фудбал

Сити спремен да испрати понуда за Кварацхелија

Квича Кварацхелија игра одлично во дресот на Наполи, па Пеп Гвардиола и сака да го доведе во Манчестер Сити.

Кварацхелија веќе на првите натпревари во дресот на Наполи го воодушеви фудбалскиот свет и покажа дека може да биде нова голема фудбалска ѕвезда.

Наполи за неговиот потпис плати 10 милиони евра, а сега неговата цена вртоглаво порасна.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гвардиола нема да жали пари за да го довесе на „Етихад“ и е спремен да понуди 75 милиони евра за неговиот потпис.


Гери Невил: Ова со Роналдо мора да заврши што поскоро

Манчестер Јунајтед освои четири бода на последните два натпревари во Премиер лигата против Тотенхем и Челзи, два натпревари на кои најголемата ѕвезда во екипата Кристијано Роналдо не одигра ниту една минута.

На средбата со „петлите“ тој дури одби да влезе во игра и предвреме замина во соблекувалната по што беше санкциониран од клубот. менаџерот Тен Хаг кој реши да го отстрани од првата екипа и да не биде во комбинација за средбата со „сините“,

„Завршето го оваа недела или создадете примирје до Светското првенство и потоа прекинете го. Ова мора да заврши“, истакна Гери Невил.


Унаи Емери е нов тренер на Астон Вила

Фудбалскиот клуб Астон Вила соопшти дека за нов тренер на екипата е назначен шпанскиот стручњак Унаи Емери.

Досегашниот тренер на Виљареал го раскина договорот со шпанскиот клуб, и веднаш потоа потпиша договор за соработка со Астон Вила.

Емери на клупата на Астон Вила ќе го замени Стивен Џерард, кој во четвртокот доби отказ поради остварените слаби резултати.

За Унаи Емери ова ќе биде повторно враќање во Премиер лигата, каде претходно го водеше лондонски Арсенал.


Мајкл Керик ја презеде клупата на Мидлзборо

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, е именуван за нов тренер на Мидлзборо.

41-годишниот Керик, на клупата на клубот од Чемпионшип ќе го наследи Крис Вајлдер кој неодамна беше отпуштен од позицијата. За Мајкл Керик ова ќе биде прв ангажман на тренерската позиција, откако кон крајот на 2021.година беше привремен тренер во Манчестер Јунајтед, после отказот на Оле Гунар Солскјер.

Екипата на Мидлзборо во моментот е на 21.место од табелата во англискиот Чемпионшип.


Симеоне: Се радувам, повторно го имам оној стариот Антоан Гризман

Францускиот напаѓач Антоан Гризман постепено ја враќа познатата форма која пред неколку години го направи еден од најдобрите светски фудбалери. Такво мислење искажа и тренерот на мадриѓани, Диего Симеоне по победата од 2:1 над Бетис, која ја обезбеди токму со головите на Французинот.

„Во моментов го гледаме оној Гризман кој го познаваме. Ни требаат такви луѓе кои ги разбираат соиграчите и имаат одлични односи со нив“, изјави Симеоне по победата против Бетис.

Гризман сега има 147 гола за Атлетико и со тоа го надмина Пако Кампос на третото место во листата на најдобри голгетери во историјата на клубот.


Спалети: Мојот Наполи одлично се снајде против замките на Мурињо

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети беше исклучително задоволен од победата над Рома од 1-0. Наполитанците со овој успех ја продолжија серијата од 11 последователни победи во сите натпреварувања. Менаџерот призна дека неговиот тим морал да го смени начинот на кој играл за овој натпревар, но бил задоволен што неговиот план функционирал.

„Не сакам да ги коментирам зборовите на Мурињо или на некој друг. Ќе направам своја анализа на натпреварот. Тоа беше натпревар полн со замки, но мојот тим се снајде добро, иако имаше некои грешки во конструкцијата на нападите. Излеговме од тие ситуации без да ја загубиме формата. Моравме да играме на нетипичен начин за нас, но тоа е уште еден плус што сепак успеавме да победиме“, изјави Спалети.


Рафаел Варан неизвесен за настап на Мундијалот во Катар

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и француски репрезентативец, Рафаел Варан, заработи повреда на дерби натпреварот од Премиер лигата со Челзи.

Натпреварот кој се одигра на Стенфорд Бриџ заврши нерешено 1:1, а Варан поради повреда во 60.минута мораше да го напушти теренот.

Оваа повреда сигурно донесе немир не само во Манчестер Јунајтед, туку и во француската репрезентација, па селекторот Дешамп ќе биде во исчекување за сериозноста на повредата која би можела да го спречи настапот на Варан на СП во Катар.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, после мечот изјави дека повеќе детали за карактерот на повредата се очекуваат во наредните 24 часа.


Челзи се интересира за Холанѓанецот Данџума

Челзи покажува сериозен интерес за крилото на Виљареал, Арно Данџума, пренесуваат медиумите на Островот. „Сините“ сакаат да го засилат нападот во зимскиот преоден рок и се насочиле кон 25 годишниот крилен напаѓач на Виљареал.

Данџума го привлече вниманието на себе минатата сезона кога блескаше со 16 гола и 4 асистенции, а особено импресивни настапи имаше во Лигата на шампиони. Интерес за него покажуваат неколку европски гиганти, но Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата.


На денешен ден е роден Вејн Руни

Роден: 24.10.1985 г

Место на раѓање: Ливерпул, Мерсисајд, Англија

Возраст: 37 години

Тој е еден од двајцата англиски фудбалери кои ја освоиле Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите на УЕФА, Лига Купот, Лигата на Европа на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.


Кин: Кристијано Роналдо не е фолирант

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, застана во одбрана на Кристијано Роналдо кој е префрлен во вториот тим поради непромислениот потег на дуелот со Тотенхем кога пред време го напушти стадионот. „Се обидувам ги согледам работите од негова страна. Очигледно е дека ситуацијата во која се наоѓа му дојде „преку глава“. Tој е човек има недостатоци. Затоа сум на негова страна. Денешниот фудбал е полн со фолиранти, тој не е еден од нив. Тој е играч од светска класа“, потенцираше легeндата на „црвените ѓаволи“.