фудбал

Њукасл спремен да прати астрономска понуда за Рафиња

На адреса на Барселона би можела да стигне понуда од Њукасл за крилниот напаѓач Рафиња.

Ова се како што стојат работите идеални вести за Каталонците и тоа само еден ден откако ПСЖ го суспендираше Меси. Барселона за Рафиња би можела да добие понуда и од 80 милиони евра. Њукасл е заинтересиран да ја плати споменатата сума, а бидејќи Барселона сака да продаде одедени фудбалери и да ги намали платите за да го врати Меси ова се одлични вести.

Се шпекулира дека Лапорта ќе се обиде да извлече колку што може повеќе пари за Рафиња, меѓутоа тој нема да биде единствен кој ќе го напушти клубот. Се најавува заминување на Франк Кеси, Феран Торес…со приходите од нивните заминувања Барса веројатно би ослободила доволно простор за да го регистрира Меси.


Белингам одлучил да потпише за Реал

Џуд Белингам договорил трансфер во Реал Мадрид, објави шпанска „Марка“.

Иако претходно се пишуваше дека Ливерпул и Манчестер Сити се фаворити за потписот на Белингам сега ситуацијата се променила, посебно откако Клоп проценил дека фудбалерот е прескап. Реал работел во сенка и успеал да го убеди Белингам да заигра на „Сантијаго Бернабеу“. Според договорот кој наводно го постигнал, Белингам ќе потпише до 2029 година, а „кралевите“ ќе платат сума помеѓу 100 и 120 милиони евра.

Според најавите, претставници на клубот наскоро планираат заминување во Дортмунд каде што ќе биде завршено и од наредното лето Белингам ќе заигра за Реал Мадрид кој така успеа да доведе уште еден фудбалер кој ветува по Орлиен Чуамени и Едуард Камaвинга.

Официјализација на трансферот би можело да следи откако сезоната ќе заврши бидејќи Борусија во овој момент е фокусирана на битката за титулата со Баерн во Бундеслигата.


Лаутаро заминува од Интер во летниот преоден рок

Интер е спремен да го продаде Лаутаро Мартинез на лето.

Лаутаро е најплатен фудбалер во тимот, а Интер сака да ги намали трошоците и верува дека сега е идеален момент за продажба. Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година, но Интер е спремен да го продаде поради финансиски проблеми.

Најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед, бидејќи приоритет на Тен Хаг ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Во моментов Лаутаро е проценет на 75 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „црвените ѓаволи“.


Бернардо заминува од Англија во јуни, ПСЖ фаворит за неговиот потпис

Бернардо Силва и понатаму настојува да ја промени средината на крајот на сезоната.

Португалецот минатото лето беше блиску до преселба во Барселона, но каталонскиот клуб се откажа од трансферот поради преголемата сума на пари што Сити ја бараше за обештетување. Манчестер Сити ова лето нема да му стои на патот и е спремен да го продаде доколку пристигне добра понуда.

Сега покрај Барселона, интерес за Португалецот покажува и ПСЖ, кој нема да жали пари да го доведе во Париз.

Бернардо Силва има големо искуство во Лига 1 каде одлично соработуваа со Килијан Мбапе во Монако.


Жорж Мендеш веќе му бара нов клуб на Ансу Фати

Ансу Фати важеше за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но има уште една слаба сезона за Барселона. Фати оваа сезона запиша само 16 настапи, но скоро сите беа само од клупите за резерви и вкупно на теренот помина околу 500 минути.

Агентот на Фати, Жорж Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе почнал да му бара нов клуб. Мендеш веќе го понудил Фати на четири клуба од Премиер лигата, меѓу нив и Манчестер Јунајтед, кој минатото лето покажа интерес за талентот.

На Барса и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка.

Каталонскиот клуб е спремен да го продаде, а за неговата слобода бара 50 милиони евра.


Челзи ја состави трансфер листата, замнуваат и големи имиња

Станува се поизвесно дека голем број играчи на Челзи ќе го напуштат клубот во претстојниот преоден рок. Сопственикот Тод Боли планира да го редуцира бројот на фудбалери во тимот, а новиот менаџер, кој најверојатно ќе биде Маурисио Покетино, веќе дал „зелено светло“ за продажба на дел од постоечкиот играчки кадар.

Мејсон Маунт е меѓу имињата што се очекува да заминат ова лето. Покрај него Челзи ќе се ослободи и од Рубен Лофтус-Чик и Тревох Чалоба, а голема е веројатноста за продажба и на Армандо Броја, кој е надвор од терените поради долготрајна повреда.

Рис Џејмс се поврзува со Реал Мадрид, а на излезна врата се и Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијех, Пјер-Емерик Обамејанг, Едуард Менди, Кепа Аризабалага и Матео Ковачиќ.


Чаби Алонсо фаворит за испразнетото место во Тотенхем

Актуелниот тренер на германски Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, според германскиот и холандскиот печат е еден од најсериозните кандидати за менаџерското место во англиски Тотенхем следната сезона.

За Алонсо не се заинтересирани само „мамузите“, но тие имаат предност во преговорите, велат добро упатени извори. Баер (Л) се обидува да го убеди Шпанецот да остане кај нив и следната сезона, но Германците се светсни дека доколку Тотенхем му понуди екстра приходи, Алонсо има огромна веројатност да си замине од „Бај Арената“.


Нојер спремен за враќање на терените по операцијата

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер планира за две до три недели да го започне првиот голмански тренинг по тешката повреда. 

Според информациите, Нојер за две до три недели сака да започне со лесни часови за трчање и специјални голмански вежби. Доколку нема потешкотии на овие тренинзи, голманот очекува да се врати на работа со тимот во јули за да се подготви за следната сезона. Тренерот на Баерн, Томас Тухел, смета на Нојер како главен голман во новата сезона.

Мануел Нојер се повреди по Светското првенство во Катар во 2022 година. Голманот ја скршил ногата додека се релаксирал во ски-центар.


Маркињос останува во Париз до 2027 година

Маркињос потпиша нов договор со Пари Сен Жермен. Договорот меѓу двете страни е до летото 2027 година.

Францускиот шампион ќе го објави договорот во подобро време за клубот, откако тимот од Лига 1 загуби со 3-1 дома од Лориен во неделата. Бразилскиот интернационалец е во Пари Сен Жермен од 2013 година, а претходно играше за италијанската Рома како и за Коринтијанс во својата татковина. 28-годишниот дефанзивец оваа сезона постигна два гола на 40 настапи во сите натпреварувања.

На пет кола пред крајот на сезоната, Пари Сен Жермен е на првото место на табелата во Лига 1 со 75 бодови. Второпласираната екипа на Олимпик Марсеј има пет бода помалку.


Икарди доаѓа во Премиер лигата: Фулам спремен да го откупи од ПСЖ

Фулам е блиску до договор за потпис на напаѓачот на Париз Сен Жермен, Мауро Икарди. Сумата на трансферот ќе биде околу 12 милиони евра. ПСЖ може да добие уште три милиони евра како различни бонуси. Преговорите меѓу Икарди и Фулам за договор стигнаа во завршна фаза.

Оваа сезона напаѓачот настапува за турски Галатасарај на позајмица. На 21 натпревар Икарди постигна 15 гола и осум асистенции.  Договорот на 30-годишниот аргентински напаѓач со ПСЖ е до јуни 2024 година, а за оваа екипа настапува од 2019 година.