фудбал

Познат овогодинешниот домаќин за УЕФА Суперкупот!

Финалето на европскиот Суперкуп меѓу екипите на Челзи и Виљареал ќе се игра во Белфаст на 11 август, објави Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) на својот официјален сајт.

Првично беше најавено дека организацијата ќе биде доделена на Истанбул, како компензација за преместувањето на финалето на Лигата на шампионите од турскиот град во Порто поради состојбата со коронавирусот во Турција.

Сепак, УЕФА остана на одлуката натпреварот меѓу победникот во ЛШ, Челзи, и освојувачот на Лига Европа, Виљареал, да се игра во Северна Ирска, на стадионот „Виндзор Парк“ во Белфаст.



Младите надежи на ФК Пелистер и понатаму редат победи

Младинската школа на ФК Пелистер, генерацијата 2007 предводена од тренерот Ѓоко Илијовски продолжува со низата победи. По позитивните резултати во минатиот период и победите против Шкендија, Македонија Ѓорче Петров, Вардар.. сега на гостински терен е совладана и одличната екипа на Академија Пандев со убедлив резултат. „Пелистерци“ успешно ја затресија мрежата на противникот дури четири пати, дозволувајќи да примат само два погодоци. 

Битолчани веќе некое време не знаат за пораз и се убедливи играјќи ја својата препознатлива игра на домашен, но и на гостински терен, како што покажуваат и резултатите.

Спортските обложувалници Евротип и понатаму остануваат верен и активен поддржувач на младинските селекции на ФК Пелистер Битола, со цел одржување на спортскиот дух кај најмладите во градот, како и развивање на фудбалери кои се надеваме во иднина ќе бидат носители на сениорскиот клуб, па можеби и да ја предводат фудбалската репрезентација на Македонија на големите натпреварувања.



Ангеловски ќе тактизира за натпреварот со Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18. часот на арената „Тодор Проески“ со публика од околу 10.000 гледачи ќе го пречека Казахстан, на последната проверка пред патувањето за Букурешт на 8 јуни.

Селекторот Игор Ангеловски, во однос на составот со кој настапи против Словенија, најави дека вечерва против Казахстан ќе направи неколку измени во почетните единаесет.

Поради мала повреда, за овој натпревар отпадна од конкуренција Ферхан Хасани, Стефан Ристовски веројатно ќе тргне од клупата за резерви, а се очекуваат уште неколку измени во тимот.

Македонија и Казахстан се среќаваат за прв пат во фудбалската историја, нашиот противник е позициониран на 124. место на ФИФА ранг-листата и важи за аутсајдер вечерва во Скопје.

Квотите за овој натпревар можете да ги најдете во богатата понуда на www.evrotip.mk


Холандија му се смее на својот селектор!

Холандскиот селектор Франк Де Бур стана хит во својата земја, откако направи гаф на последната прес конференција.

Неговата селекција одигра само 2:2 на пријателскиот натпревар против Шкотска, а Де Бур потоа беше на располагање на новинарите. Еден од нив го праша селекторот кој би можел да игра на позицијата десно крило на Европското првенство.

„Мислам дека тоа би можел да биде Квинси Мениг.“ – одговори Де Бур.

Следеа неколку секунди тишина, по што новинарите продолжија со прашањата. Проблемот беше во тоа што Де Бур воопшто не го повика Квинси Мениг во екипата за ЕП, но најверојатно мислеше на неговиот имењак, Квинси Промес.

Холандските навивачи веднаш на социјалните мрежи го критикуваа Де Бур дека не е способен да ги запамти играчите кои ги повикал, а камоли да ја води репрезентацијата.


У-21: Убедлив пораз од Словенија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година беше поразена убедливо од Словенија со 3:0 на последниот контролен тест пред стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Избраниците на селекторот  Благоја Милевски одиграа под очекувањето и беа заслужено поразени од Словенија. Сите три погодоци противникот ги постигна во првиот дел. Уште на стартот на средбата во 2 минута Матко погоди за предност на словенците. На 2:0 зголеми Прелец во 7 минута. Во самиот финиш од првиот дел Светлин погоди за конечни 3:0.

Во продолжението нашиот селектор направи неколку измени во играчкиот состав, но резултатот остана непроменет. Македонија се обиде да го намали резултатот, но безуспешно.

Ова воедно беше и последната контролна средба на нашата репрезентација пред стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство.


Бруно Лаж е наследникот на Нуно во Вулверхемптон

Поранешниот тренер на Бенфика, Бруно Лаж постигна договор со Вулверхемптон и се очекува во рок од неколку дена официјално да биде претставен како тренер на тимот.

Главните точки на договорот беа прецизирани вчера, а тој и неговиот персонал веќе добија дозвола за работа на Oстровот. „Волците“ останаа без тренер откако Нуњо Еспирито Санто ги напушти по контроверзната сезона и само 11-то место на табелата.


Сари пред промоција во Лацио

Раководството на Лацио продолжува со преговорите со Маурицио Сари. Претседателот на клубот Клаудио Лотито се надева дека ќе го затвори ова прашање денес, откако излезе информација дека римјаните се подготвени да му понудат двегодишен договор на Сари со плата од три милиони евра.

Тренерот исто така ќе добие 500.000 евра во случај на пласман во Лигата на шампионите. Договорот ќе вклучува клаузула за автоматско продолжување на договорот за уште една сезона.

Минатата сезона Лацио под водство на Симоне Инзаги го зазеде 6-то место во Серија А, а 62-годишниот Сари е без работа откако го напушти Јувентус минатиот август.



Фудбалерка на Барселона воодушеви со своите фотографии! (фото)

28-годишната Лике Мертенс е една од најдобрите фудбалерки на светот. Холанѓанката настапува за Барселона, со која годинава освои три титули. Женскиот тим на Барса сезонава го освои првенството, Купот, како и Лигата на шампионите.

Лике во успесите на тимот беше значаен фактор поради нејзините сјајни игри во средниот ред.

Пред четири години, УЕФА ја прогласи за фудбалерка на годината, а истата година со својата репрезентација го освои и Европското првенство. За Холандија, има 121 настап и 49 погодоци.

Таа на Инстаграм има 1.3 милиони фанови, а синоќа ги воодушеви со новата објава. Имено, Лике беше прогласена за најубава спортистка на Холандија за 2021. година.

„Убавината не е само од надвор, но многу сум среќна што сум прогласена за најубава спортистка на Холандија. Ви благодарам.“ – пишува Мертенс.



Ангеловски и Елмас оптимисти пред дуелот против Казахстан

На денешната прес конференција пред утрешниот меч против Казахстан селекторот Игор Ангеловски зборуваше за здравствениот билтен во националниот тим.

„Енис Барди од денеска излегува од изолација, и ќе тренира индивидуално. Го чекаме негативниот тест за да може да се приклучи. Ферхан Хасани за жал има пукнатина на носот и ќе мора да тренира во моментов без контакт, но е во комбинација нормално, наскоро ќе биде се во ред со него. Конечно, Стефан Спировски е фит и дефинитивно утре, ќе игра во првиот состав“, вели селекторот Ангеловски.

За дуелот со Казахстан, предводникот на нашиот национален тим додава.

„И овој меч ќе го искористиме како тренинг натпревар. Ни доаѓа селекција која што не е тип Лихтенштајн, или Гибралтар. Со Украина одиграа одлично на нејзин терен. Имаат млади фудбалери, претежно од нивниот шампионат и мислам дека ќе биде ова солидна контрола за нас“.



Лукаку не мрда никаде од Интер

Голгетерот на Интер, Ромелу Лукаку синоќа потврди дека нема ништо од шпекулациите за негово заминување од Интер. Тој потврди дека веќе разговарал со новиот тренер Симоне Инзаги и му најавил дека ќе остане и следната сезона.

„Останувам во Интер. Разговарав со човекот кој ќе го води тимот во новата сезона. Можеби не требаше да го кажам тоа, но нашиот разговор беше многу позитивен. Предизвик за нас е повторно да ја освоиме титулата. Се чувствувам добро во Интер, конечно освоив голем трофеј. Се надевам дека повторно ќе станам шампион, но овојпат пред полн Сан Сиро”, изјавил Белгиецот.