фудбал

Стефан Спировски го напушти АЕК Ларнака

Репрезентативецот Стефан Спировски повеќе не е дел од АЕК Ларнака. Двете страни се договориле за прекин на соработката, па Спировски ќе треба да бара нова средина.

Раскинот го објави неговиот клуб, а Спировски се наоѓа со националниот тим на подготовки за дуелите со Ерменија, Исланд и Романија.

Спировски дојде во АЕК Ларнака од тимот на Хапоел Тел Авив, а претходно беше дел од Ференцварош. Играше и за Вардар, Пелистер, Работнички, Берое и Борец Чачак.


Реал го претстави Камавинга

Реал Мадрид  потврди дека Едуардо Камавинга се приклучил на неговите редови, 18-годишното чудо од дете, кој играше за Рен и француската репрезентација.

Кралскиот клуб плати околу 31 милиони евра како компензација, покрај бонусите. Фабрицио Романо напиша дека младиот фудбалер го избрал Реал пред Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Камавинга е најмладиот дебитант во историјата на Рен, дебитирајќи на 16 години и еден месец. За Рен одигра 100 натпревари и постигна шест гола.

Според Трансфермаркт, тој вреди 55 милиони евра. Тој дебитираше за француската репрезентација на 8 септември минатата година на натпреварот од Лигата на нации против Хрватска.


Барса го позајми Албанецот Реј Манај во Специја

Тиаго Мота ја презеде Специја по крајот на минатата натпреварувачка сезона и во првите две рунди освои еден бод во новата натпреварувачка кампања, за која сега си обезбеди едно засилување од клубот чии бои ги бранеше во играчката кариера.

Роналд Куман изминатиов викенд се пожали дека во тренерскиот курс не го научиле да се справува со 32-ца играчи во еден тим и испрати јасна порака дека сака ослободување на ростерот од играчи на кои не смета за новата сезона, а во последниот ден од летниот преоден рок, Реј Манај го режираше првиот трансфер од „Камп Ноу“.

Албанскиот фудбалер добиваше минутажа во пресезоната, но на стартот на сезоната во Примера веднаш му беше ставено до знаење дека нема место за него во тимот на Куман, ситуација која сега ја искористи поранешниот играч за врска на каталонскиот гигант.


Дански Алборг е новиот клуб на Александар Трајковски

Александар Трајковски си заминува од Мајорка и се сели во најсилниот дански фудбалски шампионат.

Нашиот напаѓач не беше во плановите на тренерот на шпанскиот прволигаш Луис Гарсија Плаза, па тоа беше јасен знак дека треба да си побара нова средина.

Според информациите до кои дојде „Дерби“ , вториот најефикасен играч во историјата на македонската репрезентација ќе потпише за четирикратниот дански шампион Алборг.

Станува збор за позајмица до крајот на актуелнава сезона при што поголемиот дел од неговата плата ќе ја покрива Мајорка.


Јапонецот Томиасу потпиша за Арсенал

Арсенал постигна договор за трансфер на јапонскиот дефанзивец од Болоња, Томиасу.

22-годишниот Јапонец покажа одлични игри во Серија А, а може да игра како централен дефанзивец и како десен бек.

Болоња за неговата слобода бараше 25 милиони евра, а интерес за Томиасу покажаа неколку европски гиганти.

Арсенал успеа да ја победи конкуренцијата и го договори трансферот за 20 милиони евра плус 3 милиони како бонуси.


Хендерсон останува на „Енфилд“ до 2025 година

Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон до лето 2025 година го продолжи договорот со премиерлигашот Ливерпул за кој настапува уште од 2011 година.

Со текот на годините минати во овој клуб научив многу работи и станав подобра личност. Благодарен сум поради тоа на голем број луѓе, изјави Хендерсон по потпишувањето на новиот договор.

За Ливерпул досега одигра 394 натпревари на кои постигна 30 голови, а играчот за врска со својот долгогодишен клуб освои и пет трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампиони и Премиер лигата.

Претходно во кариерата, Хендерсон настапуваше за Сандерленд и Ковентри.


Муслиу: Добро ги познаваме Ерменците, но мора да се намачиме

Македонската фудбалска репрезентација синоќа почна со првите тренинзи во пресрет на трите квалификациски меча кои не очекуваат во наредните денови. Под водство на новиот селектор Благоја Милевски, репрезентативците почнаа со подготовка на стратегијата за првиот ривал, селекцијата на Ерменија.

Еден од столбовите во нашата одбраа, Висар Муслиу, во очекувањ ена дуелот со Ерменците изјави:

„Среќен сум што сум дел од оваа репрезентација. Првите три натпревари во квалификациите за СП 2022 беа според планот со бодовите, но треба уште да се подобриме во следните средби. Мора да се прилагодиме на плановите и на идеите на новиот стручен штаб, но тоа мислам дека многумина од нас го знаат, затоа што сме работеле со Милевски и за брзо време ќе биде се како што треба. Прв натпревар ќе ни биде Ерменија, секоја година играме со овој ривал во изминатиот период. Ги имаме анализирано повеќе пати, но мора да покажеме на терен што и како умееме“, изјави Муслиу.


Месиас од Кротоне се сели во Милан

Tимот на Милан во самиот финиш од преодниот рок го доведе Жуниор Месиас од италијанскиот второлигаш Кротоне.

Оваа одлука е изненадување затоа што Месиас не е играч познат во Италија, а не па во светскиот фудбал. Станува збор за играч кој игра како напаѓач и во Серија А минатата сезона постигна девет голови на 36 натпревари. Тоа е негова единствена сезона во најелитната италијанска лига затоа што сезонава со Кротоне ќе игра во Серија Б.

Пред две сезони тој играше и во Серија Ц каде го носеше дресот на Гозано и Чиери Калчо.

Дефинитивно ова е еден од најчудните трансфери ова лето.


Барса го продава Емерсон во Тотенхем

Барселона и Тотенхем постигнаа договор за трансфер на десниот бек Емерсон.

Откако Барса ја одби првата понуда, Тотенхем испрати нова понуда и се доближи до сумата од 30 милиони евра, па каталонскиот клуб ја прифати.

Барселона го купи Емерсон пред речиси три години од Атлетико Минеиро, но тој играше на позајмица во Бетис претходните две сезони, каде што остави многу добар впечаток.

Тој досега одигра три настапи за Барселона оваа сезона, но Барселона поради финансиската состојба реши да го продаде.


Португалецот Рубен Диас го продолжи договорот со Манчестер Сити

Најдобриот играч на Манчестер Сити минатата сезона, Рубен Диас денес стави потпис на нов договор.

Според новиот договор Диас со обврза на верност со „граѓаните“ до 2027 година и ќе добие значително зголемување на платата.

„Диас доби двојно повисока плата и во наредните шест години ќе добива 165.000 фунти неделно.

Португалецот пристигна од Бенфика минатото лето и се етаблираше во еден од клучните играчи во тимот на Гвардиола.