фудбал

Нејмар најкритикуван, Почетино размислува да го седне на клупа

Навивачите на ПСЖ не се задоволни од игрите на Бразилецот Нејмар и бараат тој да седне на клупата за резерви а неговото место да го добие Мауро Икарди.

Во анкетата на реномираниот  – „Лекип“, дури 67 проценти од фановоите на „светците“ одговориле дека напаѓачот треба да биде резерва додека 28 проценти се изјасниле дека треба да игра во првиот тим.

Нејмар во тековнава сезона одигра пет средби во домашното првенство со само еден гол додека во Лигата на шампионите во првите две кола не успеа да се запише во листата на стрелците.


Суарез откри заради кои луѓе си замина од „Камп Ноу“

Поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, кој сега ги брани боите на Атлетико Мадрид, изјави дека некогашниот прв човек на Каталонците и тренерот, Роналд Куман, го третирале како мало дете.

„За моето заминување еднаква одговорност имаат поранешниот претседател Бартомеу и Куман кој со мене се однесуваше како да имам 15 години. Што се однесува до актуелната ситуација, војната меѓу Лапорта и Куман влијае во  соблекувалната –потенцира Уругваецот.

Суарез воедно проценува дека легендарниот играч на Каталонците, Чави, не треба да се врати на „Kамп Ноу“ во улога на тренер бидејќи целата ситуација е крајно компликувана.


Камерунец ќе биде замена за Хандановиќ на голот на Интер

Челниците на фудбалскиот состав Интер се договориле со голманот на Ајакс, Андре Онана, од наредната сезона да ги брани боите на „нероаѕурите“, објавија медиумите во Италија.

Сегашниот чувар на мрежата на „копјаниците“, ќе треба да го замени Самир Хандановиќ,  кој ја одработува последната сезона во италијанскиот состав.

Во моментов не се наведува висината на трасферот ниту детали од договорот кој ќе му го понуди Интер на црномурестиот голман од Камерун.


Николов: Ако сме максимално фокусирани, нема да имаме проблем со Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 8 октомври ќе гостува кај селекцијата на Лихтенштајн во рамките на квалификациите за Мундијалот во Катар. Нашиот интернационалец, Боби Николов, вели дека со максимална сериозност треба да влеземе во натпреварот.

„Денеска секој може секого да победи. Ние сме поквалитетни од нив и за тоа не треба да се зборува. Ако сме 100% фокусирани мислам дека нема да имаме проблем. Благоја Милевски  добро го познавам, со него соработував пет години. Има негов стил на работа и секогаш оди до крај. Со победа во Лихтенштајн, па зошто да не и против Германија, би имале големи шанси за пласман на Светското првенство“, изјави нашиот репрезентативец.


Манчестер Јунајтед размислува за Кеси како замена за Погба

Доколку Пол Погба се определи догодина да го напушти Манчестер Јунајтед, тогаш челниците на англискиот фудбалски состав ќе се обидат да дојдат до потписот на Френ Кеси, кој исто така ја реализира последната сезона во Милан.

Наводно, Французинот нема намера да ја продолжи соработката а „црвените ѓаволи“ уште од сега се подготвуваат за такво сценарио и планираат негова замена.

„Калчомеркато“ пренесува дека тимот од „Олд Трафорд“ има реални шанси да го купи репрезентативецот на Брег Слонова коска иако за потписот на Кеси ќе конкурираат уште неколку екипи.


Милан го сака супер-талентот на Црвена Звезда

Милан и Црвена Звезда постигнале начелен договор за трансфер на талентираниот Марко Лазетиќ, пренесуваат српските медиуми. Наскоро директорот на Црвена Звезда, Терзиќ ќе има состанок со Паоло Малдини во Милано за да се договорат последните детали.

Лазетиќ има само 17 години и до сега одигра пет меча за Црвена Звезда, но тоа беше доволно за да го приметат скаутите на италијанскиот гигант.

Станува збор за талентиран напаѓач, кој го привлече вниманието со двата гола против Зенит во младинската Лига на шампиони.


ФИФА го сели своето седиште од Цирих во Њујорк

Светската фудбалска федерација според најавите би можела своето седиште од Цирих да го пресели во Њујорк.

Цирих седиште на ФИФА е од 1932 година, претходно тоа беше Париз. Престолнината на Франција беше прв дом на светскиот фудбал после формирањето на организацијата во 1904 година.

Главната причина поради која ФИФА би се преселила во Париз е маркетингот. Светската фудбалска федерација има проблем да донесе голем спонзор од САД после аферата со криминал и перење пари поради која Сеп Блатер беше сменет, а еден куп високи функционери завршија во притвор.


Мбапе: ПСЖ ме третираше како да сум крадец

Килијан Мбапе вели дека уште во јули го известил ПСЖ дека сака да биде продаден бидејќи нема намера да стави потпис на нов договор.

Во последните денови од летниот преоден рок, Реал Мадрид тргна во офанзива по потписот на Килијан Мбапе, на маса беа ставени три понуди, последната вредна околу 200 милиони евра.

Сепак, ПСЖ не сакаше да слушне за продажба на напаѓачот и покрај тоа што тој ја одработува последната година од договорот и следното лето може да замине беспари.

Во разговор со Радио Монте Карло, Килијан Мбапе сега си ја отвори душата и откри што се случувало во летниот преоден рок.

„Побарав да го напуштам ПСЖ, тоа беше во јули месец, се решив на еден ваков чекор бидејќи немав намера да ставам потпис на нов договор и сакав клубот да добие обесштетување со кое ќе може да донесе квалитетна замена. Овој клуб ми даде многу, бев среќен изминативе четири години и се уште сум среќен. Им кажав порано за да имаат време да испланираат се. Сакав да се разделиме достоинствено со почит и им кажа, „Доколку не сакате да заминам, ќе останам“, заврши Мбапе.


Анчелоти во нови проблеми, се повреди младиот Камавинга

Младиот Едуардо Камавинга е уште едно од имињата во тимот кој мора да паузира откако доби повреда на левата нога на пресметката со Еспањол вчера.

Камавинга, кој доби повик за настап и во селекцијата на Франција, ќе отпатува во кампот на француската репрезентација, каде ќе ги мине медицинските прегледи, а потоа ќе се донесе одлука дали ќе се врати во Мадрид или ќе остане со репрезентативниот тим на „петлите“.

Ова е уште една лоша вест за Карло Анчелоти, бидејќи листата на повредени и натаму расте. Во неа веќе се Едуардо Менди, Марсело, Дани Карвахал, Иско, Асенсио и Маријано Диаз.


Половина Европа го сака „бисерот“ на Бенфика

Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти. Скаутите на Милан, Реал Мадрид и Манчестер Сити го следат веќе подолго време, а после фантастичната игра против Барселона ќе направат се за да го доведат во своите редови.

22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

Бенфика минатата година за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, а неговата вредност веќе повеќекратно се зголеми.