фудбал

Израмнет негативниот рекорд на Југославија на ЕП

Со поразот од Холандија од 3:2, Украина го израмни негативниот рекорд од шест порази во низа на Европските првенства.

Украина на тој начин му се придружи на Југославија, која во периодот од 1968. до 1984. година загуби шест натпревари по ред. Најпрво финалето во 1968. од Италија со 2:0, потоа осум години подоцна од Западна Германија 4:2 и Холандија 3:1, а потоа и во групната фаза во 1984. од Белгија 2:0, Данска 5:0 и Франција 3:2.

Украинците на бодови чекаат уште од 2012. година, кога беа домаќини и кога во првото коло ја совладаа Шведска. Потоа беа поразени од Франција, Англија, германија, Северна Ирска, Полска и синоќа од Холандија.

Шанса за прекин на таа низа ќе бараат против нашата репрезентација во четврток.


Верати се враќа за дуелот со Швајцарија

Фудбалерот на ПСЖ и на селекцијата на Италија, Марко Верати, ќе му биде на располагање на селекторот, Роберто Манчини, за мечот против Швајцарија закажан за в среда во рамките на 2 коло во групата А на ЕП.

„Газета дело спор“ денеска објави, дека играчот од средниот ред кој поради повреда на коленото го пропушти воведниот натпревар против Турција кој им припадна на „аѕурите“ со 3-0, најверојатно ќе биде на клупата.

Во исто време,  Мануел Локатели, Николо Барела и Жоржињо, се очекува да започнат против Швајцарија додека десниот бек, Алесандро Флоренци ќе го пропушти вториот натпревар во групата. Неговото место ќе го добие Џовани ди Лоренцо.


Поради КОВИД-19, Кансело го пропушта ЕУРО, позната неговата замена

Жоао Кансело денес ги дозна непријатните вести кои може да ги слушне еден фудбалер во моментот. Дефанзивецот на Португалската репрезентација и член на Манчестер Сити е позитивен на КОВИД-19, и за него Европското првенство заврши уште пред првиот натпревар, потврди Фудбалскиот сојуз на Португалија.

Замената е исто така позната. На местото на Кансело ќе се најде Диого Далот, фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој сезоната ја помина на позајмица во Милан, а десното крило веќе играше на Европскиот младински национален шампионат. Младиот дефанзивец со португалската репрезентација „У21“ освои сребро.

Првиот натпревар Португалија го игра во групата Ф на Европското првенство во вторник од 18. часот против Унгарија.


Ериксен ја завршува фудбалската кариера

Санџај Шарма, кој е на врвот на листата на спортските кардиолози во светот и сигурно најпознат во Англија, упати загрижувачки вести за кариерата на Ериксен кој вчера колабираше на натпреварот против Финска.

„Ова момче имало нормални тестови се до 2019 година, и сега како да го објасниме срцевото запирање? Добра вест е што е жив, лоша вест е што се доближува кон крајот на кариерата. Дали ќе игра повторно професионално фудбал? Не можам да кажам, но со сигурност не би можел да игра во Англија. Ние сме многу строги околу тоа. Фактот што е стабилен и буден е одлична вест. Не знам дали некогаш повторно ќе заигра фудбал. Тој умре на натпреварот неколку минути, па сега се прашувам дали лекарите ќе му дозволат да умре повторно? Одговорот е не“, порача Шарма.


Барди: Шампионатот само што започна, гледаме своја шанса против Украина

Енис Барди и покрај проблемите кои ги имаше со ковид-19 пред ЕП сепак доби шанса од првата минута и учествуваше на дебито на македонската репрезентација.

Според него, ништо не е загубено и дека шансите за пласман во следната фаза и понатаму се присутни.

„Мислам дека ова беше добар натпревар за нас. Беше тешко и очекувавме така да биде. Во некои моменти бевме подобри од нив. Тие подобро ги искористија шансите кои ги имаа. Дадовме сè од себе. Мора да продолжиме, имаме шанси до крајот на првенството. Сега треба да се одмориме добро и да видиме каде ни се грешките. Секој противник ни ги анализира слабите точки. Да ги одмориме главите и телото и да мислиме на Украина. Ќе играме за да дадеме повеќе од овој меч. Ни фали малку за да бидеме поопасни во напад. Им благодарам на сите што дојдоа да не бодрат. Тие се дванаесетти играч за нас“, рече Барди по натпреварот со Австрија.


Пандев: Жалам што не ги израдувавме навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија го одигра својот прв натпревар на ЕП и секако тоа е големо искуство за секој фудбалер кој настапи на оваа средба.

Македонија загуби со 3-1, а капитенот Горан Пандев по натпреварот истакна дека жали затоа што фудбалерите не ги израдувале навивачите кои беа на стадионот во Букурешт со победа.

„Како за првпат, за прв натпревар на Европското првенство, за нас ова е едно големо искуство. Одигравме одлични 80 минути. Австрија физички е многу посилна од нас, имаат добра клупа, знаевме дека ако издржиме во првите 15 минути, можеме да играме против нив. Примивме еден несреќен втор гол, па натпреварот беше решен. Шансите не се загубени, треба добро да се одмориме. Не чека уште еден тежок натпревар против Украина, на кој мора да играме отворено и да одиме на победа затоа што нема што да загубиме. Најмногу ми е жал за луѓето кои дојдоа тука, им благодарам од срце. Ние го дадовме максимумот, се надевам дека ќе бидеме уште подобри“, изјави Пандев по натпреварот.


Елмас: Ништо не е загубено, ни следи Украина и веќе мислиме на тој дуел

Елиф Елмас беше еден од фудбалерите кои зборуваше по вчерашниот пораз од Австрија со 3-1, во кој мора да се каже дека навистина не разочаравме. Сепак, на крајот Австријците го добија натпреварот.

„Одигравме добар натпревар, видовме како е да се игра на едно ЕП. Лекција за сите нас и ќе напоменам дека ништо не е загубено. Со добри резултати во следните два натпревари мислам дека ќе ја обезбедиме толку посакуваната втора фаза. Ќе го оставиме овој натпревар за нас и ќе го анализираме следниот противник“, изјави Елмас.

Следниот натпревар Македонија го игра во четврток против Украина.


Чави: Немав никакви контакти со Барселона

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави, вели дека не добил понуда од Лапорта да седне на кормилото на Каталонците и дека мора да се испочитува Куман кој останува на тренерското столче.

„Јас сум на трансфер пазарот и отворен сум. Станав тренер пред две години и имам одличен однос со Лапорта. Тој носи одлуки а јас немав можност да разговарам со него. Тој се одлучи да остане со Куман, мислам дека е тоа најдобро за клубот“, потенцираше Чави.

Во моментов нема информации дали Чави ќе се врати на Истокот или ќе пронајде клуб во Европа.



Варан интересен за два англиски гиганти

Реал Мадрид нема ништо против да се радели со Рафаел Варан ова лето, пренесува „Марка“.

Варан на лето влегува во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката не одат во добра насока.

„Кралевите“ сакаат да ја избегнат ситуацијата како со Рамос и да го загубат дефанзивецот без обештетување, па се спремни да го пуштат ова лето. За него силен интерес покажува Манчестер Јунајтед, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Челзи.

„Кралевите“ за неговата слобода бараат 70 милиони евра, а двата англиски гиганти наводно се спремни да ја платат оваа сума.



Данците објавија во каква здравствена состојба се наоѓа Ериксен

Кристијан Ериксен вчера ги шокираше сите откако колабираше на мечот меѓу Данска и Финска, по што заврши во болница од каде што не се откриваа многу информации, но сега пристигна официјално соопштение од Данците.

Фудбалскиот сојуз на Данска утрово преку социјалните мрежи објави информации за здравствената состојба на данскиот репрезентативец.

„Утрово разговаравме со Кристијан Ериксен, кој испрати порака со благодарност до своите соиграчи. Неговата состојба е стабилна и тој мора да остане во болница додека не завршат останатите прегледи. Екипата и стручниот штаб беа во шок по вчерашните случувања, но продолжуваат да бидат еден до друг. Благодарност до сите за поддршката за Ериксен. Ќе се потрудиме сите овие пораки да стигнат до фудбалерот и неговото семејство“, соопштија Данците.