фудбал

Блан доведе уште една ѕвезда: Нзонси потпиша за Ал-Рајан

На Хамес Родригез во Ал-Рајан му се придружува уште едно познато име од Европа.

Откако го раскина договорот со Рома, Стивен Нзонзи стана нов член на клубот од Катар. Нзонзи имаше солидна кариера во Европа каде што го носеше дресот на Севиља, Галатасарај, Блекбурн и Стоук, минатата сезона ја помина на позајмица во Рен.

Треба да се спомене и дека беше дел од репрезентацијата на Франција во 2018 година која го освои Светското првенство. И на клупата на Ал Рајан седи познато име – Лоран Блан.


Јунајтед во големи проблеми бара први бодови во ЛШ

Манчестер Јунајтед неколку недели нема да може да смета на капитенот Хари Мегваер, изјави тренерот на клубот, Оле Гунар Солскјер.

Тој откри дека Мегваер во лигашкиот пораз од Астон Вила го повреди листот на ногата и сигурно ќе го пропушти дуелот со Виљареал во второто коло од Лигата на шампионите.

Лук Шо е под знак прашалник за истиот натпревар, во кој екипата од Олд Трафорд ќе ги бара првите бодови во европското клупско натпреварување, откако беа поразени од Јанг Бојс во првото коло. 

„Се чини дека Хари е сигурно надвор. Лук можеби ќе добие шанса, но не тренираше на последниот тренинг. Можеби најдобро сценарио ќе биде да започне на клупата за резервни играчи. Хари, повеќе или помалку, е надвор и не изгледа добро. Ќе трае неколку недели. Ван Бисака е суспендиран, така што ќе мораме да направиме неколку измени.“ – вели Солскјер.

Јунајтед за викендот во Премиерлигата игра против Евертон, а Мегваер ќе го пропушти и тој натпревар. Потоа ќе ги пропушти и натпреварите на англиската репрезентација, а се надеваат дека ќе биде подготвен за Лестер на 16. октомври.


Челзи во проблеми, најважниот играч позитивен на КОВИД-19

Челзи најмалку два меча ќе биде Н’Голо Канте, бидејќи тој бил позитивен на КОВИД-19.

Таа вест на прес-конференција ја потврди тренерот Томас Тухел, кој кажа дека Французинот е во самоизолација и дека ќе го пропушти дуелот против Јувентус во Лигата на шампионите.

Канте нема да настапи ниту против Саутемптон викендов, во Премиер лигата. Тој не бил на последниот тренинг, а под знак прашалник е ставен и неговиот настап за Франција на седми октомври.

Тухел кажа дека против Јуве нема да може да смета ниту на Пулишиќ, Маунт и Џејмс, кои се лекуваат од повреди.


Бензема влезе во историјата на Лигата на шампионите

Шериф направи сензација и го победи Реал на сред Мадрид во второто коло од Лигата на шампионите. Тоа е сигурно едно од најголемите изненадувања во историјата на најголемото европско клупско натпреварување. Шериф поведе во 25. минута со голот на Јакшибаев, израмни Бензема во 65. минута, но победата на гостите ја донесе Тил.

Капитенот на Реал, францускиот напаѓач Карим Бензема стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал барем еден погодок во 17 различни сезони. 

На тој начин, Бензема ги надмина Рајан Гигс, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои постигнувале по еден погодок во 16 различни сезони во Лигата на шампионите.


Келвин Филипс желба на раководството на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед има нова трансфер цел за засилување на средниот ред, а станува збор за ѕвездата на Лидс, Келвин Филипс. Досега медиумите тврдеа дека прва желба на „црвените ѓаволи“ е Даклан Рајс од Вест Хем, но неговата цена го натера Јунајтед да се отлаже. Сега „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон друг англиски репрезентативец, Келвин Филипс од Лидс. Тој одигра одлична сезона и беше важен дел од репрезентацијата на ЕП.

Солскјер сака да го засили средниот ред бидејќи Ван де Бек се покажа како промашување, а Матиќ е на залез на кариера. Фред покажува доста нестабилни партии, па Погба е единствен кој игра добро оваа сезона.

Поради тоа Келвин Филипс е примарна цел на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.


Бунт против Роналдо во Јунајтед?!

Кристијано Роналдо вовел ново мени за исхрана во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, Керингтон, а него веќе немало јаглехидрати, сокови и слатки, пишува англискиот таблоид Сан.

Менито тој го скроил според свој вкус, а тоа не им се допаднало на некои играчи на Манчестер Јунајтед. Португалецот обожавал салата од бакалар, традиционално португалско јадење. А тука настанува проблемот со соиграчите на кои тоа не им се допаѓа.

Наводно играчите го оговарале Роналдо и велеле дека не е фудбалер, туку нутриционист.

„Роналдо обожава октопод, но остатокот од тимот не баш. Зависен е од протеини и авокадо, па готвачите често му излегуваат во пресрет на општо разочарување на сите останати играчи во соблекувалната на Јунајтед. Бараше од своите соиграчи да се откажат од пудингот кој традиционално го јадат после ручекот во петок“- открива неименуван извор за Сан.


Рашфорд најави враќање на тренинзите по оперативниот зафат

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, кој се опоравува од операцијата на рамото, објави на социјалните мрежи  дека наскоро може да му биде дозволено да започне со тренинзи.

Фудбалерот во претходната сезона одигра 57 средби во сите конкуренции со ефект од 21 гол и 15 асистенции.  Англискиот клуб во изминатата сезона  стигна до финалето на Лига Европа.

На крајот на јули беше објавено дека Англичанецот поради проблеми со рамото ќе пропушти околу три месеци од новата сезона.


Барса најде спас за кризата, компанија од Дубаи спремна да го покрие долгот

Компанијата од Дубаи, чие име не е објавено, е подготвена да го откупи долгот на каталонскиот гигант Барселона во износ од 1,5 милијарди евра 

Компанијата со седиште во Дубаи е подготвена да и понуди на Барселона мораториум најмалку две години. Така, долгот на фудбалскиот клуб сега ќе го платат бизнисмени од Дубаи, а Барселона ќе остане должна на оваа компанија, но во исто време ќе добие одложено плаќање. Оваа опција ќе му овозможи на клубот да се врати на нормалното работење и да се фокусира на спортските цели.

Оваа понуда е многу корисна за Барселона, бидејќи мораториумот може да се постави за период од 2 до 12 години. Во исто време, барањата на компанијата од Дубаи, која е подготвена да го откупи долгот на Барселона, се доста ниски.


Брахим Диаз не сака да се врати во Реал, туку да остане во Милан

Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, кој игра како позајмен во екипата на Милан, изјави дека сака да остане во редовите на „росонерите“ со перманентен договор и дека нема желба да се врати во Шпанија.

„Милан е одличен клуб,  ја чувствувам поврзаноста на фановите. Имав одлични моменти во претходната година. Таквата ситуацијата продолжува и сега. Навистина сум среќен тука и сакам да останам“, рече Диаз.


Јуве во јануари ќе тргне по потписот на Паредес од ПСЖ

Макс Алегри сака да направи големи промени во средниот ред.

Приоритет на Алегри во летниот преоден рок беше засилување на средниот ред, каде пристигна само Локатели. Алегри бараше уште еден играч за врска, прва желба беше Пјаниќ, но трансферот не се реализираше.

Тренерот му порачал на раководството дека во јануари сака да му биде доведен уште еден играч за врска, а прва желба е Леандро Паредес од ПСЖ. ПСЖ е во потрага по квалитетен играч за врска, па Паредес може да биде продаден во зимскиот преоден рок.