фудбал

Буфон: Би можел да се пензионирам со 55 години

Италијанските медиуми пренесуваат дека легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон изјави дека уште не размислува за заминување во пензија, бидејќи планира да брани за Парма најмалку до 2024 година.

44-годишниот Буфон својата кариера ја започна во Парма, а потоа бранеше за Јувентус и ПСЖ, за минатата година да се врати во својот матичен клуб. Тој има договор со Парма до јуни 2024 година.

„Би можел да се пензионирам со 55 години. Поминав десет години во Парма и 20 во Јувентус. Веќе десет години размислувам за пензионирање но сеуште продолжувам со бранење“, вели Буфон кој додава дека по завршувањето на играчката кариера најверојатно ќе остане во фудбалот.


Фабрегас ќе игра за второлигашот Комо

Искусниот шпански интернационалец Сеск Фабрегас од наредната сезона ќе игра во италијанската Серија Б, за тимот на Комо.

Фабрегас кој е поранешен играч на Арсенал, Челзи, Барселона и Монако, се реши на овај изненадувачки чекор после убедувањето од поранешниот играч на Челзи, Денис Вајс кој во моментот е претседател на Комо.

Шпанскиот фудбалер во Комо пристигнува како слободен агент откако му истече договорот со Монако.


Супер засилување за Бетис, го договори Хусем Ауат од Лион

Фудбалерот на Лион, Хусем Ауар веќе неколку сезони се шпекулира дека ќе го напушти својот сегашен клуб, за конечно, ова лето да се реализира неговото заминување.

Реал Бетис е тимот кој е на чекор до постигнување на согласност за неговиот трансфер, откако начелно, Лион ја прифатил понудата на Шпанците за потписот на Ауар.

Засега нема детали од понудената соработка, но според најавата на француските медиуми Ауар ќе му се приклучи на својот некогашен соиграч Набил Фекир во наредните неколку денови, откако ќе го мине задолжителните лекарски прегледи.


Челзи се откажа од ангажман на Роналдо

Фудбалскиот клуб Челзи се откажа од можноста за доведување на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, известуваат медиумите од Англија.

Претходно голем број на медиуми излегоа со тврдење дека Португалецот планира да го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи сака во наредната сезона да игра во Лигата на шампионите. После информацијата веднаш се наведоа имиња на неколку големи клубови кои наводно се заинтересирани за Роналдо. Меѓу нив беа Баерн, ПСЖ, Челзи, Рома, Наполи.

Медиумите од Англија тврдеа дека новиот сопственик на Челзи Тод Боели посакува звучно зсилување во летниот преоден рок, но после разговорот со тренерот на екипата Томас Тухел, се одлучи да се откаже од ангажман на Роналдо.


Озил претставен во новиот клуб: Сакам само да играм фудбал

Месут Озил беше претставен како фудбалер на Истанбул Башакшехир. 33-годишниот играч од средниот ред го засили тимот како слободен играч откако му беше раскинат договорот со гигантот Фенербахче.

„Мојата цел е тие да играат фудбал. Затоа мислам дека сум на вистинското место“, изјави поранешниот германски репрезентативец.

Тој имаше проблеми во „фенерите“ бидејќи се скара со тренерот и управата и немаше играно од март.

Претседателот на Истанбул Башакшехир, Ѓоксел Ѓумушдаг објави дека договорот е на 1+1 година на барање на самиот фудбалер.

„Месут нема да добива повеќе од своите соиграчи. Му благодариме што направи отстапки“, додаде газдата.


Пинамонти пред потпис со Монца

Андреа Пинамонти е нов напаѓач на Монца. Адријано Галијани не застанува на пазарот и неодамна постигна договор да го добие талентираниот напаѓач, кој минатата сезона постигна 13 гола со дресот на Емполи.

23-годишниот напаѓач беше баран од неколку клубови, но на крајот се чини дека Монца ја доби трката, која ќе го донесе на позајмица со обврска да го купи за 20 милиони евра.

Пинамонти е третиот фудбалер од Интер кој премина во Монца, по Сенси кој дојде на позајмица и Ранокија кој го заврши договорот со Интер и го избра тимот на Берлускони и Галијани.


Калиду Кулибали потпиша договор со Челзи

Познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо ја пренесува информацијата дека Калиду Кулибали потпишал договор со екипата на Челзи.

Репрезентативецот на Сенегал и сега веќе поранешен играч на Наполи, ги минал медицинските прегледи во Лондон и се очекува наскоро да биде промовиран како нов играч на Челзи.

Кулибали ќе биде второто засилување кое пристигнува на Стенфорд Бриџ ова лето, после ангажманот на Рахим Стерлинг.

Сенегалецот се очекува да биде одлично појачување за одбраната на Челзи, бидејќи клубот неодамна остана без двајцата дефанзивци Рудигер и Кристенсен кои заминаа од клубот како слободни играчи.


Депај одби да премине во Тотенхем

Мемфис Депај ја одби понудата да премине во Тотенхем. Лондончани беа подготвени да ги платат 20-те милиони евра кои ги бараше Барса, но самиот играч не се согласи на таков трансфер, пишува „Спорт“.

Тотенхем веќе потпиша со еден играч од Барселона – Клемент Ленгле. „Мамузите“ имаат прилично солидна селекција за учество во Лигата на шампионите и сакаа да го додадат холандскиот напаѓач во својот тим, но тој не беше особено импресиониран од нивниот проект и претпочиташе да остане во Барса.

Депај е подготвен да се бори за своето место во тимот на Чави Ернандез, иако неговите шанси за стартно место не изгледаат големи. Од друга страна, тој сака да игра редовно за да се осигура дека ќе добие повик за Светското првенство во Катар оваа зима.


Еве како (не) треба да местите натпревар

Дали е ова најбедната и најкомична местенка на пенали откако постои фудбалот погледнете подолу на видеото

https://twitter.com/i/status/1547617973073899524

Бака ја напушти Гранада и се врати во Клуб Жуниор

По една сезона мината во Гранада, Карлос Бака се враќа во својата татковина, Колумбија.

Напаѓачот го официјализираше својот трансфер во клубот каде ги направи првите фудбалски чекори, Клуб Жуниор.

Некогашната ѕвезда на Виљареал, кој играше и за Милан, Севиља и Бриж по 11 години го напушта „стариот континент“.