фудбал

Наполи го „краде“ Филип Костиќ

Спред пошувањата на италијанските медиуми, српскиот репрезентативец Филип Костиќ наредната сезона ќе игра во Серија А, меѓутоа тоа нема да биде ниту во Јувентус или Интер кои важеа за фаворити околу неговиот потпис.

Најголем интерес за Костиќ во моментот покажува екипата на Наполи. Од таму се подготвени за играчот на Ајнтрахт да платат 20 милиони евра.

Тренерот на Наполи очигледно е голем фан на Србинот за кого изјавува дека е играч каков му треба на Наполи и би било одлично доколку клубот успее да го ангажира.


Куман: Не се продаваат Депај и Де Јонг ако сакаме подобра Барса

Роналд Куман ја коментираше ситуацијата околу неговите сонародници Френки де Јонг и Мемфис Депај.

Двајцата холандски фудбалери беа привлечени на „Камп Ноу“ во негово време, но сега од различни причини силно се поврзуваат со заминување од Каталонците.

„Одржувам постојан контакт со Френки и Мемфис. Знам во каква ситуација се наоѓа Френки, но пред некој ден кажа и дека сака да остане. Неговата намера е да продолжи во Барселона и ништо друго. Тоа е единственото што го знам. Челси? Од моја гледна точка, ова би било многу тешко да се направи. Ова се гласини, не знам колку вистина има во нив. Барселона традиционално успева да ги задржи своите најдобри играчи. Ако сакате да се подобрите, не продавате играчи како Френки де Јонг. Мемфис минатата година дојде без пари од Лион и се покажа како одличен играч. Мислам дека тој е играч на ниво на Барселона и затоа потпишавме со него. Сега ситуацијата зависи од тоа дали Чави го сака или не, но за мене нема сомнеж дека е на нивото на Барса“, изјави Куман.


Фулам се засили со Германецот Бернд Лено

Германскиот голман од екипата на Арсенал, Бернд Лено се договорил со Фулам.

Според информацијата, голманот и повратникот во Премиерлигата веќе се договориле за се. Висината на трансферот се уште е предмет на договор меѓу двата клуба.

Арсенал бара околу 12 милиони евра за трансферот, но Фулам не сака да даде повеќе од 10 милиони. Претходно беше објавено дека германскиот репрезентативец се надева дека ќе добие поголема минутажа за да се избори за место во тимот на Германија кој ќе игра на Светското првенство во Катар во 2022 година.


Реина по седумнаесет години се врати во Виљареал

Пепе Реина го напушти италијански Лацио и во новата сезона ќе има нов клуб.

Реина се врати во тимот на Виљареал и потпиша едногодишен договор. Во шпанскиот тим Реина ќе ја има улогата на резервен чувар на мрежата.

За Реина ова е враќање во Виљареал после 17 години кога направи трансфер во Ливерпул. Голот на Лацио Реина го чувареш од 2020 година, а покрај Ливерпул и Виљареал настапуваше уште за Астон Вила, Милан, Наполи, Баерн Минхен и Барселона.


Вилшир ја заврши играчката кариера

Бившиот фудбалер на Арсенал и некогашен англиски репрезентативец Џек Вилшир соопшти дека става крај на својата играчка кариера.

30-годишниот Вилшир изникна во фудбалската академија на Арсенал, а негов последен клуб во кариерата беше данскиот Архус.

Англискиот фудбалер ги помина сите репрезентативни селекции на Англија, а за А селекцијата одигра 34 натпревари и постигна два гола.


Арсенал сака да го врати Гнабри

Арсенал сака да го врати во своите редови крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Серж Гнабри.

Гнабри својата професионална кариера ја започна токму во Арсенал кога во 2011 година во клубот пристигна на 16.годишна возраст од Штутгарт.

Германскиот репрезентативец го напушти клубот од Лондон во 2016.година, иако тогашниот тренер на Арсенал Арсен Венгер сакаше да ја продолжи соработката со фудбалерот.

Гнабри од Арсенал замина во Вердер за само после една сезона да потпише со Баерн Минхен. Со доаѓањето на Мане во Баерн, Гнабри не е сигурен за своето место во тимот, па така разгледува опции за премин во други клубови, а една од опциите е Арсенал.


Интер достави прва понуда за Бремер

25-годишниот дефанзивец на екипата на Торино, Бремер несомнено е едно од најпосакуваните трансфер имиња во Серија А. Бразилецот одлично се развиваше во Торино и беше избран за најдобар дефанивец во сезоната, а сега е на пат да ја промени средината.

Интер е сериозно заинтересиран за неговиот потпис, но преговорите за сумата која „нероаѕурите“ би ја платиле за неговата слобода засега се во застој. Торино бара 40 милиони евра за својот стартен дефанзивец, додека Интер сака да ја намали сумата, со тоа што во договорот за Бремер сака да го вклучи младиот 19-годишен фудбалер Чезаре Касадеј, кој е централен играч за врска и актуелен италијански репрезентативец до 19 години.


Мурињо го бара Заха во Рома

Англиските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Кристал Палас, Вилфред Заха, би можел својата кариера да ја продолжи во Рома.

Рома и тренерот Жозе Мурињо се во потрага по фудбалер за нападот на тимот, бидејќи можно е клубот да го напушти Николо Заниоло. Една од опциите за нов напаѓач е 29-годишниот Заха.

Вилфред Заха е еден од најдобрите фудбалери на Кристал Палас. Тој веќе подолго време се обидува да го напушти клубот од Лондон, но проблем е виокото обештетување кое се бара за него.

Заха би сакал да соработува со Мурињо, но ќе треба да се почека на договор помеѓу двата клуба.


Фиорентина се засили со Лука Јовиќ од Реал

Фудбалскиот репрезентативец на Србија Лука Јовиќ потпиша договор со екипата на Фиорентина.

Италијанскиот клуб соопшти дека 24-годишниот доскорешен играч на Реал Мадрид, ги помина лекарските прегледи во Фиренца. Фиорентина го претстави својот нов напаѓач на својот официјален веб сајт и преку друштвените мрежи. Италијанските медиуми пренесуваат дека Јовиќ од Реал пристигна без обештетување, но клубот од Мадрид ќе добие 50 % од наредниот трансфер на играчот.

Лука Јовиќ во минатото има настапувано за Црвена Звезда, Бенфика, Ајнтрахт и Реал. Тој има одиграно и 26 натпревари за српската репрезентација.


Платини и Блатер ослободени од обвинението за корупција

Судот во Швајцарија пресуди дека поранешните први луѓе на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини не се виновни за корупција.

Против Блатер и Платини се водеше процес по обвинението дека двајцата функционери направиле проневера на два милиони швајцарски франци. После долги години на истрага сепак судот одлучи дека нема доволно докази за обвинението.