фудбал

Јувентус со понуда за Закарија

Од фудбалскиот клуб Јувентус, подготвуваат уште едно засилување во зимскиот период. Клубот од Торионо веќе испратил понуда за доведување на Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах.

Захарија е играч од средината на теренот и би претставувал одлично засилување на тимот доколку истиот го напуштат Дејан Кулушевски и Родриго Бетанкур.

Швајцарецот ја игра последната сезона од договорот со Менхенгладбах и Јувентус веќе испратил понуда во висина од 5 милиони евра, плус 2 милиони во бонуси.

Се очекува дека германскит бундеслигаш ќе ја прифати понудата од Јуве бидејќи само на овој начин финансиски би заработиле пред неговото заминување како слободен играч на лето.

За Закарија интерес покажуваат и од Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.


Фиорентина донесе замена за Влаховиќ

Калчолигашот Фиорентина официјално го потврди доаѓањето на напаѓачот Артур Кабрал.

23-годишниот Бразилец, пристигна во редовите на Фиорентина од екипата на Базел за 14,5 милиони евра.

Со Кабрал, популарните „виолетови“ ја пополнија празнината во шпицот на нападот по заминувањето на Србинот Влаховиќ во Јувентус.


Очајнички обид Арсенал да купи напаѓач, изборот паѓа меѓу Исак и Давид

Арсенал се обидува да привлече напаѓач пред затворањето на преодниот рок, но тоа се покажува како тешка задача. Лондончани бараат замена за Пјер-Емерик Обамејанг, но во исто време се обидуваат да се разделат со него – нешто што исто така е нејасно дали ќе можат да го сторат до понеделник.

Нивната главна цел беше напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, но тој одбра да се пресели во Јувентус. По овој неуспех, Арсенал сега мора да се насочи кон некој друг напаѓач. Обидот на Арсенал да го ангажира играчот на Реал Сосиедад, Александар Исак, исто така наиде на проблем, бидејќи Шпанците им рекоа дека мора да платат клаузула од 90 милиони евра за да го добијат напаѓачот. Нивните последни надежи се во напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.

Сепак, францускиот клуб не сака сега да се раздели со него, туку да почека до летото. Други опции за Арсенал се Доминик Калверт-Левин од Евертон, напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен и Оли Воткинс од Астон Вила. Ниту еден клуб не би се разделил со главен играч во зима без да најде замена, а времето истекува.


Тотенхем во преговори за ангажман на Дејан Кулушевски

Екипата на премиерлигашот Тотенхем, е во директен контакт со управата на Јувентус.

Цел на разговорите е Швеѓанецот со македонски корени, Дејан Кулушевски, кој Тотенхем предводен од Антони Конте сака да го земе на позајмица со право на откуп на крајот од сезоната.

Меѓутоа од Јувентус инсистираат дека лондонскиот клуб ќе мора да ја плати откупната клаузула која стои во договорот со Кулушевски, ако сакаат тој да прејде во Тотенхем.


Нејмар започна со тренинзи, се бори со времето да заигра против Реал

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар почнал повторно да трча, а опоравувањето ќе го продолжи на теренот, официјално соопштија од клубот.

„Нејмар денес повторно почна да трча и започна со новата фаза на опоравувањето“, пишува во соопштението.

Не е најавено кога бразилскиот фудбалер би можел да се врати во тимот. Како што пренесуваат медиумите во ПСЖ се надеваат дека ќе биде спремен за дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите кој е на програмата на 15-ти февруари.

Ќе потсетиме, Нејмар се повреди во финишот од натпреварот со Сент Етјен на 28 ноември.


Меси со тешки симптоми го совладал коронавирусот

Лионел Меси го надминал тешко Ковид-19, со кој се заразил на крајот на минатата година. Ова го споделил во разговор со селекторот на Аргентина Лионел Скалони.

„Разговаравме и тој ми кажа дека коронавирусот многу го погодил“, откри тренерот на прес-конференција.

Самиот освојувач на „Златната топка“ не изнесе вакви детали за пошироката јавност, признавајќи само дека му требало подолго време да се опорави од очекуваното.

Лео пропушти три натпревари за ПСЖ, а потоа се врати минатиот викенд, влегувајќи како замена во победата над Ремс од 4-0.

Сепак, тој доби пауза од репрезентацијата и нема да игра во следните квалификации.


Николо Барела од Интер ги пропушта дуелите со Ливерпул во Лига на шампиони

Играчот за врска на Интер, Николо Барела е суспендиран на два меча од УЕФА, поради црвениот картон против Реал Мадрид од последниот натпревар во групната фаза од ЛШ.

Ова значи дека репрезентативецот на Италија, ќе ги пропушти двата натпревари од осминафиналето против екипата на Ливерпул.

Ова сигурно е лоша вест за тренерот Симоне Инзаги, кој ќе мора да смисли нова тактика за средниот ред на екипата пред натпреварите на Сан Сиро и реваншот на Енфилд.


Бившиот претседател на Барселона, Бартомеу под истрага на обвинителството

Обвинителството во Барселона покрена официјална истрага против раководсвото на фудбалскиот клуб Барселона, предводено од тогашниот председател Бартомеу кој поднесе оставка во октомври 2020 година.

Истрагата е иницирана од актуелното раководство на клубот и новиот претседател, Жоан Лапорта во март минатата година, кога тие изразија сомневање за неправилно финасиско работење од претходните челници.

По ревизијата на новиот претседател, Барселона беше во состојба на банкрот со долгови и обврски за плаќање од околу 1,35 милијарди евра. Клубот ја заврши сезоната 2020-2021 со нето загуба од 481 милион евра.

Одделот за економски криминал мора да утврди дали поранешното раководство може да биде кривично гонето за состојбата на клубот.


Сити му нуди нов договор на Рахим Стерлинг

Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити наскоро ќе седнат на маса со Рахим Стирлинг за нов договор.

„Граѓаните“ сакаат да го решат проблемот бидејќи актуелниот му истекува за една година. Иднината на 27-годишниот играч беше нејасна откако го загуби стартното место во почетокот на сезоната.

За Стирлинг се заинтересирани Барселона, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Самиот играч има желба да замине во странство пред крајот на кариерата.


Сампдорија се засили со Стефано Сенси од Интер

Фудбалскиот клуб Сампдорија официјално го официјализира доаѓањето на играчот од средниот ред на Интер, Стефано Сенси. 

26-годишниот фудбалер во клубот од Џенова пристигнува на позајмица до крајот на сезоната, како би имал повеќе минутажа на теренот и враќање во посакуваната форма. Тој претходно успешно ги помина лекарските прегледи и стави потпис на договорот со Сампдорија.

Сенси има 8 натпревари за репрезентацијата на Италија, а од почетокот на сезоната одигра 12 натпревари со екипата на Интер. Тој пропушти седум натпревари на почетокот на сезоната бидејќи се опоравуваше од повреда, а по опоравувањето никогаш не успеа да се пробие во тимот предводен од тренерот Симоне Инзаги.