Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми ќе отсуствува од терените околу три недели поради повреда на скочниот зглоб, соопштија од бундеслигашот.
Адејеми скина мускулно влакно на зглобот за време на првенствениот натпревар против Херта (4-1) во неделата.
На последните три натпревари Адејеми постигна три гола и имаше асистенција. Ќе ги пропушти првенствените натпревари против Хофенхајм и Лајпциг, мечот во Лондон против Челзи во Лигата на шампионите и дербито против Шалке.
Маунт може да заврши во Јунајтед, ако не добие нов договор во Челзи
Преговорите помеѓу Челзи и Мејсон Маунт за продолжување на договорот се во застој, а таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед.
Двете страни долго време водат преговори, но без особен прогрес, бидејќи никој не сака да отстапи од своите позиции. 24-годишниот играч за врска, кој две години по ред беше избран за најдобар играч на Челзи, е еден од најмалку платените фудбалери на „Стенфорд Бриџ“.
Тој настојува на значително зголемување на платата како неговите колеги од репрезентацијата, односно 200.000 фунти неделно, а Челзи му нуди значително помалку.
Маркус Турам одби нов договот, во јуни дефинитивно заминува од Менхенгладбах
Француски „Л“Екип“ потврди дека напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам ќе го напушти германскиот клуб како слободен фудбалер, откако се решил да не го продолжи договорот кој му завршува во јуни.
Спортскиот директор на клубот, Роланд Виркус, го потврди ова во неделата и изјави дека мора „да се помират со фактот дека тој ќе си замине“.
Фабрицио Романо пренесе дека Турам има понуди од Англија, Италија и Шпанија, а пред извесно време се зборуваше дека Турам начелно се договори со Баерн за трансфер на „Алијанц Арена“. Сега во трката за него ќе се вклучи и Челзи, кој веќе контактирал со францускиот репрезентативец.
Клоп: Против Реал мора да одиграме два супер натпревари
Тренерот на
Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека неговиот тим мора да одигра два супер
натпревари ако сака да го елиминира Реал Мадрид и да се пласира во
четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Ливерпул во
последните два меча во Премиер лигата оствари победи над Евертон и Њукасл, па
така Клоп мисли дека екипата ја поправи својата форма пред дуелот со Реал.
„ Од
неодамнешната историја и прилично добрите резултати на двата клуба во Лигата на
шампионите, очекувам одлични натпревари. Среќен сум што со Реал играме сега,
бидејќи мислам дека како екипа ја подигнавме формата. Мораме да одиграме два
супер натпревари, за да се пласираме во четвртфинале, и немам проблем со тоа
бидејќи ако не играш најдобро што можеш тогаш немаш шанси против Реал“.
Реал Мадрид го совлада Ливерпул со резултат
1:0 во минатогодишното финале од Лигата на шампионите кое се одржа во Париз.
ПСЖ бара само 60 милиони евра за продажба на Нејмар
Веќе е познато дека Челзи започнал преговори со ПСЖ за евентуален трансфер на Нејмар.
Во ПСЖ донеле одлука дека е најдобро Нејмар да го напушти клубот бидејќи внесувал немир во соблекувалната.
ПСЖ уште минатото лето се обиде да се ослободи од скапиот Бразилец, но ниту еден клуб не беше спремен да ја плати големата отштета. Ал-Келаифи разговарал со претседателот на Челзи, Тод Боели, а наводно било договорено Нејмар да се пресели во лондонскиот клуб за „само“ 60 милиони евра.
Бразилскиот фудбалер пристигна во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата.
Зубименди од Сосиедад најнова желба на Артета и Арсенал
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го сака играчот за врска на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди.
Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред. „Топџиите“ го доведа Жоржињо во јануари, но не се откажуваат од Субименди, кој е најголема желба на Артета. 23-годишниот Шпанец има договор со Сосиедад до 2025 година, а неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра.
Субименди игра фантастична сезона, а интерес за него покажува и Барселона, која во него гледа идеаелен наследник на Бускетс.
Меслие изненадувачки избор на Јунајтед за замена на Де Геа
Манчестер Јунајтед наскоро очекува нови сопственици, па на лето сигурно ќе има реконструкција на тимот.
Англиските медиуми пренесуваат дека раководството сака да направи промена на голманската позиција, каде со години прв избор е Давид де Геа. Шпанецот е еден од најплатените фудбалери во тимот со плата од 375.000 фунти неделно, а „црвените ѓаволи“ сакаат да ги намалат трошоците.
Поради тоа Де Геа може да си замине на лето, а Јунајтед веќе нашол замена. Станува збор за голманот на Лидс, Илан Меслие, кој има само 22 години, а е еден од најдобрите години во Премиер лигата.
Французинот на лето би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ за 20 милиони фунти.
Икарди се враќа во Италија по позајмицата во Турција
Мауро Икарди на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.
Икарди оваа сезона игра во Галатасарај како позајмен фудбалер од ПСЖ и во Турција си ја „оживеа“ кариерата. Аргентинецот е во извонредна форма и на последните 14 меча постигна 9 гола и 6 асистенции.
Икарди на лето ќе се врати во ПСЖ, но јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, а интерес за него покажуваат италијанските клубови. Најсилен е интересот на Јувентус, но и Наполи ја следи ситуацијата и ќе сака да го донесе доколку замине Осимен.
29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.
Страхиња Павловиќ ќе заврши во Серија А, го бараат двата најтрофејни клуба
Јувентус и Интер се заинтересирани за дефанзивецот на Салцбург и српски репрезентативец, Страхиња Павловиќ.
21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а на Мундијалот ја доживеа својата целосна афирмација со добрите партии. Примарна цел на Јувентус на лето ќе биде доведување на дефанзивец, а Павловиќ е на врвот на листата желби.
„Старата дама“ веќе работи на трансферот и сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи Интер исто така го сака српскиот дефанзивец.
„Нероаѕурите“ бараат замена за Скриниар и веруваат дека Павловиќ ќе биде идеално решение, а Салцбург за неговата слобода бара намалку 25 милиони евра.
Галтие го брани Нејмар од големите критики за нездравиот живот и лошите настапи
По поразот од Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите посебно во центарот на вниманието се најде Бразилецот Нејмар.
Имено, Нејмар истата вечер по поразот отиде да игра покер и според многумина тоа е потег каков што не смеел да си дозволи по еден пораз во така важен натпревар. Освен тоа тој се критикуваше и за јадењето во Мекдоналдс.
Посебено потезите се истакнуваа поради изјавата на Мбапе по натпреварот.
„Мислам дека пред се мораме да бидеме здрави. Сите би требало добро да јадеме, добро да спиеме и да се припремиме најдобро што можеме. Видовте дека кога игравме напаѓачки им создававме проблеми. Одиме да победиме и да се пласираме во четвртфиналето“, изјави тогаш Мбапе.
За оваа ситуација денес прашање доби тренерот Галтие.
„Тоа што Килијан го кажа во микс-зоната, го кажа и во соблекувалната и јас стојам зад тоа затоа што мислам дека е навистина добро“.
Сепак, не сакаше да го поврзува со Нејмар.
„Нема да ги поврзувам Нејмар со неговите зборови. Разговарав со Нејмар и му кажав што мислам. Нема да ви откривам што разговаравме и тоа ќе остане меѓу нас. Што се однесува до покерот, тој има право на тоа кога има слободен ден. Чувствува голема страст кон покерот и тоа си е негова лична работа“, изјави Галтие.