фудбал

Анчелоти: Ливерпул има потешка подготовка за финалето од нас

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, одржа прес-конференција пред последниот натпревар сезонава во Ла Лига на „Лос Бланкос“. Мадрид е домаќин на победникот на Купот – Бетис на „Сантијаго Бернабеу“.

„Расположението е многу позитивно. Сакаме да направиме добар последен натпревар од сезоната пред нашите навивачи. Испраќаме прекрасна сезона и сакаме да им изразиме благодарност на навивачите“, изјави 62-годишниот стручњак.

Тој беше прашан и за претстојното финале во Лигата на шампионите против Ливерпул на 28 мај. 

„Природно е да има некоја нервоза пред финалето на Лигата на шампионите. Ова е огромен натпревар. Мислам дека Ливерпул има потешки недели до финалето од нас, бидејќи се подготвува за голем, важен натпревар овој викенд. Веќе го прославивме триумфот во првенството. Тие го прославија освојувањето на ФА Купот“, изјави Анчелоти.


Трајковски го освои првиот трофеј во Саудиска Арабија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски успеа да го освои својот прв трофеј во Саудиска Арабија. Тој и неговиот тим Ал Фејха направија огромен успех освојувајќи го Кралскиот куп во Саудиска Арабија. Во финалето во Џеда, Ал Фејха го победи фаворизираниот Ал Хилал на пенали, со 3-1, откако во регуларниот тек, а и по 120 минути, мечот заврши 1-1.

Трајковски беше стартер во тимот на Ал Фејха.


Лампард: Горд сум на мојата тренерска работа во Евертон

Тренерот на Евертон, Френк Лампард, беше среќен после пресвртот и победата од 3:2 над Кристал Палас, со која тимот од Ливерпул обезбеди опстанок во Премиер лигата.

„Ова е неверојатно. Еден од најголемите моменти во мојата фудбалска кариера. Овај клуб е посебен и многу сум горд што сум тренер на Евертон. Сите видовте колку ни значи оваа победа. Екипата покажа карактер. Навивачите ни дадоа силна поддршка, а играчите заслужуваат голем респект за својата игра“, изјави Лампард.


Лампард: Горд сум на момците, завршивме голема работа

Френк Лампард кој е на чело на Евертон, по победата над Кристал Палас во одложениот натпревар од 33. коло на Премиерлигата изјави дека е горд што успеаја да се спасат од испаѓање на едно коло пред крајот.

„Ова е еден од најголемите моменти во мојот фудбалски живот и кариера. Во принцип, имав многу среќа што имав прекрасни времиња, особено во Челзи како играч и менаџер. Кога сте блиску до чувството на очај што може да го донесе испаѓањето, тоа е поинаку. Треба да копате во себе. Губиш натпревари, се бориш за нешто, а потоа губиш уште еден натпревар. Овој клуб е посебен и горд сум што вечерва сум менаџер на Евертон“, вели Лампард.


Заглавени преговорите околу новиот договор на Нојер со Баерн Минхен

Германските медиуми објавуваат дека голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер сеуште го нема обновено својот договор со клубот, и неизвесно е дали воопшто ќе се постигне нов договор.

Ситуацијата со 36-годишниот голман е слична со онаа на напаѓачот Роберт Левандовски. Нојер сака да потпише нов договор со важност до 2025 година, но раководните лица во Баерн Минхен не се убедени дека тој ќе го задржи потребното ниво на учинок во следните три сезони.

Актуелниот договор на Нојер со Баерн истекува во јуни 2023 година. Тој во клубот пристигна во 2011 година од екипата на Шалке, и досега со баварците има освоено 27 трофеи


Сити фрли око на Калвин Филипс од Лидс

Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече англискиот репрезентативец Калвин Филипс од Лидс, тврди утринава весникот „Сан“. „Граѓаните“ се во потрага по нов играч за врска, бидејќи се очекува на лето тимот да го напушти Фернандињо, а можеби и Илкај Гундоган, за кого во последните денови се интензивираа шпекулациите дека ќе се пресели во друг клуб.

На менаџерот на тимот Пеп Гвардиола му се допаѓа играчот од средниот ред на Лидс и неговата способност да работи подеднакво добро во двете фази од играта. Се очекува Лидс тешко да се раздели со играчот и да побара сериозна сума за околу 50 милиони евра за Филипс. Во зима одбија понуда вредна 50 милиони фунти од Вест Хем и се очекува да побараат меѓу 60 и 70 милиони фунти. Минатото лето Манчестер Сити плати 100 милиони за Џек Грилиш од Астон Вила, но не успеа во обидите да го привлече Хари Кејн.

Филипс е меѓу опциите за засилување на средниот ред на градскиот ривал Манчестер Јунајтед, но „Сан“ тврди дека ќе преферира понуда на шампионите доколку треба да избере.


Ауар од Лион е најсериосен кандидат за наследник на Тилеманс во Лестер

Челниците на Лестер пронајдоа замена за Јури Тилеманс кој во текот на летото веројатно ќе си замине од таборот на „лисиците“ бидејќи за него се заинтересирани повеќе европски гиганти.

Наводно, англискиот состав е заинтересиран за ѕвездата на Лион, Усем Ауар. 23-годишниот француски репрезентативец има трансферна вредност од околу 30 милиони евра.

Ауар потекнува од школата на „лавовите“ и целата кариера ја помина во татковината. Тој има одиграно 214 натпревари со ефект од 39 голови и 35 асистенции.


Еди Хау добива милиони за летниот преоден рок на Њукасл

Тренерот на фудбалерите на на Њукасл, Еди Хау, планира да купува нови фудбалери во текот на летото иако во јануари потроши повеќе од 90 милиони фунти за засилувања.

„Тешко е да се планира летната селекција бидејќи пазарот е многу непредвидлив. Имам идеја за тоа какви играчи сакам и како треба да изгледа тимот. Промените што ги планирам може да се направат иако ќе биде многу тешко. Ќе видиме што ќе се случи“, вели менаџерот на Њукасл.


Арсенал спрема понуда за Депај

Шпанските медиуми објавуваат дека Арсенал сака да го доведе во своите редови Мемфис Депај, и за таа цел спремаат понуда до Барселона од 45 милиони евра.

Одличните игри во Лион, и солидните партии во Барселона изминатава сезона,  ги наведоа раководните лица во Арсенал да размислуваат за ангажман на 28-годишниот Холанѓанец, кој би бил замена за Лаказет доколку Французинот се одлучи да замине од лондонскиот клуб.

Наводно за Депај, постои интерес и од екипите на Евертон и Њукасл Јунајтед. Евертон е опција доколку обезбеди премиерлигашки статус и наредната сезона.


Севиља нема да го откупи, Марсијал се враќа во Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Севилја, Ентони Марсијал, ќе го пропушти натпреварот против Атлетик Билбао во последното сезонско коло во Примера Дивизион.

Французинот кој заработи повреда на мечот со Мајорка  настапува како позајмен во шпанскиот состав. Тој од јануари реализираше само 12 натпревари на кои постигна еден гол и запиша една асистенција.

Затоа тимот од стадионот – „Рамон Санчез Писхуан“ нема да ја искористи опцијата за откуп и ќе го врати на „Олд Трафорд“.