Миленковиќ примарна цел на Фиорентина во летниот преоден рок
Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување
на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.
Интер на лето ќе остане без Скриниар, кој заминува во ПСЖ како
слободен агент, а најверојатно ќе замине и Де Врај. Поради тоа Интер
сака да доведе најмалку еден дефанзивец, а примарна цел е
Миленковиќ од Фиорентина.
Србинот веќе неколку сезони игра одлично во Серија А и смета дека е
вистински момент за чекор напред во кариерата.
Интер веќе стапил во контакт со неговиот агент и спрема понуда од 15
милиони евра, додека
УЕФА казни единаесет клубови заради неподмирени долгови кон фудбалерите
Финансиското тело на УЕФА ги суспендира : Арис (Грција), Астана
(Казахстан), Борац Бања Лука (БиХ), Клуж (Романија), Флоријана
(Малта), Коњаспор (Турција), Жар (Казахстан), Олимпија Љубљана
(Словенија), Осијек и Ријека (Хрватска) и Валмира (Летонија).
Одлуката е донесена по детална анализа и поради непочитување на
финансиските регулативи пропишани за сезоната 2022/23. Станува
збор за долгови за плати и за направени трансфери.
Сите ќе добијат дополнителна казна од 10.000 евра доколку не ги
исплатат долговите до крајот на месецов.
Скалони првпат го повика Гарначо во репрезентацијата на Аргентина
Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел
Скалони денеска го објави списокот на играчи за претстојните
пријателски натпревари против Панама и Курасао.
Во првите натпревари по освојувањето на светското првенство во
Катар, Аргентина ќе игра со Панама на 23 март на „Монументал“ во
Буенос Аирес, додека пет дена подоцна ќе биде домаќин на Курасао
во Сантијаго дел Естеро.
На списокот на Скалони, меѓу другите, се Лионел Меси, Анхел ди
Марија и Алехандро Гарначо, кој го доби првиот повик по одличните
настапи за Манчестер Јунајтед.
Претходно оваа недела федерацијата му го продолжи договорот на
Скалони до 2026 година.
Реал Мадрид најверојатно нема да се вклучи во евентуално наддавање
за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, пренесува „АС“.
Се очекува Белингам да биде најбараниот фудбалер ова лето, а за него
интерес покажуваат Реал Мадрид, Ливерпул и клубовите од
Манчестер, додека Борусија за неговата слобода бара 150 милиони
евра.
Поради тоа Реал се откажал од Белингам и ќе се фокусира на
ангажман на друга ѕвезда.
Реал нема намера да потроши рекордна сума за Белингам, а најавите
се дека Модриќ и Крос ќе останат уште една сезона во „кралскиот“
клуб.
Тоа не значи дека Реал дефинитивно се откажал од Англичанецот, но
не е спремен да понуди повеќе од 100 милиони евра.
Икарди се враќа во Италија, Милан и Рома загреани да го доведат
Мауро Икарди на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат
италијанските медиуми. Икарди оваа сезона игра во Галатасарај како
позајмен фудбалер од ПСЖ и во Турција си ја „оживеа“ кариерата.
Аргентинецот е во извонредна форма и оваа сезона на 13 меча
постигна 9 гола и 6 асистенции. Икарди на лето ќе се врати во ПСЖ,
но јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, а интерес за него
покажуваат италијанските клубови.
Неговата менаџерка, Ванда Нара за италијанските медиуми потврди
дека Милан и Рома ја контактирале и покажале силен интерес за
напаѓачот.
29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да
прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.
Барса пак мора да продава за да преживее
Медиумите во Шпанија објавија дека челниците на фудбалскиот
состав Барселона ќе мора да се ослободат од повеќе играчи за да
можат да го балансираат лимитот за плати и со тоа да купат
засилувања.
Според непотврдени информации, Каталонците се во големи долгови
и со сегашниот ростер дефинитивно не може да ги исполнат
условите.
Во текстовите се вели дека шпанскиот гигант ќе мора да се ослободи
од играчи чија вкупна вредност надминува 200 милиони евра.
ПСЖ го продава капитенот Кимпембе?
Откако стана јасно дека Милан Шкриниар нема да го продолжи
договорот, раководството на Интер ја започна потрагата по негова
замена.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва мета на „нероаѕурите“ е
капитенот на ПСЖ, Приснел Кимпембе, кој оваа сезона добива мала
минута. Со доаѓањето на Шкриниар во ПСЖ неговата минутажа
додатно ќе се намали, па Французнот е спремен да ја промени
средината.
Вредноста на 27-годишниот дефанзивец во моментов е околу 40
милиони евра, но Интер ќе мора да ја победи конкуренцијата.
Имено, за Французинот интерес покажуваат уште Јувентус и
клубовите од Премиер лигата.
Серхи Роберто добива нов договор на „Камп Ноу“
Дефанзивецот на Барселона, Серхи Роберто ќе го продолжи договорот
со клубот денеска или најдоцна утре. Според информациите на
шпанските медиуми, актуелниот договор на шпанскиот фудбалер со
Барселона истекува на крајот од сезоната, но веќе се е договорено за
новата соработка.
Денеска Роберто треба да дојде во попладневните часови на состанок
во канцеларијата на клубот на кој ќе биде и официјалното
потпишување на новиот договор.
31-годишниот дефанзивец е дете на Барселона. Тој е во тимот од 2006
година.
Приоритет на Рамос му е да остане во ПСЖ
Иако има понуда од Саудиска Арабија, Серхио Рамос најверојатно ќе
остане и следната сезона во дресот на француски ПСЖ. Според
француски „Л’Екип“, Рамос е во напредни преговори со ПСЖ и
доколку нема непредвидени ситуации, Рамос ќе остане во ПСЖ и
следната сезона.
Според информациите, агентот на Серхио Рамос се надева на нов
договор за да може престојот во Париз да продолжи и по оваа сезона.
Во ПСЖ се расположени да му понудат нова едногодишна соработка,
која веројатно ќе се случи во скоро време.
Хаверц заминува од „Стемфорд бриџ“ ова лето?
Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц на лето би можел да го напушти Челзи, пренесуваат англиските медиуми.
Германецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а медиумите тврдат дека сака да ја промени средината на крајот на сезоната.
Хаверц веќе го известил својот агент и доколку Челзи не избори пласман во Лигата на шампиони тој сигурно ќе побара трансфер. Хаверц има договор со „сините“ за уште две години, а медиумите тврдат дека силен интерес за него покажува Баерн Минхен.
Челзи нема да се противи на неговото заминување и му поставил цена од 60 милиони фунти.