Во Чиле постигнат најубавиот и најчуден гол годинава! (видео)
На социјалните мрежи се шири видео од можеби еден од најнеобичните голови сезонава.
На натпревар од чилеанскиот нисколигашки фудбал на теренот влета куче, но никој не го забележа. Играчот изведе слободен удар и ја префрли одбраната, а кучето „одлично втрча“, со грбот ја промени насоката по која се движеше топката и го измами голманот.
Збунетиот судија не знаеше како да реагира, но набрзо го поништи погодокот, на разочарување на гледачите.
Канатларовски: Мотивирани сме да одиграме добро против Србија
Македонската репрезентација до 21 година денеска (16:00 часот) на стадионот “Билјанини извори” во Охрид ќе одигра натпревар против соодветната селекција на Србија во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.
Предводникот на нашата репрезентација, Драги Канатларовски вели дека е извлечена голема поука од натпреварот со Франција кој го загубивме со 3:0 во Ле Ман.
– Максимално сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно овие неколку денови во Охрид, со цел подобро да огиграме на овој меч со Србија. Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите грешки. Фудбалерите се свесни дека одигравме лош натпревар и оттаму желбата за докажување на денешниот меч е голема.
Дуелот со Србија ќе биде многу поразличен од нашиот прв со Франција во овие квалификации. Атмосферата е одлична и се надевам дека ќе ја израдуваме фудбалската јавност, изјави селекторот Канатларовски.
Во нашата Х група, покрај дуелот Македонија – Србија, играат уште и репрезентациите на Украина и Ерменија.
Геце останува во Ајндховен до 2024 година
Марио Геце го продолжи договорот со ПСВ до 2024 година. Геце своевремено важеше за еден од најголемите таленти во Европа кога настапуваше за Борусија Дортмунд.
Направи трансфер во Баерн Минхен, но неговата кариера во Бундеслигата во последните години одеше во надолна линија
Германецот ја поврати формата во ПСВ каде се чуствува одлично и одлучи да ја продолжи соработката со холандскиот клуб.
„Многу сум среќен, ПСВ е голем клуб. Овде можам да работам под одлични услови и среќен сум што кариерата ќе ја продолжам во овој клуб“, изјави Геце.
Брдаровски е ново засилување на Шкупи
Екипата на Шкупи го презентираше најновото засилување во името на Владица Брдаровски.
Брдаровски доаѓа во Шкупи од редовите на косовскиот тим ФК Дрита, каде минатата сезона забележа 22 настапи. Тој на 22 години дебитираше во дресот на репрезентацијата на Македонија.
„По една година се враќам во првата фудбалска лига и морам да кажам дека сум многу среќен. По многу разговори, успеавме да потпишеме едногодишен договор, бидејќи моите и амбициите на клубот се големи и заедно ќе се бориме за титулата и други успеси“, вели Брдаровски на промоцијата.
Екипата на Шкупи ова лето донесе голем број на нови фудбалери, а Брдаровски е најновиот член на тимот од Чаир кој претендира борба за шампионскиот наслов.
КОНМЕБОЛ ја префрли топката кај ФИФА околу прекинатото јужноамериканско дерби
Јужноамериканската фудбалска асоцијација (КОНМЕБОЛ) зазеде неутрален став во врска со неодиграниот натпревар меѓу Бразил и Аргентина во рамки на мундијалските квалификации, наведувајќи дека тој дуел е во „надлежност на ФИФА“.
Јужноамериканското дерби беше прекинато кратко по самиот почеток на стадионот во Сао Паоло поради кршење на ковид-19 протоколите за карантин.
Бразилски здравствени претставници влегоа на теренот и побараа од тројца аргентински репрезентативци, Кристијано Ромеро, Џовани Ло Селсо и голманот Емилијано Мартинез, да го напуштат стадионот и државата поради кршење на правилата за задолжителен карантин.
Аргентинскиот тим потоа се повлече од теренот во соблекувалната и натпреварот не се одигра.
Од КОНМЕБОЛ денеска се оградија од целиот случај, додавајќи оти одлуката за евентуален нов термин е во надлежност исклучиво на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
За евентуални дисциплински мерки ќе се чекаат извештаите на судиите и делегатот на натпреварот.
Жалење поради неодигрување на натпреварот изрази претседателот на Бразилската фудбалска федерација Ернандо Родригез, истакнувајќи дека во таборот на „караоките“ сите сакале дуелот да се игра.
Марфи: Роналдо ќе го сопре развојот на младите ѕвезди на Јунајтед
Некогашниот фудбалер, Дени Марфи, проценува дека кам-бекот на Кристијано Роналдо на стадионот – „Олд Трафорд“, ќе делува лошо за младиот фудбалер, Мејсон Гринвуд, кој во целата ситуација би бил колатерална штета.
19-годишниот играч во изминатите две години покажа дека има потенцијал да стане расен голгетер а според повеќето фанови на „црвените ѓаволи“ тој со играта наликува на Робин Ван Перси.
„Мејсон ќе биде соочен со ситуација дека треба да почека за да се пробива бидејки сега дојде Роналдо. Неговиот прогрес дефинитивно ќе биде запрен“, вели Марфи.
Кулибали е јануарската желба на Тухел во Челзи
Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали во зимскиот преоден рок.
Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жил Кунде од Севиља. Откако пропадна трансферот на Кунде, „сините“ сега ќе се насочат кон дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.
30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи, но ова лето не пристигнаа понуди за него.
„Сините“ стапиле во контакт со агентот на Сенегалецот и сакаат што поскоро да постигнат договор и да го реализираат трансферот во јануари.
Лукаку со ситна повреда се врати од репрезентацијата во Челзи
Ромелу Лукаку мораше да го напушти белгискиот табор и да замине на лекарски преглед пред да се врати на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.
Тој вчера против Чешка во квалификациите за Мундијалот го одигра 100-от меч за „црвените ѓаволи“ и го постигна 67-от репрезентативен гол. По натпреварот Лукаку откри дека се соочува со мала повреда.
„Имам одреден проблем што ме мачи извесно време. Прво ќе одам да ја снимам ногата а потоа ќе се вратам во Челзи“, рече Лукаку.
Фоден добива нов договор во англискиот шампион
Челниците на Манчестер Сити подготвуваат нов договор за младиот фудбалер, Фил Фоден, кој сега ќе заработува речиси четири пати повеќе од актуелната сума.
Наводно, „граѓаните“ ќе му понудата на 21-годишниот фудбалер да остане на “Етихад“ и во наредните шест години и да добива неделна плата од 150.000 фунти.
Крилниот напаѓач во претходната сезона одигра 28 натпревари во Премиер-лигата и постигна девет голови.
Дибала бара висока плата за продолжување со Јувентус
Пауло Дибала бара од Јувентус во новиот договор да ги израмни неговите примања со Матијс Де Лихт, јавуваат италијанските медиуми додавајќи дека се јавија проблеми во преговорите помеѓу двете страни.
Годишната плата на Де Лихт во Јувентус е девет милиони евра, а со бонуси расте и до 12 милиони евра, што го прави најплатен играч во клубот.
Јувентус на Дибала во моментот му нуди девет милиони евра со вклучени бонуси.
Договорот на 27-годишниот Аргентинец со торинскиот клуб е до крајот на оваа сезона.