Рафа Маркез се врати во Каталонија и ја презеде втората екипа на Барса
Барселона го објави назначувањето на Рафаел Маркез за нов тренер на вториот тим на Каталонците.
43-годишниот Мексиканец потпиша двегодишен договор со каталонскиот клуб. Минатата сезона Барселона Б под водство на Серхи Бархуан заврши на 8-то место во 3-та дивизија.
Маркез е легенда на клубот, кој играше на „Камп Ноу“ од 2003 до 2010 година.
Кристијан Ериксен е нов играч на Манчестер Јунајтед
Данецот Кристијан Ериксен и официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, потврди англискиот клуб.
Ериксен со тимот од Олд Трафорд потпиша договор до 2025 година. Тој во последните шест месеци настапуваше за Брентфорд каде пристигна од Интер.
Данецот го напушти Милано после инфарктот кој го доживеа на Европското првенство минатата година.
Марез го продолжи договорот со Манчестер Сити
Фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез, го продолжи договорот со клубот на уште две години.
Со новиот договор, Марез ќе остане во Сити до 2025 година. Тој стана еден од главните играчи во екипата водена од Пеп Гвардиола откако во 2018 пристигна од Лестер.
За четири сезони во Сити, 31-годишниот алжирски репрезентативец освои три шампионски титули во Премиер лигата, еден ФА куп, и три Лига купа.
Реал Мадрид не го продолжува договорот со Асенсио
Шпанскиот весник Марка објавува дека Реал Мадрид нема намера да го продолжи договорот со Марко Асенсио.
Според информациите постои веројатност кралскиот клуб да го продаде Асенсио до крајот на летниот преоден рок бидејќи неговиот договор има важност до следното лето.
Претходно интерес за Марко Асенсио постоеше од шампионот на Серија А, Милан, како и од екипите на Њукасл и Арсенал.
Волвс го продава Адама Траоре за само 10 милиони евра
Вулверхемптон е подготвен да го продаде крилниот напаѓач Адама Траоре за скромна сума од 10 милиони фунти. 26-годишниот фудбалер минатата сезона ја мина на позајмица во Барселона, но не успеа да ги убеди Каталонците да ги откупат неговите права. Тој сега се врати во „Молину“, но во оваа фаза се чини дека тој не е дел од плановите на менаџерот Бруно Лагер, бидејќи клубот веќе бара купувач за него, според Football Insider.
Интересно, „волците“ платија 18 милиони на Мидлсброу за правата на Траоре во 2018 година, па доколку сега биде продаден за 10 милиони, клубот ќе биде во сериозна загуба.
И самиот Траоре е склон кон трансфер. Проблемот е што тој се надева дека ќе добие понуда од топ клуб, но во оваа фаза шансите тоа да се случи воопшто не изгледаат големи. Во моментов најсериозен интерес за него има од Евертон.
Не е исклучена и опцијата Траоре да остане на „Молину“ и во новата сезона и да го исполни својот договор кој е до летото 2023 година.
Лукаку: Згрешив што отидов во Челзи
Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку изјави дека згрешил што минатото лето го напушти миланскиот тим и прејде во Челзи.
Клубот од Стенфорд Бриџ пред година дена плати 113 милиони евра за голгетерот од Белгија кој сега се врати во Интер на позајмица.
„Оваа сезона ќе биде мој најголем предизвик во кариерата. Минатата година си заминав од Интер и мислам дека направив грешка. Сега сум повторно среќен што го носам овај дрес и верувам дека оваа сезона ќе прикажам одличен фудбал. Интер расте како клуб на светско ниво“, изјави Лукаку.
Белгискиот напаѓач во сезоната 2020/21 за Интер постигна 64 гола на 95 натпревари и даде голем придонес во освојувањето на шампионската титула.
Левандовски и Бернардо Силва на чекор до Барселона
Шпанските медиуми тврдат дека фудбалерот на Баерн Минхен Роберт Левандовски и играчот на Манчестер Сити Бернардо Силва до крајот на идната недела ќе потпишат договор со Барселона.
Според написите во медиумите, преговорите помеѓу Барселона и Баерн тргнале во вистинска насока, и каталонците се убедени дека желбата на Левандовски да заигра за екипата од Камп Ноу ќе му биде исполнета. Неговиот трансфер би изнесувал околу 50 милиони евра.
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Барселона постигнала договор и со Манчестер Сити за трансфер на Португалецот Бернардо Силва кој изразил желба да соработува со тренерот Чави Ернандез. Од Сити за продажба на Силва се очекува да бараат околу 80 милиони евра.
Буфон: Би можел да се пензионирам со 55 години
Италијанските медиуми пренесуваат дека легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон изјави дека уште не размислува за заминување во пензија, бидејќи планира да брани за Парма најмалку до 2024 година.
44-годишниот Буфон својата кариера ја започна во Парма, а потоа бранеше за Јувентус и ПСЖ, за минатата година да се врати во својот матичен клуб. Тој има договор со Парма до јуни 2024 година.
„Би можел да се пензионирам со 55 години. Поминав десет години во Парма и 20 во Јувентус. Веќе десет години размислувам за пензионирање но сеуште продолжувам со бранење“, вели Буфон кој додава дека по завршувањето на играчката кариера најверојатно ќе остане во фудбалот.
Фабрегас ќе игра за второлигашот Комо
Искусниот шпански интернационалец Сеск Фабрегас од наредната сезона ќе игра во италијанската Серија Б, за тимот на Комо.
Фабрегас кој е поранешен играч на Арсенал, Челзи, Барселона и Монако, се реши на овај изненадувачки чекор после убедувањето од поранешниот играч на Челзи, Денис Вајс кој во моментот е претседател на Комо.
Шпанскиот фудбалер во Комо пристигнува како слободен агент откако му истече договорот со Монако.
Супер засилување за Бетис, го договори Хусем Ауат од Лион
Фудбалерот на Лион, Хусем Ауар веќе неколку сезони се шпекулира дека ќе го напушти својот сегашен клуб, за конечно, ова лето да се реализира неговото заминување.
Реал Бетис е тимот кој е на чекор до постигнување на согласност за неговиот трансфер, откако начелно, Лион ја прифатил понудата на Шпанците за потписот на Ауар.
Засега нема детали од понудената соработка, но според најавата на француските медиуми Ауар ќе му се приклучи на својот некогашен соиграч Набил Фекир во наредните неколку денови, откако ќе го мине задолжителните лекарски прегледи.