фудбал

Халанд не е загрижен околу прилагодувањето во Премиер лигата

Новиот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изјави дека не е загрижен дали ќе се вклопи во екипата и во Премиер лигата, во која ова лето пристигна од Борусија Дортмунд.

Халанд го имаше своето деби во дресот на Сити минатата недела во натпреварот од Комјунити Шилд против Ливерпул, каде неговиот тим загуби со 3:1.

„Не сум премногу загрижен. Таков е животот на фудбалерите и мора да се живее со тоа. Вие сте некој вид на забавувач. Секоја недела сте на суд од навивачите во врска со тоа како играте на теренот и мора да се докажувате и давате се од себе“, вели Халанд.

Во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата, Манчестер Сити гостува во Лондон кај Вест Хем.


Европските гиганти заинтересирани за Словенецот Шешко

Напаѓачот на Салцбург,  Бењамин Шешко, може да добие понуда да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед доколку англискиот тим се согласи да плати 50-ет милиони евра, објавија медиумите на Островот.  

19-годишниот интернационалец од  Словенија има договор со австрискиот клуб до 2026 година а за неговите услуги се заинтересирани и луѓето од Челзи.

Младиот фудбалер во претходната сезона постигна 10 гола и направи  7 асистенции.


Заради лојалност кон Наполи, Мертенс го одбил Јуве

Дрис Мертенс одбил трансфер во Јувентус и плата од 5 милиони евра по сезона поради лојаноста кон Наполи, пренесува „Газета дело спорт“.

 Тој е слободен откако му истече договорот со Наполи и е во потрага по нов клуб. Јувентус му понудил на Белгиецот 5 милиони евра по сезона, но тој не сакал да ја прифати понудата поради лојалност кон Наполи.

Мертенс пристигна во Наполи од ПСВ во 2013 година и стана најдобар стрелец во историјата со 148 гола.


Тореира одби да се пресели во Галатасарај

Фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира, кој главно настапуваше како позајмен во Атлетико Мадрид и Фиорентина, може да направи трансфер во турскиот гигант, Галатасарај, велат последните вести од Англија.

Уругвајскиот репрезентативец имаше контакти и со Валенсија и Сампдорија, но, без конретен договор.

Галатасарај и „топчиите“ се договориле за трансферна сума од 6-7 милиони евра, но, самиот играч нема желба да настапува во Турција.


Јувентус во преговори за купување на Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Весникот Кориере дело Спорт објавува дека управата на Јувентус ги обновила преговорите за ангажман на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

Бјанконерите се соочуваат со големи проблеми на средината од теренот со оглед на фактот дека Пол Погба заработи повреда и според некои прогнози можно е негово отсуство од терените до крајот на годината.

Исто така и Вестон Мекени ќе паузира еден месец поради проблеми со рамото. Поради наведеното, Јувентус започна преговори со менаџерот на српскиот играч кои според информациите се одвиваат успешно. Претседателот на Лацио Клаудио Лотито не сака да го пушти Савиќ од клубот за помалку од 60 милиони евра.


Обамејанг е опција за нападот на Челзи

Познатиот новинар и експерт за фудбалски трансфери Фабрицио Романо, пренесува дека челниците на Челзи размислуваат за ангажман на Пјер Емерик Обамејанг од Барселона.

Наводно веќе се започнати разговори со претставниците на напаѓачот, но сеуште нема официјална понуда од Челзи до Барселона.

33-годишниот Обамејанг има искуство од настапи во Премиер лигата бидејќи беше играч на Арсенал од каде замина во Барселона.


Доминик Калверт-Левин го пропушта стартот на Премиер лигата

Тренерот на Евертон Френк Лампард објави дека напаѓачот Доминик Калверт-Левин поради повреда ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Лампард информира дека англискиот голгетер заработил повреда на коленото на еден од тренинзите со тимот, поради што се проценува дека ќе биде надвор од терените околу шест недели.

Ова претставува голем проблем за Евертон пред стартот на новата сезона бидејќи екипата сега останува само со еден класичен напаѓач, искусниот Саломон Рондон.


Манчестер Јунајтед заинтересиран за Словенецот Шешко

Манчестер Јунајтед планира засилување во нападот на тимот, и како што јавуваат медиумите во Англија, тренерот Тен Хаг испратил претставници кои се сретнаа со менаџерот на словенечкиот напаѓач од Салцбург, Бенјамин Шешко.

Покрај Манчесер Јунајтед, свој интерес за 19-годишниот фудбалер интерес покажуваат и екипите на Челзи и Њукасл, но според информациите најголема предност за потпис со 195 сантиметри високиот голгетер има тимот од Олд Трафорд. Цената која се споменува за ангажман на Шешко се движи повеќе од 20 милиони евра.


Рики Пуч ја замени Барселона со ЛА Галакси

Барселона и Лос Анџелес Галакси постигнаа договор за трансферот на 22-годишниот играч за врска на шпанскиот тим Рики Пуч. Играчот од средниот ред ќе потпише тригодишен договор со новиот клуб.

Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Според изворот, страните се уште не ги потпишале документите, но веќе се договориле за се што е потребно.

Пуч е во Барселона од 2014 година. За првиот тим на Барселона на 56 натпревари постигна два гола и реализираше три асистенции. Договорот со Барселона му истекува следното лето.


УЕФА ќе тестира полуавтоматски офсајд на Суперкупот во Хелсинки

УЕФА потврди дека технологијата за полуавтоматски офсајд ќе се користи на мечот Реал Мадрид  –  Ајнтрахт од Суперкупот кој ќе биде одигран во Хелсинки на 10 август.

Системот ќе се користи и во новата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите. Новата технологија е тестирана речиси две години.

„УЕФА постојано бара нови технолошки решенија за да ја подобри играта и да ја помогне работата на судиите. Иновативниот систем овозможува на судиите во „ВАР“ собата брзо и прецизно да ги одредуваатситуациите“, вели шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети.