Oсимен одморот го минува играјќи фудбал во ненормални услови
И покрај астрономската сума која ја заработува, Осимен не заборавил каде ги направи своите први фудбалски чекори.
Некои играчи уште не ја завршиле сезоната поради настапот на Еуро, други уживаат со семејствата на егзотични дестинации, а Осимен одморот го поминува на еден посебен начин.
На социјалните мрежи се појавија фотографии како фудбалерот за кој Наполи плати 70 милиони евра игра фудбал со пријателите во неговото родно место.
Чилвел и Маунт се враќаат во тимот на Англија против Германија
Фудбалерите на Англија, Мејсон Маунт и Бен Чивел, кои беа во карантин откако имаа контакт со шкотскиот интернационалец Били Гилмор, кој беше позитивен на ковид-19, полека се вратија на индивидуални тренинзи.
Бидејќи периодот за карантин им истекува в понеделник на полноќ, тие добија дозвола да работат одвоено од главната група и да вежбаат во теретаната на хотелот. Тоа значи дека дефанзивецот и играчот за врска ќе му бидат на располагање на селекторот, Герет Саутгејт за осмина-финалето со Германија во вторник.
Чилвел сè уште нема запишано ниту една минута на Евро 2020 додека Маут беше меѓу главните играчи на „Трите лава“ на стартот на групната фаза.
Дешамп без леви бекови за натпреварот против Швајцарија
Дидие Дешамп во пресрет на четвртфиналето со Швајцарија, ќе мора да пронајде замена за Стартерот Лука Хернандез од Баерн Минхен и неговата резерва во репрезентацијата, Лука Дин од Евертон кои се повредени.
Тоа значи дека еден играч во тимот ќе мора да биде прекомандуван да игра на позицијата лев бек. Прва опција е централниот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Преснел Кимпембе, кој во младинските лиги има одиграно многу мечеви како лев бек.
Втора опција за Дешамп е Корентин Толисо или Адриен Рабио. Двајцата играат лево во средниот ред, но, сега може да добијат дефанзивни задачи. Последната опција на Дешамп е да го искористи десниот бек, Лео Дубоис, кој се уште нема настап на ЕП.
Русинот Кокорин експресно го напушта италијанскиот фудбал
По само шест месеци поминати во Италија, 30-годишниот руски напаѓач од екипата на Фиорентина, Александар Кокорин може да го смени клубот. Клубови од Русија и Блискиот исток се заинтересирани за услугите на играчот.
„Виолетовите“ немаат против да го продадат, но само за соодветна сума.
Кокорин се пресели во италијанскиот клуб од Спартак на крајот на јануари 2021. Тој одигра 4 натпревари за Фиорентина, а има важечки договор до јуни 2024 година.
Беитар договори контролен натпревар со Барса во Ерусалим
Барселона требаше да игра пријателски натпревар против Виљареал, но противникот е заманет и Каталонците на 4 август ќе гостуваат во Израел.
Во главниот град на Израел, Ерусалим, Беитар ќе ја пречека Барселона. Во Ерусалим требаше да се игра дуелот помеѓу Барселона и Виљареал, но победникот од Лига Европа го откажа тој дуел па Барселона за ривал ќе ја има домашната екипа.
И додека Израелците пишуваат за доаѓањето на големите ѕвезди, Шпанците се базираа на еден интересен податок. Имено, екипата на Беитар од клупата ја води Ервин Куман, брат на тренерот на Барселона, Роналд Куман.
Откриена тајната за успех на Кристијано Роналдо
Кристијано Роналдо е најдобар стрелец на Европското првенство по групната фаза. Португалецот досега постигна пет голови, а неговата Португалија во осминафиналето ќе игра против Белгија.
Роналдо и на 36 години делува незапирливо. За Јувентус минатата сезона на 44 натпревари постигна 36 голови, а на Европското првенство го израмни рекордот на Али Даеи. Роналдо со двата гола против Франција стигна до 109 голови во дресот на Португалија, а ист број погодоци во дресот на Иран постигна токму Даеи, кој до оваа бројка стигна на 149 натпревари од 1993 до 2006 година.
Роналдо и покрај години е во одлична физичка форма. Тоа е благодарение на напорните тренинзи и посебната исхрана која ја откри Белгиецот од Јувентус, Дауда Питерс. Тој игра за тимот до 23 години во третата лига, но понекогаш тренира со Роналдо и другите првотимци.
„Секогаш јаде исто. Брокула, пилешко и ориз“- изјави Питерс и продолжи:
„Пие литри и литри вода, нема Кока Кола. Кристијано сака да победува секогаш и секаде. Тој ги тера младите играчи да растат. Навистина ве вклучува во се.“
„Тој вежбите не ги прави туку така, а тоа е затоа што своето тело го гледа како инструмент за работа. Кога е во клубот, тој главно само тренира. Тој цело време ја живее својата работа. Многу драго момче е, но истовремено фудбалот го сфаќа многу сериозно. Во автобус не говори за нешто друго. Ќе биде многу мотивиран против Белгија“– вели Питерс.
Барса постави астрономска клаузула за откуп на Мемфис Депај
Новиот напаѓачот на Барселона и репрезентацијата на Холандија, Мемфис Депај во новиот договор со Каталонците има клаузула за заминување во висина од 400 милиони евра. Клубот ја потврдил оваа информација.
Претходно, Барселона го објави потписот со напаѓачот на Лион, кој со Каталонците има договор со 2024 година.
Претставувањето на Депај како играч на каталонскиот клуб ќе се случи откако репрезентацијата на Холандија ќе го заврши настапот на Европското првенство.
Иднината на Кутињо е Арсенал и „топџиите“
Арсенал е силно заинтересиран за Филипе Кутињо и сака да го врати Бразилецот во Премиер лигата.
Одегард се врати во Реал Мадрид, а Артета смета дека Кутињо би бил идеална замена за Норвежанецот кој беше на позајмица на „Емирати“.
Бразилецот нема одиграно натпревар за Барселона во 2021 година поради повреда на коленото поради што му беа направени две операции.
Барселона сака да го продаде за да се ослободи од неговата висока плата и да спаси дел од големите бонуси кои треба да му ги плати на Ливерпул.
Јасно е дека за Кутињо нема голем интерес, а Арсенал е спремен да ја искористи таквата ситуација и да понуди 30 милиони евра за неговиот потпис.
Тирни доби нов договор, останува „топџија“ до 2026 година
Арсенал потврди дека талентираниот Киеран Тирни останува верен на „топџиите“ и стави потпис на нов договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал се обрвза на верност со „топџиите“ до 2026 година. Тирни во Арсенал дојде во 2018 година од тимот на Селтик за 25 милиони фунти, а минатата сезона конечно го покажа својот потенцијал.
„Чувството е неверојатно, најпрво би сакал да му се заблагодарам на тренерот, кој дојде и директно ми посочи за намерата на клубот да ја продолжиме соработката“ рече Тирни.
Мбапе „помладиот“ потпиша договор со ПСЖ
Етан Мбапе го потпиша својот прв договор со Париз Сен Жермен. Се работи за 14-годишниот млад брат на ѕвездата на клубот, Килијан Мбапе. Договорот трае до 2024. година.
Етан веќе подолго време настапува за младите категории на ПСЖ, а со овој потег од клубот докажаа дека веруваат во него. Истовремено, раководството на клубот од Париз веројатно се надева дека на овој начин може да го задржи и неговиот брат Килијан, чиј договор истекува наредната година.
Тренерите од академијата на ПСЖ го опишуваат младиот Мбапе како „елегантен и интелигентен“ играч за врска и наведуваат дека се работи за голем талент.