

За Мбапе во моментот парите не се најважни, смета дека во ПСЖ не може да ги исполни сите свои амбиции и затоа сака да замине, пишува Марка.

Ако ПСЖ се одлучи за продажба, Реал чека и е подготвен да го доведе, а самиот Мбапе би сакал да премине во Мадрид. ПСЖ во тој случај ќе се обиде да го замени со Кристијано Роналдо.


Англичаните апсат за расизам врз фудбалските репрезентативци

Во Англија се уапсени пет лица поради расистички навреди на англиските репрезентативци после финалето на Европското првенство, кое „Гордиот Албион“ претрпе пораз на пенали од Италија.

Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо, кои не беа прецизни во пенал серијата се најдоа на мета од расистички навреди на социјалните мрежи. Стотици луѓе отишле предалеку и покрај пораки на социјалните мрежи на фудбалерите им се јавувале на телефон, упатувајќи им закани.

„Ако утврдиме дека зад сево ова стои злосторство ќе мора лицата да се соочат со сериозни последици“, рече началникот Марк Робертс, кој најави дополнителна истрага за целиот случај.

Зад тројцата фудбалери застана целата англиска јавност, која покажа решителност за ставање точка на навредите на расна основа.