фудбал

Месут Озил замина во фудбалска пензија

Германскиот фудбалер со турско потекло Месут Озил се пензионира во дресот на Башакшехир од Истанбул.

36-годишниот Озил одлучи да се пензионира после успешната кариера која ја започна во Шалке.

„Внимателно ја разгледав оваа опција и одлучив да се повлечам од професионалниот фудбал. Имав привилегија да бидам професионален фудбалер скоро 17 години сум благодарен на таа прилика. Последниве недели и месеци откако претрпев одредени повреди, стана јасно дека е време да ја напуштам фудбалската сцена“, порача Озил.

Поранешниот германски репрезентативец во кариерата настапуваше за Вердер, Реал Мадрид, Арсенал, Фенербахче и Башакшехир каде пристигна минатата година. Во тековната сезона одигра само 187 минути, а последниот натпревар му беше на 2.февруари против Кајзери.


Милан го враќа Матео Ковачиќ во Серија А

Милан покажува силен интерес за хрватскиот репрезентативец, Матео Ковачиќ. Според најавите „сините“ се спремни да го пуштат 28 годишниот Ковачиќ на кого договорот му истекува следното лето, па ова ќе биде последна шанса за продажба.

Челзи го купи Енцо Фернандез во јануари, па јасно е дека минутажата на Ковачиќ додатно ќе се намали, па и тој е спремен да ја промени средината.

Ковачиќ сака да се врати во Серија А, а Малдини веќе имал средба со неговиот агент и почнал преговори.


Барса ќе го врати Обамејанг за следната сезона

Барселона ќе се обиде да го врати во своите редови поранешниот напаѓач на тимот Пјер-Емерик Обамејанг. Репрезентативецот на Габон најверојатно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ на лето и се претпоставува дека потоа ќе се врати во својот поранешен клуб. Каталонците внимателно ја следат ситуацијата и се надеваат дека ќе можат да го доведат 33-годишниот напаѓач со слободен трансфер.

Обамејанг се пресели во Лондон летото на инсистирање на Томас Тухел. Само пет дена подоцна, сепак, германскиот тренер беше разрешен од функцијата. Напаѓачот последен пат постигна гол за Челзи на 11 октомври минатата година и нема играно од 26 февруари.

Поради финансиските проблеми, Каталонците на лето главно ќе бараат слободни трансфери со што би ги засилиле своите редови. Во моментов Барселона и Обамејанг се во одлични односи. 33-годишниот фудбалер во живо ја следеше победата на Каталонците против Реал Мадрид на натпреварот помеѓу двата тима од 26. коло од Ла Лига одигран минатиот викенд.


Јуве се предомисли, Рабио преговара за нов договор со „старата дама“

Иднината на Адриен Рабио во Јувентус е неизвесна, но раководството на „старата дама“ ќе направи се за да го задржи Французинот.

Французинот има договор со Јувентус до крајот на сезоната, па иако се меташе дека сигурно ќе замине, сепак работите се променија после одличната сезона.

Рабио ја игра најдобрата сезона откако е во Торино, па Јувентус реши да му понуди нов договор и тоа со повисока плата, односно 10 милиони евра по сезона.

Со тоа Рабио би станал најплатен фудбалер во тимот, меѓутоа, медиумите тврдат дека неговото останување зависи од фактот дека „бјанконерите“ ќе играат во Лигата на шампиони.


Проведел се повреди, нема да брани за „аѕурите“ против Англија и Малта

Голманот на Лацио, Иван Проведел, нема да биде во можност да настапи на воведните натпревари на Италија од квалификацискиот циклус за ЕП 2024, кој започнува оваа недела. 29-годишниот играч на Лацио е во врвна форма и настапи на 27 натпревари на неговиот тим во Серија А оваа сезона, при што прими 16 голови.

Минатиот викенд го одигра и градското дерби против Рома кое го доби Лацио со минимални 1:0. Сепак, тој беше принуден да ја напушти селекцијата на Роберто Манчини поради ненадејна болест од грип.

На негово место ќе дојде Марко Карнезеки од Кремонезе, пренесуваат италијанските медиуми. Тој беше во камп со селекцијата на Италија до 21 година во Рим, но мораше да отпатува за Фиренца вчера попладне поради лошите временски услови за да се приклучи на А селекцијата во базата во Коверчиано.

Италија ги започнува квалификациите за Евро 2024 со натпревар против Англија во реприза на финалето на ЕП 2021 година, а три дена подоцна избраниците на Роберто Манчини патуваат на југ за да гостуваат кај Малта.


Халанд има повреда на препоните, нема да настапи против Шпанија и Грузија

Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд ќе мора да паузира откако се повредил на првиот ден од подготовките со селекцијата на Норвешка.

Скандинавците во наредните денови ги  чекаат квалификациски натпревари за Европското првенство. Мечот против Шпанија е на 25-ти додека три дена подоцна ќе играат со Грузија.

„Халанд се врати во Манчестер за да започне терапија и лечење под надзор на докторите од клубот“, соопштија од репрезентацијата на Норвешка.


Малдини има три опции за напаѓач за следната сезона

Приоритет на Милан на крајот на сезоната ќе биде доведување на врвен напаѓач, пренесуваат италијанските медиуми.

Жиру е во поодминати години, Ориги има проблем со повреди, па Малдини сака да доведе млад и перскептивен напаѓач. Главна цел е младиот напаѓач на Салцбург, Ноа Окафор, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти. Ѕвездата на Лил, Џонатан Дејвид, исто така влезе во плановите на Малдини.

Третото име на списокот е младиот напаѓач на Ајакс, Мохамед Кудус, кој игра уште една одлична сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ на лето ќе имаат буџет од 50 милиони евра само нов напаѓач.


Адебајор стави крај на фудбалската кариера

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Того, Емануел Адебајор соопшти дека става крај на својата играчка кариера.

Адебајор објавата за крај на кариерата ја соопшти на својот Инстаграм профил.

-Мојата кариера беше неверојатно патување. Му благодарам на навивачите што беа со мене на секој мој чекор. Возбуден сум за она што следува во иднина- стои во објавата на Адебајор.

39-годишниот сега поранешен фудбалер  својата кариера ја започна во Мец, а потоа настапуваше за Монако, Арсенал, Манчестер Сити, Реал, Тотенхем, Кристал Палас, Башакшехир, Kајзери, Олимпија и Семаси.

За репрезентацијата на Того има одиграно 85 натпревари и постигна 32 гола. Адебајор во 2008.година беше прогласен за најдобар африкански фудбалер


Рој Хоџсон е нов тренер на Кристал Палас

Поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон, е назначен за нов тренер на Кристал Палас. Тој ќе го води премиерлигашот од Лондон до крајот на сезоната.

75-годишниот тренер и претходно го водеше Кристал Палас, во периодот од 2017. до 2021.година. Хоџсон меѓу другото беше и селектор на фудбалските репрезентации на Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и Финска. а селектор на Англија беше од 2012. до 2016. година.

Во клупскиот фудбал, Хоџсон беше тренер на Интер, Блекбурн, Фулам, Ливерпул, ВБА и Ватфорд. Кристал Палас пред неколку дена го промени тренерот Патрик Виера, поради серијата на лоши резултати.


Барса и Милан го сакаат новопечениот репрезентативец на Србија

Лазар Самарџиќ игра одлично во дресот на Удинезе и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

21-годишниот офанзивен играч за врска е роден во Германија, но има српски корени и избра да игра за српската репрезентација. Тој игра одлично во Серија А, а најсилен интерес за неговите услуги покажуваат Барселона и Милан.

Самарџиќ покажа дека е еден од најталентираните играчи во Серија А, па Удинезе сигурно нема да го пушти за сума помала од 20 милиони евра.