фудбал

Покрај по голови и асистенции, Халанд „брилира“ и по брзина!

Ерлинг Халанд и оваа сезона брилира во Бундеслигата, а листата на најдобри стрелци и асистенти не е единствената на која се наоѓа меѓу најдобрите во лигата. Според пишувањата на медиуммите, тој го забележа и третиот најбрз спринт во германското првенство.

Најголема брзина во Бундеслигата оваа сезона остварија Брајан Ласме од Арминија Билефелд и Алфонсо Дејвис од Баерн. Нивната брзина изнесуваше 36.08 километри на час.

Веднаш зад нив е Халанд, кој трчаше 35.94 километри на час. Неговата исклучителна брзина му помогна на само пет натпревари сезонава да постигне седум погодоци и да запише четири асистенции.

Така, Халанд во моментот заедно со Левандовски е прв стрелец во лигата, додека на листата на најдобри асистенти го дели првото место со Флоријан Вирц, Марко Ројс и Томас Милер.


Флуминензе се договори да го донесе Дани Алвес

Дани Алвес изгледа пронајде нов клуб. Легендарниот Бразилец кој важи за најтрофеен фудбалер во историјата сака да продолжи да игра, дури најавуваше дека негова цел и Мундијалот во Катар.

Нов клуб на Алвес би требало да биде Флуминенсе кој доставил понуда за поранешниот фудбалер на Барселона. Алвес својата кариера ја започна во Баија, но млад замина во Европа. Прв клуб на европско тло му беше Барселона, играше за ПСЖ и Јувентус потоа се врати во Бразил и продолжи во Сао Паоло.

Во Флуминенсе Алвес за соиграчи ќе ги имае Фред, Абел Хернандес, Гансо…


Мурињо најави дека Рома ќе се жали за црвениот картон на Пелегрини

Жозе Мурињо реагира на вчерашното исклучување на капитенот на „волчицата“, Лоренцо Пелегрини, на средбата со Удинезе.

Дефанзивецот во финишот на мечот заработи втор жолт картон поради удирање противнички играч со лакт и затоа ќе мора да го пропушти градското дерби со Лацио.

„Не ги знам легалните механизми во италијанскиот фудбал, но, ако можеме да се жалиме, треба да пробаме да го направиме тоа. Се сомневам дека Пелегрини заслужи црвен картон. Би сакал да го имам за мечот со Лацио“, изјавил Португалецот.


Куман добива отказ пред натпреварот со Леванте?

Престижниот весник „Марка“, тврди дека часови се во прашање кога Роналд Куман ќе добие отказ во Барселона, не е исклучена можноста да добие уште една шанса в недела против Леванте на нашиот Енис Барди, но ситуацијата е комплицирана.

Барселона во недела се среќава со Леванте, но дали на клупата ќе биде Роналд Куман, е големо прашање, нерешените 0-0 со Кадиз  го вклучија алармот и раководството на клубот решава за судбината на Холанѓанецот.

„Марка“ тврди дека ситуацијата е неподнослива, тензијата сега е уште поголема, а беше непријатна и пред мечот со Кадиз. Лапорта и Куман ќе имаат состанок и потоа следува отказ, тврдат медиумите во Шпанија.


Тухел: Нема тактизирање, сакаме да освоиме се!

Фудбалерите на Челзи се пласираа во осминафиналето од англискиот Лига куп со победата над Астон Вила по пенали, тренерот на „сините“ комбинираше и ја менуваше екипата, но најави дека неговата екипа нема да тактизира во ниту едно натпреварување сезонава.

„Премиерлигата или Лигата на шампионите не се пред некои други натпреварувања. Ние во овој клуб сакаме да створиме менталитет на победник на секој натпревар. Тоа мора да биде нашата ДНК.“ – вели Тухел.

Челзи во моментот е на првото место во Премиерлигата, има ист број на бодови со Ливерпул и Манчестер Јунајтед, а на таа титула чека од сезоната 2016/17. Во историјата, вкупно шест пати Челзи бил победник во Премиерлигата.

„Освоените трофеи од минатата сезона не влијаат на она што сакаме да го освоиме сезонава. Сакаме да освоиме се, да бидеме компетитивни во секој поглед и на секој натпревар. Излегуваме на терен за да победиме. Во домашните куп натпреварувања сакаме да одиме до крај, до Вембли. Нема тактизирање.“ – додава Тухел.


Украинецот Милевски означи крај на кариерата

Артем Милевски објави крај на неговата фудбалска кариера.

Последен клуб каде што настапуваше Милевски беше второлигашот во Украина, Минај. Најгоелмите успеси Милевски ги имаше како играч на Динамо Киев за кого одигра 178 натпревари и постигна 57 голови.

Проблем во неговит живот беа алкохолот и бурниот живот, па не ги исполни очекувањата иако му се предвидуваше уште поголема кариера.

Во неговата кариера настапуваше за Динамо Киев, Газиантеп, Хајдук, Сплит, Конордиа, Тосно, Динамо Брест, Кисварда и споменатиот Минај.


Повторно дозволено точење алкохол на премиерлигашките терени

Навивачите ширум Англија после долго време ќе можат да конзумираат алкохол на трибините во натпреварите од Премиер лигата.

Предлогот беше денес изнесен и истиот би требало да биде усвоен. На почетокот тоа ќе биде пилот проект кој овозможи продажба на алкохол на стадионите во Премиер лигата, а ако се биде во ред ќе дојде и до Премиер лигата.

На навивачите во Англија од 1985 година им е забрането конзумирање на алкохол на трибините поради хулиганство. Но, поради фактот што фановите уживаат во алкохолот во рагби и крикет натпреварите се апелираше дека е време за промена и на фудбалските натпревари.

Англиските навивачи се познати по тоа што се љубители на алкохол, посебно кога одат на гостинските натпревари, а неретко се случува и да прават проблеми и предизвикуваат тепачки.


Перишиќ на натпревар на Милан, шпекулациите се погласни

Натпреварот помеѓу Милан и Венеција не го одбележа победата на „росонерите“, туку неочекуваниот набљудувач на трибините.

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ дополнително ги „вжешти“ гласините за трансфер од Интер во Милан.

Договорот со „нероазурите“ истекува следното лето, а тие наводно се далеку од договор за продолжување на соработката.

Најголем интерес за неговите услуги владее кај градскиот ривал, кој наводно го ангажирал Анте Ребиќ да го убеди својот сонародник да му се придружи во црвено-црната соблекувална на Сан Сиро.

Перишиќ е во Интер од 2015 година, со една сезона на позајмица во Баерн и постигна 46 голови на 210 натпревари.


Женската репрезентација на Македонија до 17 на турнир во Естонија

Женската репрезентација на Македонија до 17 години на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ги започна подготовките за квалификацискиот турнир што ќе се одигра во Талин, Естонија во периодот од 27. септември до 3. октомври.

Нашата репрезентација на овој турнир за пласман во елитната фаза квалификации ќе ги одмери силите со домаќинот, селекцијата на Естонија, Украина и Молдавија.

Катерина Милевска, селектор на младинската женска селекција на Македонија се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Мери Васева (Тиверија), Кристина Павловска (Деспина);

Одбрана: Елеонора Николовска (Каменица Саса), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Сара Мена (АС Јунајтед), Мирјана Ѓеровска (Љуботен), Ања Михајлова (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов 2015);

Среден ред: Миа Велинова (Интернационал), Матеа Блажевска (Скопје 2014), Ива Јосифова (Тиверија), Биљана Панеска (Тиверија), Теодора Далческа (АС Јунајтед), Викторија Стрика (Речица), Рона Рустеми (Шкендија), Михаела Настовска (Деспина);

Напад: Веса Села (АС Јунајтед), Јована Павловска (Атлетико), Анастасиа Илиевска (Деспина), Дева Величкова (Кул Здравје);

„Ги започнавме подготовките и позитивна вест е тоа што ги имаме сите фудбалерки на располагање. Објективен проблем претставува фактот што во изминатиот период девојките имаат одиграно многу мал број на натпревари. Знаеме дека поради пандемијата, младинските лиги беа откажани, но сепак мора да се соочиме и со тој предизвик. Украина е носител во групата и апсолутен фаворит, шансата ќе ја бараме на дуелите со Естонија и Молдавија.“ – вели селекторот Милеска.


За Бензема првиот гол за Реал е неговиот најомилен

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, стигна до јубилеен 200-ти гол во Ла Лига на натпреварот против Мајорка со што влезе во клупската историја на „кралевите“.

Сега пред него на листата на најдобрите стрелци се само Кристијано Роналдо, Раул Гонзалес и Алфредо Ди Стефано. Бензема по повод јубилеотј доби интересно прашање на кое брзо даде одговор.

„Омилен гол? Ќе кажам дека тоа е првиот кој го постигнав во Реал Мадрид против Херез по асистенција на Руд Ван Нистелрој на „Сантијаго Бернабе“, изјави голгетерот за клупската телевизија на „белите“.