фудбал

Дибала во искушение по последната понуда од Саудиска Арабија

Италијанските медиуми пренесуваат дека два клуба од Саудиска Арабија се силно заинтересирани за Пауло Дибала.

Дибала има договор со Рома до 2025 година, но би можел уште во јануари да го напушти клубот. Клубовите од Саудиска Арабија нема да жалаат пари за да го доведат во своите редови и му нудат астрономска плата.

Двата клуба се спремни да понуда 35 милиони евра за да го добијат потписот на Дибала, па оостануав да се види како ќе реагира Рома.

„Волчицата“ ќе се обиде да го задржи Аргентинецот на средина од сезоната, но е спремна да го продаде на лето.


Ако ПСЖ остане без Мбапе ќе тргне по Рафаел Леао

ПСЖ е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат италијанските медиуми.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Откако стана јасно дека Мбапе нема да го продолжи договорот и на лето заминува како слободен агент, ПСЖ бара замена за прв избор е Рафа Леао.

Португалецот пред неколку месеци стави потпис на нов договор, но ПСЖ е спремен да испрати понуда која не се одбива.

Имено, „светците“ се спремни да понудат 120 милиони евра за потписот на Португалецот, сума која Милан нема да може да ја одбие.


Интер го продава Хакан Чахланоглу во Премиер лигата?

Хакан Чалханоглу неодамна стави потпис на нов договор со Интер, но на лето би можел да го напушти клубот.

Имено, Тотенхем покажува силен интерес за турскиот репрезентативец и е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис. Интер не сака да се раздели со Чалханоглу, но нема да може да ја одби оваа понуда бидејќи е чиста заработка со оглед на фактот дека играчот пристигна без обештетување.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми, па ова лето го продадоа Андре Онана за истата сума, што исто така беше чиста заработка.

Чалханоглу е отворен за преселба во Премиер лигата, а Тотенхем му нуди многу повисока плата од актуелната.


Митровиќ нема да игра на клучниот натпревар на Србија против Бугарија?

Според последните информации од српските медиуми, Александар Митровиќ нема да настапи на натпреварот против Бугарија во квалификациите за пласман на ЕП.

Натпреварот против Бугарија е последен за Србија во квалификациите и тие не смеат загубат ако сакаат да не се најдат во проблеми, па затоа можеби е и најважен.

Евентуалното отсуство на Митровиќ секако би било проблем за селекторот Пикси. Митровиќ почувствувал болка на еден од тренинзите и ќе го пропушти следниот натпревар на Ал Хилал.

Исто така во натпреварот против Бугарија Србија ќе биде и без поддршка од домашната публика поради казната која ја доби од УЕФА.


Хандановиќ се враќа во Интер, непозната неговата нова функција

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио потврди дека Самир Хандановиќ ќе се врати во клубот, но сега се уште не е јасно каква ќе биде неговатау лога.

Словенецот помина 11 години во Интер пред да стави крај на кариерата. Сега Хандановиќ ќе се врати во клубот и ќе работи во нова улога, но допрва ќе треба да се одлучи во каква улога ќе биде. Според „ТМВ“, Хандановиќ има неколку опции, едната е да биде тренер на младите голмани, другата да работи како скаут и да му помага на тимот.

Истовремено тој ќе учи и да биде директор за во иднина да преземе некоја функција во клубот.


Локатели добива нов договор со Јувентус

Јувентус постигна договор со Мануел Локатели за продолжување на соработката и плејмејкерот наскоро ќе стави потпис.

Локатели во 2021 година пристигна во Јувентус од Сасуоло за 45 милиони евра, но во првите две сезони играше просечно. Оваа сезона Локатели се етаблираше во лидер на средниот ред и е незаменлив во тимот на Алегри.

Јувентус е задоволен од игрите на 25-годишниот Италијанец и понуди нов договор до јуни 2028 година.

Последните информации се дека е постигат начелен договор и Локатели наскоро ќе стави потпис а нов договор со повисока плата.


Луис Енрике: Мбапе ќе освои многу „Златни топки“ во кариерата

Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Луис Енрике, објасни што му треба на Килијан Мбапе за да ја освои наградата  „Златна топка“.

„Покрај неговите одлични индивидуални настапи, мора да освојува трофеи на клупско и национално ниво. Сигурен сум дека ќе освои многу Златни топки“, изјави Енрике.

Мбапе во годинешново рангирање на Франс Фудбал го освои третото место. Наградата заврши по рекорден осми пат во рацете на Лео Меси.


Руни: Многу играчи на Јунајтед не се на нивото на своите настапи

Легендарниот, Вејн Руни, вели дека фудбалерите на Манчестер Јунајтед треба да го намалат притисокот врз тренерот Тен Хаг.

„Јас знаев дека ќе имам многу притисок во Бирмингем а Тен Хаг знаеше што го чека во Манчестер Јунајтед. Играчите се тие кои треба да преземат одговорност. Гледам играчи кои не играат на нивото на кое треба да играат“, вели Руни.


Боатенг ќе потпише краткорочен договор со Баерн

Раководството на Баерн Минхен може да потпише краткорочен договор со поранешниот дефанзивец, Џером Боатенг, пренесува „Билд“.

Причина за тоа е повредата што Матијас Де Лихт ја заработи вчера на мечот со Сарбрикен во Купот. Тој ќе биде надвор од терените во период од четири до шест недели.

Затоа тренерот, Томас Тухел,  нема против  35-годишниот Боатенг времено да биде дел од тимот.


Бразилецот Савио од Џирона е најнова желба на шампионот Барселона

Барселона покажува силен интерес за бразилскиот напаѓач на Џирона, Савио, пренесуваат каталонските медиуми.

19-годишниот талент постигна три гола и 4 асистенции од почетокот на сезоната и го привлече виманието на могу европски клубови. Савио може да игра на сите позиции во нападот, а спортскиот директор на Барселона, Деко многу ги цени неговите квалитети.

Деко е во одлични односи со менаџерот на Савио и верува дека може да ја победи конкуренцијата.

Барселона сака уште во јануари да го договори трансферот и да го остави напаѓачот на позајмица во Џирона најмалку до крајот на сезоната.