фудбал

Чурлинов пред потпис со Барнли на Винсент Компани

Новинарот Флоријан Плетенбург кој работи за германскиот „Спорт1“ објави дека постигнат е договор за трансфер на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во редовите на Барнли.

Денес во текот на денот беше објавено дека англискиот второлигаш понудил 3.25 милиони евра веднаш и плус 1.25 преку бонуси, но сега е објавено дека е постигнат договор за вкупни пет милиони евра.

Според Плетенбург сите страни се договориле и соработката е прифатена од Барнли, Штутгарт и Чурлинов.

Клучен фактор во трансферот на Чурлинов бил поранешниот капитен Винсент Компани кој сега е стратег на Барнли, тој бил импресиониран од настапите на Македонецот и го смета за големо засилување во целта за враќање во Премиер лигата.


Ерик Баили на излезна врата од Манчестер Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед во никој случај не смеат да бидат задоволни со тоа што го сработи нивниот тим на трансфер пазарот, посебно кога во прашање се новите аквизиции на клубот.

Тен Хаг се ослободи од многу фудбалери кои доста време беа под договор, а или не беа прва опција или воопшто не го прикажуваа тоа поради кое беа донесени.

Сега, се очекува уште еден играч да го напушти „Олд Трафорд“ на перманентна основа. Станува збор за стоперот, Ерик Баили за кого интерес има од многу тимови, но само два пројавиле интерес да го ангажираат перманентно.

Станува збор за Олимпик Марсеј и Монако кои се подготвени да издвојат пари и да го ангажираат Баи. За разлика од овие два тима, интерес за стоперот има и од Вест Хем, Фулам, Севилја, Милан и Рома, но сите тие сакале да го ангажираат на позајмица, нешто што не им одговарало на „ѓаволите“.


Перез демантираше можност Реал да го врати Роналдо

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, брутално ја затвори можноста за повторно враќање на Кристијано Роналдо во Мадрид. Португалската суперѕвезда е дел од Манчестер Јунајтед, но и понатаму се мачи да најде ангажан во некој друг европски гигант.

Роналдо сакаше да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето, што доведе до шпекулации дека тој повторно ќе го облече белиот дрес на Реал. Сепак, и покрај тоа што Роналдо помина неверојатни девет години во шпанската престолнина, Перез се насмеа на прашањето за негово враќање и кусо одговори: „Кристијано? Па, тој има 38 години!“


Бензема и Анчелоти фаворити за наградите на сезоната на УЕФА

УЕФА вчера ги објави кандидатите кои ќе конкурираат за наградата „Играч на годината“, едно име посебно се издвојува.

Карим Бензема дефинитивно е првиот фаворит за оваа награда. Французинот одигра страшна сезона во Реал Мадрид со кој освои три титули – Примера, Лига на шампиони и УЕФА Суперкуп. Покрај Бензема во конкуренција се Тибо Куртоа и Кевин Де Брујнe.

Зад нив подолу на листата сез: Левандовски, Модриќ, Мане, Салах, Винисиус, Ван Дајк, Бернардо Силва, Лоренцо Пелегрини, Трент Александар-Арнолд и Фабињо.

Објавени се и номинациите за тренер на годината: Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Јирген Клоп (Ливерпул). Тука фаворит е стратегот на „кралевите“ поради освоените титули.


Лестер одби да го продаде Весли Фофана

Лестер нема добиено нови понуди за Весли Фофана. Според англиските медиуми, Челси има сериозен интерес за дефанзивецот и „лисиците“ веќе одбиле две понуди од лондончани.

„Пораката до сите во тимот е да се концентрираат на фудбалот. Има многу шпекулации, но тоа не е нешто што влијае на тимот. Весли е многу талентиран играч. Тој знае што мислиме за него. Не сакаме да го продадеме, тоа е клучот. Уште една година во Лестер ќе биде одлична за неговиот развој“, рече менаџерот Брендан Роџерс.

Во сабота „лисиците“ гостуваат кај Арсенал во натпревар од второто коло на шампионатот. Според Роџерс, лондончани многу ја подигнале границата со потпишувањето на Зинченко, Жесус и Виеира.

„За мене, Арсенал е веќе на друго ниво со трите нови засилувања. Тие му даваат самодоверба на тимот и му даваат можности на Микел да игра онака како што сака тимот да игра. Тие добро се подготвија и добро започнаа против Кристал Палас“, прокоментира поранешниот тренер на Ливерпул.


Вернер претставен пак во Лајпциг, периодот во Челзи го остави зад себе

После само две сезони во Челзи, Тимо Вернер го напушти Лондон и повторно ќе го носи дресот на Лајпциг.

На „Стенфорд Бриџ“ Вернер пристигна како големо засилиуање, но и покрај тоа што беше лидер помеѓу стрелците во тимот во првата сезона не ги исполни очекувањата.

Сега по враќањето во Лајпциг зборуваше за неговата ситуација во Челзи.

„Првата година во Челзи беше најуспешната за мене на лично ниво, но секогаш се отсликуваше полоша отколку што беше., Јас бев најдобриот стрелец и ја освоивме Лигата на шампионите. Имав и промашувања, а мислам дека поставив рекорд со ВАР одлуки против мене. Тој рекорд во блиска иднина тешко дека некој ќе го сруши, потоа ја изгубив самодовербата“, изјави Вернер.


Никола Влашиќ позајмен на Торино

Фудбалерот на Вест Хем и хрватски репрезентативец Никола Влашиќ, следната сезона ќе настапува за екипата на Торино како позајмен играч.

Никола Влашиќ во Вест Хем пристигна минатата сезона од ЦСКА Москва за сума од 30 милиони евра, но тој не се снајде баш најдобро во најсилната фудбалска лига.  

Со неговото заминување во Торино, Влашиќ се надева дека ќе ја подобри својата форма и ќе го задржи местото во репрезентацијата на Хрватска за претстојниот Мундијал во Катар.


Трабзоспор се пофали со трансферот на Енис Барди

Енис Барди и официјално е нов член на Трабзонспор. Турскиот тим го промовираше македонскиот репрезентативец, кој го одбра дресот со број 29 во редовите на турскиот првак.

Трабзон за него на Леванте му плати 3 милиони евра, плус бонуси, а барди за 3 сезони ќе заработува по 1,3 милиони евра годишно.

Барди доаѓа во Трабзон од тимот на Леванте, каде мина пет години и имаше успешни настапи.


Вилијан преговара со Фулам за враќање во Премиер лигата

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец е во преговори со тимот на Фулам, и е блиску до враќање во Премиер лигата каде веќе има настапувано за Челзи и Арсенал, пренесуваат медиумите во Англија.

Вилијан е подготвен да се откаже од преостанатите плати во бразилскиот клуб Коринтијанс каде настапуваше претходната сезона, само за да се врати во Англија.

Искусниот 34-годишен фудбалер за репрезентацијата на Бразил одигра 70 натпревари и постигна девет гола.


Стерлинг: Не сакав повеќе да седам на клупа во Сити

Напаѓачот на Челзи, Рахим Стерлинг објасни зошто решил да го напушти Манчестер Сити на лето и да потпише за тимот предводен од менаџерот Томас Тухел. Стерлинг призна дека чувствувал дека го троши своето време поминувајќи значителен дел од натпреварите на клупата на „граѓаните“ и дека трансферот бил неговата единствена опција. Фудбалерот веќе дебитираше за Челзи во победата од 1-0 над Евертон во првото коло од Премиер лигата.

„Трансферот се случи бидејќи мојата минутажа стануваше доста ограничена и не можев да си го дозволам тоа. Затоа ја искористив шансата да се префрлам во друг тим. Се обидов да се борам и да ја сменам ситуацијата, но не успеав“, објасни Рахим Стерлинг.