Италијанскиот фудбалски клуб Милан и голманот Мајк Мењан се согласија за продолжување на соработката.
Новиот договор на францускиот голман со италијанскиот клуб ќе важи до 2031 година.
Страните сè уште треба да ги преземат формалните чекори за склучување на договорот, објави Фабрицио Романо.
Се забележува дека „росонерите“ го сметаат Мањан за клучен играч во тимот и оттука ќе направат се за да го задржат на голот уште неколку сезони.
Гвардиола: Арсенал е најдобриот тим во моментов
Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола го пофали лидерот во Премиер лигата, Арсенал, како најдобар тим во светот.
Неговите коментари доаѓаат во време кога Сити заостанува зад тимот на Микел Артета бодовно.
Сепак, менаџерот на Арсенал инсистира дека неговиот тим е „далеку од совршен“ и предупредува дека Сити не треба да биде отпишан од трката за титулата.
Гвардиола сепак си кажа:
„Тие (Арсенал) се најдобриот тим во светот во моментов. Мораме да бидеме подобри и се надеваме дека ќе ни дадат шанса да ги стигнеме“.
Сити има историја на успешно достигнување на Арсенал, откако ги престигна во трката за титулата во сезоните 2022-23 и 2023-24, поради што Артета не ги отпишува.
Португалецот Луис Рибеиро потпиша за Бешикташ
Башкими се пофали со уште едно ново име во јануарскиот преоден рок, за кумановскиот клуб потпиша Португалецот Луис Рибеиро.
Рибеиро во Башким доаѓа од Шкупи каде мина само шест месеци, но се реши да остане во македонскат лига.
Се работи за 24-годишен офанзивен фудбалер од средниот ред. Тој е роден во Германија, во Штутгарт и пред да се пресели во Македонија играл за германски нисколигаши.
Работнички го засили ростерот со Мартин Талаков
Фудбалскиот клуб Работнички продолжува со активностите на трансфер пазарот во обид да обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
Најново засилување за скопскиот состав е Мартин Талаков, кој во таборот на романтичарите пристигнува од Македонија ЃП. Играчот од средниот ред во досегашниот тек од сезоната запиша десет настапи во првенството и постигна два погодоци во дресот на тимот од Ѓорче Петров.
Талаков зад себе има и интернационално искуство, откако настапуваше за неколку клубови во Словачка, а на домашната сцена беше дел од Борец и Брера Струмица. Во Работнички ќе остане во наредните дванаесет месеци, период во кој клубот очекува да добие стабилност и квалитет во средниот ред.
Работнички моментално се наоѓа во тешка позиција на табелата и ја продолжува борбата за опстанок во елитата со само седум освоени бодови.
Несторовски погоди против шампионот на Хрватска
Илија Несторовски е во солидна форма и постигна гол на стартот на зимската полусезона во ХНЛ.
Македонскиот напаѓач уште во втората минута на гостувањето кај шампионот Ријека реализира со глава за 0-1. Во продолжението тој изнуди и црвен картон. За Нестор ова е петтти погодок во Првата лига на Хрватска оваа сезона.
На крајот натпреварот заврши без победник, откако Ријека двапати се враќаше од негатива (2-2).
Аугсбург го шокира Баерн среде Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен, во 19. коло, го забележаа првиот пораз сезонава во Бундес лигата. Лукалниот ривал од Баварија, Аугсбург, го шокираше шампионот среде Минхен.
Делуваше дека актуелниот шампион ќе забележи уште една рутинска победа кога поведе со голот на Ито во 23. минута. Сепак, тотален шок следеше во последната фаза од натпреварот, кога гостите ги постигнаа двата гола.
Артур Чавез за 1-1 (76-та минута) и Маенго во 81-та минута.
Баерн се обиде да израмни на крајот, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои три важни бода во борбата за опстанок. Најдобрата шанса ја пропушти Олисе, кога ја затресе пречката.
Дро Фернандез пред промоција во Париз
Челниците на ПСЖ се пред ангажман на Дро Фернандез, но нема да ја активираат откупната клаузула од 6 милиони евра, ќе одвојат околу 9 милиони за да го комплетираат трансферот.
„Каталонците“ минатата недела останаа разочарани откако перспективниот Дро Фернандез ги извести дека заминува од Камп Ноу со активирање на откупната клаузула од 6 милиони евра.
Неколку клубови испратија понуди, а младото момче го одбра ПСЖ за следна дестинација.
Последните информации велат дека „светците“ наскоро ќе го комплетираат трансферот, но ќе платат малку повеќе.
АС вели дека Ал Келаифи на овој начин сака да ги поправи односите со Жоан Лапорта, двете страни со години се во војна по трансферот на Нејмар. Весникот пренесува дека клубот од Париз ќе одвои околу 9 милиони евра за комплетирање на зделката и ќе почести неколку милиони.
Ле Паризиен пак вели дека активирањето на клаузулата повлекува и некои други трошоци, па затоа ПСЖ преферира да седне на маса со Барселона, да плати повеќе (помеѓу 8 и 10 милиони евра) и на овој начин да го добие Дро Фернандез.
Вест Хем моќно го надигра Сандерленд во Лондон
Вест Хем го совлада Сандерленд со 3-1 и освои важни три бода во битката за опстанок, мечот го одбележа и инцидентот во кој Гранти Џака влезе во расправија со навивачите.
„Чеканите“ врзаа две победи во Премиерлигата и направија значаен исчекор до местата кои носат опстанок во елитата.
Попладнево, Вест Хем со 3-1 го совлада Сандерленд, домаќините одиграа на врвно ниво првото полувреме.
Самервил го отвори резултатот во 14. минута, а Боувен од пенал зголеми на 2-0 во 28. минута. Пред крајот на првиот дел, Фернандез зголеми на 3-0.
Во продолжението од мечот, Броби само намали на 3-1 во 66. минута.
Средбата во Лондон беше одбележана и од инцидентот во кој Грантит Џака влезе во расправија со навивачите. Репрезентативецот на Швајцарија не играше поради повреда, но седеше покрај гостинската клупа, и влезе во конфликт со фановите кои беа до него.
Дембеле заминува од ПСЖ?
Усман Дембеле наскоро би можел да го напушти Пари Сен Жермен, бидејќи сè уште не сака да потпише нов договор со актуелниот европски шампион.
ПСЖ одлучи да направи драстични промени во својот проект, пишува шпански „АС“. Европските шампиони радикално ја променија својата политика, не само во однос на трансферите, туку и коа се работи за новите договори.
ПСЖ клуб јасно ги искажа своите намери и испрати предупредување до играчите, додава шпанскиот весник. Тоа го видовме минатото лето со Џанлуиџи Донарума, кој не успеа да се договори за продолжување на договорот со ПСЖ.
Сега слична ситуација би можела да се повтори со Усман Дембеле, за кого, и покрај тоа што е освојувач на Златната топка и клучен играч во освојувањето на тројната круна, ова не е доволно.
Французинот го отфрли првиот предлог за обновување на договорот, кој истекува во 2028 година. Напаѓачот сè уште не го продолжил договорот, а како што истакнува „АС“, ова е вистински пример за новиот план што го поставија клупските челници.
„Европските шампиони усвоија јасна стратегија: секој што не сака да игра за ПСЖ нема да биде принуден да остане“, пишува „АС“.
Парижаните сакаат да ја избегнат ситуацијата што се случи пред четири години со Килијан Мбапе, кој на крајот замина бесплатно во 2024 година.
Гризман неколку недели надвор од терените
Atletico Madrid confirm Griezmann contract until 2026.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, го повреди бутниот мускул на левата нога за време на последниот тренинг. Според првите проценки, тој ќе паузира десет дена.
Шпанските медиуми објавија дека Гризман сигурно нема да игра во недела против Мајорка во Ла Лига и во среда против Бодо/Глимт во Лигата на шампионите, и дека е неизвесно дали ќе биде подготвен за следниот викенд и натпреварот против Леванте.
„Гризман направи магнетна резонанца за да се утврди степенот на повредата што ја здоби на тренингот во петокот. Французинот има мало истегнување на левиот бутен мускул, што го дијагностицира медицинскиот персонал на клубот. Неговото враќање на натпреварите ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување“, се вели во соопштението на клубот.
Гризман (34) одигра 30 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 10 гола.