фудбал

Пандев најави дека после Холандија заминува во репрезентативна пензија

Македонскиот капитен Горан Пандев на официјалната прес-конференција пред мечот со Холандија, најави дека утре тој ќе го игра последниот меч во националниот тим.

„Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на фудбалеот, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина, и сигурен сум, познавајќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат“, рече Пандев.

Тој кажа дека е среќен што се збогува на еден ваков начин, на големо натпреварување.

„Среќен сум што се повлекувам на овој начин. Можам да кажам дека подобро збогуваање од дресот на Македонија на Европско првенство и не можев да посакам. Има емоции, но знак како да се носам со нив“, рече Пандев.


Ангеловски: Големо благодарам за момците и за Пандев за ова незаборавно искуство

Селекторот Игор Ангеловски денес ја одржа прес-конфереција пред утрешниот последен натпревар во групната фаза против Селекцијата на Холандија.

„Горан не тренираше затоа што оној натпревар со Украина тој го играше со две блокади, сепак утре тој ќе игра. Ние мораме да ги повториме добрите моменти против Украина за да се бориме против една силна репрезентација да дојдеме до позитивен резултат. Холандија е селекција која важи за фаворит на сите големи натпреварувања, но токму против такви репрезентации треба да се покаже квалитетот.“

„Договорот мој со фудбалската федерација завршува и сакам да кажам големо благодарам до најдобриот фудбалер кој го имала Македонија, Горан Пандев и до сите момци. Сите знаеме каде бевме и до каде стигнавме, резултатите доволно зборуваат. Натпреварот ќе го одработиме максимално професионално, за повеќе не би сакал да зборувам“.

Натпреварот се игра со почеток во 18:00 часот.


Елмас: Да покажеме против Холандија дека не сме случајно на ЕП

Македонија ја очекува последниот натпревар во групата Ц од ова ЕП, а противник ќе ни биде првиот фаворит Холандија.

На денешниот брифинг, Елиф Елмас изјави дека без разлика дали Холандија ќе игра со најсилниот состав или не, ги чека тешка битка за бодови на ова ЕП.

„Подготвени сме за овој натпревар. Нè очекува тежок дуел, без разлика на тоа што Холандија може да игра со втор состав. Тоа нас не ни е многу важно. Треба да ја играме нашата игра и да продолжиме со одличните партии на овој турнир и време е да ја израдуваме нацијата со една победа. Одигравме два солидни меча, но тоа неискуство во нашите редови ни направи проблеми. Затоа треба почесто да бидеме на ваквите натпреварувања. Не може од сега да се знае дали натпреварот ќе биде отворен. Холандија игра технички фудбал, но ние треба да си ја играме нашата игра. Треба да покажеме дека заслужено дојдовте на овој шампионат и настапот да го завршиме со победа“, заврши нашиот репрезентативец.


Муслиу: Со колективна одбрана и тимски дух можеме да ја изненадиме Холандија

Повторно одбраната на нашата репрезентација ќе биде пред голем предизвик на мечот со Холандија кој ќе се игра во Амстердам.

Дефанзивецот Висар Мислиу вели дека само со тимска одбрана и тимски дух може да се сопрат налетите на домашната Холандија која е голем фаворит на дуелот со Македонија.

„Посакувавме добра игра и добри резултати на овој шампионат. Одигравме два добри натпревари, но тоа не беше доволно за бодови. Без разлика на тоа ние сме мотивирани, ние сме професионалци, на ова ЕП ја претставуваме Македонија. Против Холандија има што да покажеме. За квалитетите на Холандија не треба да се трошат зборови, знаеме како стил игра. Само со тимска одбрана и тимски дух можеме да ги спречиме налетите на Холандија. Само така може да се справиш со посилните селекции. Ќе бидеме спремни навремено да ги сопреме нападите и преку контра нападите да направиме изненадување“, изјави Висар Муслиу.


Холанѓанецот Думфрис на радарот на Баерн Минхен

Десниот бек на Холандија, Дензел Думфрис е првата трансфер цел на Баерн Минхен по завршувањето на Еуро 2020.

Договорот на 25-годишниот фудбалер со ПСВ, кој постигна 2 гола на 2 натпревари на тековното Европско првенство, е со клаузула за раскин од само 15 милиони евра, што го прави голема мета на најголемите европски тимови.

Баварците и онака немаат намера да трошат многу за нови засилувања, па оваа цена за холандскиот репрезентативец е како „погодена“ за нив ова лето.


Гризман се израмни со Ширер со по седум гола на евро-шампионатите

Францускиот напаѓач Антоан Гризман го постигна седмиот гол во кариерата на завршницата од европските фудбалски шампионати и се изедначи со легендата на Англија, Алан Ширер, на третото место на вечната листа на голгетери. Фудбалерот на Барселона го изедначи резултатот на мечот на светскиот шампион против Унгарија (1-1) на Еуро 2020. Гризман и Ширер, се стрелци на головите на Еуро 1996 и ЕП 2016, имаат по седум погодоци.

Лидер на оваа листа на стрелци е Кристијано Роналдо со 12 голови, а го следи легендарниот француски репрезентативец Мишел Платини со 9.

Најдобри стрелци на головите во историјата на Европските првенства:

Кристијано Роналдо (Португалија) – 12 гола

Мишел Платини (Франција) 9

Алан Ширер (Англија) 7

Антоан Гризман (Франција) 7


Депај се согласи, Барса доби големо бесплатно засилување

Барселона официјално го објави ангажманот на Мемфис Депај, кој пристигнува од Олимпик Лион со бесплатен трансфер. Договорот на напаѓачот е до крајот на сезоната 2022/23. Тој одби да го обнови договорот со неговиот сегашен клуб, кој истекува на крајот на овој месец, а со тоа играчот ќе стане дел од Каталонците од 1 јули.

Тој е четврто засилување во Барселона ова лето по бесплатните трансфери на Серхио Агуеро и Ерик Гарсија од Манчестер Сити, како и на Емерсон од Бетис. 27-годишникот ќе игра под водство на неговиот сонародник Роналд Куман, кој веќе беше негов тренер во националниот тим.Барселона официјално го објави ангажманот на Мемфис Депај, кој пристигнува од Олимпик Лион со бесплатен трансфер. Договорот на напаѓачот е до крајот на сезоната 2022/23. Тој одби да го обнови договорот со неговиот сегашен клуб, кој истекува на крајот на овој месец, а со тоа играчот ќе стане дел од Каталонците од 1 јули.


Интер бара замена за Ериксен, ова се трите опции

Кристијан Ериксен извесно е дека нема да добие дозвола за продолжување на кариерата во Италија. Италијанските медиуми пишуваат дека Данецот најверојатно ќе замине од Италија поради здравствените и сигурносни прописи кои важат во државата.

Откако беше утврдено дека Ериксен доживеа срцев удар на натпреварот со Финска, на Ериксен му е вграден имплантантен дефибрилатор, уред кој е наменет за спречување на идни срцеви проблеми. Токму овие уреди се забранети за играчите во италијанскиот фудбал поради големиот ризик по животот.

За неколку недели Ериксен го чека преглед на кој треба да се утврди дали уредот ќе биде траен или ќе се отстрани.

Интер веднаш тргнал во потрага по негова замена, а три играчи според италијанските медиуми се означени како главни приоритети.

„Калчомеркато“ пишува дека Интер е заинтересиран за враќање на Матео Ковачиќ, кој дресот на Интер го носеше од 2013. до 2015. година. На мета на Интер се и Дони ван де Бек, како и Хакан Чалханоглу.


Реал го сака Спинацола од Рома

Дефанзивецот на Рома и на сeлекцијата на Италија, Леонардо Спинацола може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, објави на Твитер новинарот Николо Шира.

Според изворот, клубот од Мадрид сè уште не упатил официјално барање за играчот, но побарал информации за 28-годишниот дефанзивец.

Рома е подготвена да го ослободи фудбалерот за 30 милиони евра. Договорот на Италијанецот со Рома е до летото 2024 година.


Јуве и Борусија во трка за хит играчот од ЕУРО

Најбараниот играч на италијанската репрезентација, која дава одлични партии на ЕУРО, е 23-годишниот фудбалер на Сасуоло, Мануел Локатели.

Локатели порасна во младинската школа на Милан и за тој клуб во три сезони одигра 63 натпревари, а потоа во 2018. година премина во Сасуоло, каде веднаш стана стандарден првотимец. За италијанската репрезентација дебитираше минатата година и досега во 12 настапи постигна три погодоци.

На ЕУРО беше првотимец на двата натпревари, а во натпреварот против Швајцарија постигна два погодоци.

Неговиот договор со Сасуоло истекува во 2023. година, а воочи Европското првенство клубот за него бараше 40 милиони евра, објавија италијанските медиуми. На тоа се согласи Борусија Дортмунд, но Локатели би сакал кариерата да ја продолжи во Јувентус, кој нуди 30 милиони и еден играч.

Но, бидејќи Италија и Локатели се одлични на Европското, сега на Сасуоло не му се брза бидејќи се надева дека би можел да добие и 60 милиони евра за репрезентативеот. За Локатели интерес покажуваат и Челзи, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи.