фудбал

Гвардиола: Следен чекор е пауза, па преземање на репрезентација

Пеп Гвардиола изјави дека по завршувањето на договорот со Манчестер Сити би можел да седне на клупата на некоја репрезентација.

Овој 50-годишен фудбалски стратег е еден од најдобрите тренери на сите времиња, откако освојуваше титули со Барселона, Баерн и Манчестер Сити.

Клупата на англискиот клуб ја презеде во 2016. година, а последниот договор го врзува до 2023. година, кога планира да земе пауза.

Негова амбиција е еден ден да биде селектор на некоја репрезентација и да ја почувствува магијата на Копа Америка, Европско првенство или Светско првенство.

„Следен чекор ќе биде репрезентација, доколку се појави прилика. Пров морам да направам пауза по седум години поминати во Сити. Морам да паузирам и да гледам, учам од другите тренери и можеби да тргнам по тој пат. Би сакал да водам екипа на Европско првенство, Копа Америка или Светско првенство.“ – рече Гвардиола.


Манчестер Јунајтед – Вест Хем највозбудлив пар во третото коло на Карабао Купот

Синоќа се извлекоа паровите за третото коло на англискиот Карабао Куп, а од најголемите фаворити за трофејот, на ждрепката најлошо поминаа Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

„Црвените ѓаволи“ ќе му бидат домаќини на Вест Хем уште во оваа рунда во дерби натпревар кој ќе предизвика поголем интерес и е највпечатливиот пар од оваа рунда, а тука некаде е и пресметката меѓу Вулверхемптон и Тотенхем.

Арсенал помина многу подобро и ќе игра на домашен терен против АФЦ Вимблдон, а истото важи и за Манчестер Сити, кој за противник го доби Вајкомб.

Ливерпул ќе му гостува на Норич во дуел во кој ќе биде голем фаворит, додека Челси ќе има незгоден противник во Астон Вила.

Манчестер Ј. – Вест Хем

Манчестер С. – Вајкомб

Волвс – Тотенхем

Норич – Ливерпул

Арсенал – АФЦ Вимблдон

Челси-Астон Вила

Фулам-Лидс

КПР-Евертон

Престон-Челтенам

Брентфорд-Олдам

Вотфорд-Стоук

Виган-Сандерленд

Барнли-Рочдејл

Шефилд Ј-Саутемптон

Милвол-Лестер

Брајтон-Свонси


Хајдари позитивен на ковид-19, Канатларовски без битен фудбалер во квалификациите

Селекторот до 21 година Драган Канатларовски нема да смета на еден од планираните младински репрезентативци на стартот од септемвриските квалификации.

Адриан Хајдари, дефанзивецот на Рапид Виена добил позитивен тест на Ковид-19 и ќе мора да оди во изолација.

Во овие моменти не е познато дали тој ќе може да и помогне на Македонија во претсојните два натпревари. Македонија прво игра со Франција на 2 септември, па со Србија на 7 септември.

Ќе потсетиме, во А селекцијата поради позитивен на коронавирус под знак прашалник е Бобан Николов.


Суперкомпјутер одреди кој ќе ја освои Премиер лигата

Првите две кола во Премиер лигата се веќе зад нас, а англиските медиуми повторно го активираа суперкомпјутерот, чија задача е да го прогнозира расплетот на целата сезона и местата кои ќе ги освојат екипите.

Според суперкомпјутерот, Манчестер Сити ќе ја одбрани титулата, а донекаде очекувано, во Топ 4 ќе се најдат и Челси, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Тотенхем ќе мора да се задоволи со петтата позиција, додека алгоритамот на суперкомпјутерот пресмета дека Аренал ќе заврши на осмото место и ќе остане без европски пласман.

Најавената табела го промовира Брајтон како најпозитивно изненадување и екипа која ќе ја заврши сезоната на седмото место.

Трите екипи кои нема да обезбедат опстанок се Кристал Палас, Норич и Вотфорд.


Интер се договори со Лацио, трансферот на Кореа пред реализација

Италијанските медиуми потврдија дека Интер и Лацио постигнале договор за трансфер на Хоаким Кореа. Интер беше во потрага по напаѓач после заминувањето на Лукаку, а изборот падна на Кореа, кој беше голема желба на тренерот Инзаги.

Двата клуба постигнале договор за трансфер тежок 31 милион евра и се очекува Аргентинецот вечерва да пристигне во Милано.

Кореа утре треба да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договор со Интер до 2026 година.


Јани Атанасов дополнително повикан во македонската репрезентација

Фудбалерот од средниот ред на сплитски Хајдук, Јани Атанасов доби повик од селекторот Благоја Милевски да биде дел од А репрезентацијата на Македонија за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство. Поранешниот капитен на Македонија до 21 година добива шанса да биде дел од најдобриот национален состав откако стана извесно дека Аријан Адеми од Динамо Загреб нема да може да се стави на располагање на тимот за натпреварите  против Ерменија (2. септември), Исланд (5. септември) и Романија (8. септември). Неизвесно е доаѓањето и на Бобан Николов од молдавски Шериф. 

Соочени со неможноста на Адеми поради здравствени причини да му се приклучи на тимот и неизвесноста со евентуалното доаѓање на Николов, стручниот штаб во А репрезентацијата прати дополнителен повик до Јани Атанасов, фудбалер кој игра на позицијата на Адеми и со своите играчки карактеристики е најблиску до тоа што евентуално би ни било потребно.


Запакоста го напушти Челзи и потпиша со Аталанта

Повремениот италијански фудбалски репрезентативец, Давиде Запакоста, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Аталанта.

Тој по четири сезони си замина од Челзи бидејќи не ја доби вистинската шанса и постојано беше испраќан на позајмица. 29-годишниот играч  потпиша за „сините“ во 2017-та, но, во последните две сезони играше како позајмен во „Серија „А“ за екипите на Рома и на Џенова.

Десниот бек и претходно го носеше дресот на екипата од Бергамо и тоа во сезоната 2014/15.


Фиорентина го доби Тореира на позајмица од Арсенал

Фудбалскиот состав на Арсенал времено се ослободи од Лукас Тореира кој го напушти Лондон и замина во Фиорентина.

Тој деновиве треба да биде промовиран како засилување за екипата од Фиренца. Уругваецот кој има играно за Пескара и Сампдорија, сега се враќа како позајмен играч во Серија А со опција „виолетовите“ да го откупат неговиот договор за 16 милиони евра.

Тореира со неговото искуство, треба биде одлично засилување во средниот ред за италијанскиот тим.


Клубовите не ги пуштаат репрезентативците во загрозените земји од ковид, ФИФА мора да реагира

Премиерлигашите нема да им дозволат на околу 60 фудбалери да настапат во септемврските квалификации за СП.

Тоа се репрезентативци на земјите кои се ставени на црвената листа на Велика Британија поради состојбата со коронавирусот. Тие пак, што ќе се вратат на островот, ќе мора да поминат десет дена во карантин.

Според проценката станува збор за играчи од 19 клубови што ќе биде голем удар за многу репрезентации кои се во трката за место на Мундијалот во Катар.


Милевски повика тројца дебитанти и тројца повратници во репрезентацијата

Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Балгоја Милевски, денеска го објави поширокиот список за септемврските квалификациски мечеви со Ерменија, Исланд и Романија.

Кај голманите се повикани: Димитриевски, Шишковски, Илиев и Јанков. Во одбраната: С. Ристовски, Велковски, Муслиу, К.Ристевски, Алиоски, Тодоровски, Ашковски, Зајков и Серафимов. За средниот ред ќе конкурираат: Елмас, Барди, Спировски, Костадино и Аврамовски. На списокот се ставени и Боби Николов кој е позитивен на Ковид и повредениот Адеми. Милевски во нападот ги повика : Јаховиќ, М. Ристовски, Миовски, Чурлинов, Трајковски и Ѓорѓев.

Македонија на 2 септември ќе ја пречека Ерменија во Скопје, три дена потоа ќе оди на Исланд додека на 8 септември ќе и биде домаќин на Романија.