фудбал

Јувентус и Барселона со официјални понуди за Обамејанг

Екипите на Јувентус и Барселона имаат сериозни намери за доведување на Пјер Емерик Обамејанг на позајмица оваа зима.

Двата клуба веќе испратиле официјални понуди до Арсенал за ангажирање на напаѓачот од Габон. Како најголем проблем за доведување на фудбалерот претставува висината на неговата плата која изнесува 350 илјади фунти неделно.

Напаѓачот во моментот не е во плановите на тренерот Артета кој не го повика на припремите на клубот во Дубаи.

Освен Од Јувентус и Барселона, интерес за Обамејанг покажуваа и екипите на Милан и ПСЖ, како и два клуба од Саудијска Арабија, Ал Наср и Ал Хилал.


Баерн Минхен со најногу продадени дресови во 2021 година

Според истражувањето на агенцијата Еуромерика Спорт Маркетинг, која е официјален партнер на ФИФА, екипата на Баерн Минхен во 2021 година продала 3 милиони и 250 илјади фудбалски дресови, со што го држи првото место во светски рамки.

На второ место се наоѓа најтрофејниот клуб на светот, Реал Мадрид со бројка од 3 милиони и 50 илјади дреса, додека на третата позиција е Ливерпул со 2 милиони и 450 илјади.

Топ 10 клубови по продажба на дресови во 2021 година

  1. Баерн Минхен – 3.250.000
  2. Реал Мадрид – 3.050.000
  3. Ливерпул – 2.450.000
  4. Манчестер Јунајтед – 1.950.000
  5. Јувентус – 1.420.00
  6. Барселона – 1.340.000
  7. Челзи – 1.310.000
  8. Борусија Дортмунд – 1.222.000
  9. ПСЖ – 1.180.000
  10. Манчестер Сити – 1.087.000

Ливерпул пред официјален договор со Луиз Дијаз

Спред најновите информации, екипата на Ливерпул испрати официјална понуда до Порто, за крилниот напаѓач, Луис Дијаз.

Понудата е во висина од 40 милиони евра, плус 25 милиони во бонуси. Се очекува понудата да биде прифатена и играчот да ги заврши медицинските прегледи во наредните 2-3 дена.

Дијаз претходно се поврзуваше и со трансфер во Тотенхем, но изгледа дека Јирген Клоп и Ливерпул беа побрзи и имаа поконкретна понуда.

Играчот од Колумбија, оваа сезона во дресот на Порто постигна 14 гола на 18 натпревари.


Калум Чемберс потпиша за Астон Вила

Астон Вила продолжува со својата политика на засилувања. Уште едно сериозно име кое пристигна на Вила Парк е дефанзивецот на Арсенал, Калум Чемберс.

Договорот меѓу двата клуба е веќе факт, откко 27-годишниот дефанзивец потпиша договор со тимот од Бирмингем за следните три и пол години. Сепак, не ја соопштија вредноста на трансферот.

„Астон Вила е среќна што може да го објави ангажирањето на Калум Чемберс од Арсенал. Разновидниот дефанзивец може да игра и во центарот на одбраната и како десен бек. Тој потпиша договор за следните три и пол години. Чемберс е дете на Саутемптон, по кој се пресели во Арсенал во 2014 година. Тој исто така има два периоди на позајмица во Мидлзброу и Фулам“, се вели во најавата.

Ова е четврти нов играч во клубот во текот на зимскиот преоден рок, откако на Вила Парк веќе пристигнаа Лукас Дињ, Филипе Кутињо и Робин Олсен.


Вејн Руни го одби Евертон: Имам работа во Дерби Каунти

Легендарниот англиски напаѓач, откри дека ја одбил понудата од екипата на Евертон за позицијата нов тренер на тимот.

Руни изјави дека челниците на неговиот бивш клуб Евертон, ги контактирале неговите менаџери за да му го понудат тренерското место на екипата.

„Од Евертон се обратија до мојот менаџер и го замолија да разговараме за работата. Јас ги одбив бидејќи имам незавршена работа во Дерби Каунти, и тоа ми е најважно во моментов“, истакна 36-годишниот тренер.

Вејн Руни има договор со клубот од Чемпионшип до 2023 година. Во меѓувреме Евертон ги продолжи преговорите со Френк Лапмард и Витор Переира.


Душан Влаховиќ на лекарски прегледи во Торино и потпис со Јувентус

Екипата на Јувентус и офоцијално потврди дека српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ е во Торино, каде ги обавува лекарските прегледи пред неговиот потпис за црно-белите.

Вкупната трансфер сума се очекува да изнесува 150 милиони евра по што Влаховиќ својот 22 роденден ќе го прослави како нов играч на Јувентус.

Според договорот, екс голгетерот на Фиорентина, ќе остане во Јувентус наредните 4,5 години со нето плата од 7 милиони евра по сезона.


Конте го сака Мароканецот Амрабат од Фиорентина

Тотенхем е подготвен да достави официјална понуда за мароканскиот репрезентативец од екипата на Фиорентина Софијан Амрабат. Разговорите меѓу двата клуба се водат цела недела.

Спарс се подготвени да го ангажираат 25-годишниот фудбалер со опција за купување од 16 милиони евра.

Се зборува дека менаџерот на клубот Антонио Конте е голем фан на Амрабат и сака да го има во својот тим. Фудбалерот од средниот ред моментално е со репрезентацијата на Мароко на Африканскиот куп на нации.


Арсенал се фокусира на Дуглас Луиз од Астон Вила

Отако се дозна дека Арсенал ќе ја пропушти можноста за да потпише договор со играчот на Лион Бруно Гимараеш кој се очекува да биде нов член на Њукасл, популарните „топџии“ сега се фокусираат на Дуглас Луиз од Астон Вила.

Бразилецот од средината на теренот, има договор со Астон Вила до 2023 година, но тренерот на екипата Стивен Џерард не планира преговори за продолжување договорот со 23-годишен играч, па големи се шансите Луиз да ја прифати понудата и да се пресели ви Арсенал. 

Очекуваната сума за реализација на овој трансфер се движи околу 35 милиони евра.


Федерацијата ја одби жалбата на Реал за црвениот картон на Марсело

Реал Мадрид ја загуби жалбата за црвениот картон на Марсело од натпреварот против Елче (2-1) во осминафиналето од Купот на Шпанија. Тоа значи дека санкцијата од три натпревари останува на сила.

Во оваа ситуација, бразилскиот ветеран би можел повторно да игра во ова натпреварување само доколку тимот игра во финалето. Левиот дефанзивец беше исклучен директно поради прекршок над противничкиот играч. Казната за ова е само еден натпревар, но во вербалниот дуел со судијата Марсело му рекол „многу си лош“. Ова му носи санкција на играчот уште два натпревари.

Марсело нема да може да игра во четвртфиналето против Атлетик Билбао по една недела кога ќе се игра еден натпревар. Потоа полуфиналето е во два натпревари, што овозможува учество на дефанзивецот евентуално во финалето, доколку Реал стигне до него.


Црвена Звезда заработи 5 милиони евра, Лазетиќ потпиша за Милан

Милан вчера го потврди трансферот на Марко Лазетиќ, кој доаѓа од Црвена Звезда. 18-годишниот напаѓач потпиша договор со „росонерите“ до 2026 година, а Милан за неговиот потпис на српскиот клуб му плати 5 милиони евра.

Лазетиќ важи за голем талент и ќе игра за првиот тим, а за место во тимот ќе се бори со ветераните Оливие Жиру и Ибрахимовиќ.

Српскиот напаѓач го избра дресот со број 22, кој во минатото го носеше неговиот идол Рикардо Кака.