фудбал

Зошто на ЕУРО не се игра натпревар за бронзен медал?

Европското првенство е единственото големо фудбалско натпреварување каде нема натпревари за бронзен медал.

Оние кои го следат фудбалот знаат дека натпреварот за третото место не се игра на ЕУРО, така што тој натпревар нема да го гледаме ниту оваа година.

Но, во историјата се играа натпревари за трето место, од првото Европско фудбалско првенство во 1960. година во Франција, па се до 1980. година и ЕП во Италија. Сепак, УЕФА потоа го промени форматот на натпреварувањето и ја откажа борбата за третото место, бидејќи навивачите многу слабо го следеа натпреварот и немаше интерес.

На Светското првенство, Копа Америка и Африканскиот куп на нации, овој натпревар обично се игра еден ден пред финалето.



Супер-талентот Кајо Жорге се сели во Серија А

Милан и Јувентус се силно заинтересирани за младата бразилска ѕвезда на Сантош, Кајо Жорге.

Овој 19-годишен напаѓач важи за најголен талент во Бразил, а „Тутоспорт“ открива дека Јувентус и Милан веќе ја започнале битката за негов потпис.

Кајо игра за репрезентацијата на Бразил до 19 години каде на 10 настапи постогна 6 гола. Неговиот договор со Сантош истекува во декември, па затоа неговата цена во моментов е „само“ 10 милиони евра.

Милан и Јувентус веќе започнаа преговори со неговиот агент, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за потписот на младиот Бразилец.



Три премиерлигаши го сакаат Брајтвајт од Барса

Мартин Брајтвајт би можел да се пресели на Островот.

Интерес за Брајтвајт покажуваат Вест Хем, Барнли и Норвич, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат во своите редови.

Данецот беше мета на Вест Хем и минатото лето, меѓутоа тогаш остана „Камп Ноу“, но јасно е дека повеќе за него нема место во Барселона.

Каталонците за неговата слобода бараат 10 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.



Вајналдум најавува дека Холандија ќе напушти терен во случај на расизам во Будимпешта

Жоржињо Вајналдум ја повика УЕФА да преземе посилни мерки против расизмот. Вајналдум се закани дека ќе го напушти теренот во знак на протест доколку стане жртва на расистички навреди од публиката во Арената „Пушкаш“ во Будимпешта за време на неделниот натпревар од осминафиналето на Евро 2020 против Чешка.

„Размислувам внимателно за таков потег. Веќе најавив дека сум подготвен да го напуштам теренот во случај на расизам. Но, тогаш беше лесно затоа што не се соочив со овој проблем. Но, сега си реков, Жоржи, ќе играш во Унгарија, што ќе сториш ако те навредат? Што ќе се случи ако играте против послаба екипа и навивачите на овој тим ве испровоцираат да го напуштите теренот и да го загубите натпреварот?, Прокоментира Вајналдум.

Тој додаде дека одговорноста паѓа на судиите и водечките фактори во УЕФА. „Мислам дека ќе се жалам на судијата, но искрено не сум сигурен каква ќе биде мојата реакција во вакво време. Никогаш не сум бил жртва на расизам и се надевам дека нема да ми се случи , но ако тоа се случи, УЕФА треба да реагира“, рече Вајналдум.



Велешки Борец се подготвува за новата сезона

Фудбалскиот клуб Борец 1919 ги засили своите редови пред почетокот на престојната сезона со неколку нови фудбалери со кои ќе брка успех во домашниот шампионат.

За екипата од Велес во претстојната сезона ќе настапуваат Енсар Љума, Ристе Каракамишев, Александар Ѓорѓиески, Стефан Јакимовски и Кристијан Николов.

Исто така, Борец ги продолжи договорите со Кристијан Ефтимов, Лука Трајкоски, Филип Манасиевски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Азер Омерагиќ, Филип Ристовски, Трајче Трајков.

Раководството на клубот работи на ангажман на уште неколку нови имиња кои ќе бидат објавени по потпишување на договорите.



Шпанските гиганти се „тепаат“ за Фабиан Руиз

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Поради финансиски проблеми Наполи на лето е спремен да ги разгледа понудите за Фабиан Руиз, а најсилен интерес покажуваат шпанските гиганти.

Анчелоти одлично го познава Шпанецот бидејќи тој го донесе во Наполи и сака повторно да соработува со него на „Сантиаго Бернабеу“.


Педри одби нов договор, сака поголема плата од Барселона

Младиот плејмејкер на Барселона, Педри одби да го продолжи договорот со Каталонците, пренесуваат шпанските медиуми.

Актуелниот договор на Педри истекува во 2022 година со опција за продолжување на уште една година. Меѓутоа, играчот и неговиот агент настојуваат на зголемување на платата, а Лапорта тоа го одбива.

Желбата на Педри е да добива иста плата колку Ансу Фати, но Каталонците му понудиле многу помалку. Поради тоа двете страни во моментов се далеку од договор.

18-годишниот Педри одигра одлична сезона со Барселона и заработи повик за шпанската репрезентација на Европското првенство.


Лацио го враќа Лукас Тореира во Серија А

Лацио склучил договор со Арсенал за да го донесе Лукас Тореира како ново засилување во тимот на Маурицио Сари.

Преговорите веќе беа во тек неколку дена, а според последните гласини трансферот може да се смета за завршена работа.

Уругвајскиот репрезентативец оваа сезона ја помина на позајмица кај Атлетико Мадрид и нема намера да се врати во Лондон. Тој забележа само 26 настапи за шампионот во Ла Лига, придонесувајќи со еден гол и една асистенција.

Се очекува Лацио да го позајми со обврска да го купи за околу 15-20 милиони евра следната сезона.


Уште еден тренер го одби Тотенхем!

Наскоро ќе се навршат полни три месеци откако Тотенхем бара наследник за Жозе Мурињо, а во меѓувреме уште еден тренер го одби тој клуб.

Се работи за тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги, на кого Тотенхем наводно нудел „вртоглав“ износ, но тој ја одбил понудата. Таа вест ја изнесе претседателот на шпанскиот клуб, Хозе Кастро.

„Хулен ми се јави и ми кажа. Рече дека имал понуид, но не ги слушал. Тука беше и вртоглавата понуда на Тотенхем. Ми рече дека не заборава и дека е мотивиран овде. Му верувавме и му веруваме, му дадовме нов двегодишен договор и сигурен сум дека ќе донесе уште многу успеси на клубот. Секој ден ги гледаме неговите способност и лидерски вештини. Некои тренери се водат само од економски причини, но Хулен беше дециден и среќен е овде. Рече дека тешко ќе пронајде подобро место за работа.“ – рече Кастро.

Тотенхем претходно се обидуваше да доведе разни тренери, но се уште не успеа во намерата. Пробаа со Маурисио Покетино, Антонио Конте, Пауло Фонсека, Џенаро Гатузо и други бројни стручњаци, а сега на таа листа е додаден и Лопетеги.


Аргентинецот Николас Гонзалез потпиша за Фиорентина

Фиорентина го потврди доаѓањето на крилниот играч на Штутгарт, Никoлас Гонзалес.

Аргентинецот со Фиорентина потпиша договор на пет години според кој ќе заработува 2.7 милиони евра. На германскиот клуб ќе му припаднат 23 милиони евра и уште четири преку разни бонуси.

Брајтон беше сериозно заинтересиран за Гонзалес и овој клуб беше блиску до договор, но на крајот тој ја отфрли можноста да премине во англискиот клуб.

23 годишниот фудбалер минатата сезона одигра 17 натпревари за Штутгарт и постигна шест голови, а подели и две асистенции.