фудбал

Франција и Германија се фаворити на Конте за европски првак

Италијанскиот тренер Антонио Конте  потенцира дека постојат четири фаворити за титулата и не очекува изненадување на Европското првенство. Тој не ја вброи Англија меѓу земјите кои треба да се борат за посакуваниот трофеј.

„Мислам дека никој од аутсајдерите нема шанси да го освои првенството. Најсериозни кандидати се Франција и Германија поради составите со кои располагаат и искуството. Тука е Белгија под услов Де Брујне и Витсел да играат во топ форма и секако Италија. Нашите репрезентативци покажаа континуитет и самодоверба, нема љубомора во тимот затоа што некој игра а друг не, заедништвото е многу значајно ако сакате да освоите таков турнир“, изјавил Конте.



УЕФА ќе ѝ исплати 2,5 милиони евра на Барса а повредата на Дембеле

Барселона ќе добие обештетување од ФИФА за повредата на играчот за врска Осман Дембеле. Како што објавија медиумите, Французинот поради повреда мораше да ја напушти селекцијата на Франција и сега мора да оди на операција.

Закрепнувањето на Дембеле ќе трае околу четири месеци, а според правилата на ФИФА, клубовите добиваат компензација за повреда на играч додека бил во националниот тим за време на турнирите вклучени во меѓународниот календар.

Плаќањата се вршат ако играчот е повреден подолго од 28 дена. Доколку Дембеле остане четири месеци надвор од терените, Барса ќе добие приближно 2,5 милиони евра отштета.



Срушен голем рекорд на Европското првенство!

Синоќа беше завршена групната фаза од Европското првенство и во последните натпревари од тој дел од натпреварувањето беше срушен голем рекорд.

На четири натпревари беа вкупно постигнат 18 погодоци, најмногу во еден ден откако се игра Европско првенство. На првите натпревари Шпанија ја победи Словачка со 5:0, а Шведска со 3:2 ја победи Полска. Вечерните натпревари на Франција и Португалија, односно Германија и Унгарија завршија со резултат 2:2.

На Светско првенство рекорден број на погодоци во еден натпревар паднаа во 1954. година, кога беа постигнати 25 голови на четири натпревари. На ЕУРО рекордот до синоќа беше 14 погодоци и поставен во 2000. година.



Покрената постапка против ФФМ заради рушење на ковид-кодексот

Фудбалската федерација на Македонија се соочува со казна од УЕФА за можно кршење на здравствените правила од страна на нејзините играчи на ЕВРО 2020, иако тимот  е елиминиран од првенството.

Надлежниот орган на Европската фудбалска асоцијација веќе ја заврши истрагата за наводно „лошо однесување и потенцијално кршење на здравствените протоколи“ од страна на играчите на ЕВРО 2020. Тоа се однесува на земање брис од играчи во Амстердам во саботата (19 јуни) за задолжителни тестови ковид-19, две дена пред мечот со Холандија, објави попладнево Германската новинска агенција (DPA).

Евентуалните санкции на УЕФА ќе бидат против федерацијата на Македонија, а нема да бидат индивидуални, односно нема да бидат изречени кон играчите.



Ван дер Варт: Пандев е за Македонија како Кројф за Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт беше воодушевен од емотивното збогување на легендата на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.

„Мислам дека беше фантастично и емотивно. Тој е како Јохан Кројф од  Македонија”, рече Ван дер Варт, како експерт на холандската национална телевизија.

„Ми дојдоа солзи в очи. Мислам дека е убаво што таквите играчи добиваат такво збогување”, дополни Холанѓанецот.



Конте го најави следниот чекор во кариерата

Италијанскиот фудбалски стратег, Антонио Конте неодамна потврди дека во новата сезона нема да биде на колрмилото на Интер, со кој во минатата сезона стигна до титулата во Серија А.

Конте, кој се поврзуваше и со кам-бек во Премиер лигата, откако доби понуда од Тотенхем е категоричен.

„Не сакам нов ангажман, сакам следната сезона да ја поминам со моето семејство и да учам нови работи. Спортот постојано се развива, јас сакам да гледам фудбал и да напредувам, но една година ќе паузирам од работа.“ – изјави Антонио Конте.

Италијанецот во изјавата за медиумите од Апенините посочи дека се уште е потресен по она што му се случи на Ериксен и побара сите добро да размислат во кој правец оди фудбалот и барањата кои стануваат преголеми и опасни по здравјето на фудбалерите.


Нова бизарна ситуација на ЕУРО поврзана со КОВИД-19

Пандемијата на коронавирусот продолжува да го крои Европското фудбалско првенство. По бизарната одлука шкотските фудбалери да не мораат во изолација, за разлика од неколку англиски фудбалери по контактот со позитивен шкотски играч, сведочиме на уште една несекојдневна ситуација.

Во сабота од 18. часот на Јохан Кројф Арена ќе играат Данска и Велс, а се чини дека само една репрезентација ќе ја има поддршката на навивачите.

Првите информации говореа дека холандската влада поради епидемиолошката ситуација нема да дозволи доаѓање на Данци и Велшани, но одлуката е променета.

Данците ќе можат на натпреварот, но со услов да ја напуштат Холандија по 12 часа поминати во таа земја. Покрај тоа, мораат да имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Таа можност ја немаат Велшаните.


Буфон: Доста беше резерва, дојдов во Парма за да бранам

Буфон од неодамна и официјално се врати во Парма, италијанскиот голман ќе ја заврши кариерата во клубот каде што ја започна.

Сега Буфон откри дека тој имал понуди од два топ клубови, меѓутоа се одлучил да игра повторно во Парма.

„Парма ми го понуди она што другите не можеа. Имав понуди од два клуба, еден од нив играше и во Лигата на шампионите. Сепак, јас се изморив да бидам резерва. На крајот и за овој клуб чувствувам посебни емоции“, изјави Буфон.


„Кралсвите“ не го сакаат Погба како дел од трансферот на Варан

Реал Мадрид ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед за размена која ги вклучувала Пол Погба и Рафаел Варан.

Интересно е што двајцата Французи имаат договор со своите клубови до 2022 година и одбиваат да ја продолжат соработката.

Двајцата сакаат да ја променат средината, а Варан е голема желба на Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, „кралевите“ ја одбиле понудата на „црвените ѓаволи“ бидејќи сакаат само кеш.

Реал е спремен да го продаде дефанзивецот доколку пристигне понуда од 60 милиони евра бидејќи подготвува сериозна финансиска понуда за Килијан Мбапе.


Суарез измисли нов начин за „крадење“ на време!

Репрезентацијата на Уругвај одигра 1:1 против Чиле во средбата од третото коло во групната фаза на Копа Америка.

Чиле поведе во 26. минута со погодокот на Едуардо Варгас, а бодот на Уругвај го донесе Артуро Видал на средината од второто полувреме, кога ја испрати топката во својата мрежа.

Дека Уругвајците беа задоволни и со бод од овој натпревар, покажал и еден детал од завршницата.

Луис Суарез измисли нов начин како би задржал време. Откако топката заврши во гол-аут, тој застана пред голманот на Чиле, Клаудио Браво и ја изваде копачката. Браво, некогашниот соиграч на Суарез од Барселона, отиде два метра подалеку и се обиде да ја врати топката во игра, но уругвајскиот напаѓач повторно застана пред него за да ја облече копачката.

Во групата А, Аргентина е прва со седум бодови, Чиле е втор со пет, Парагвај трет со три, додека Уругвај има еден бод, а Боливија е без бодови. Последните три репрезентации досега одиграа само два натпревари, а најдобрите четири ќе се пласираат во четвртфинале.

https://twitter.com/i/status/1407272452502298626