фудбал

Лацио во завршна фаза преговори со Хамес Родригез

Колумбискиот репрезентативен играч од средниот ред, Џејмс Родригез, би можел да ја продолжи кариерата во Италија.

Според „Marca“, Лацио и неколку мексикански клубови покажуваат интерес за 35-годишниот Колумбиец, кој ја напушти Минесота јунајтед пред неколку дена и стана слободен агент.

Џејмс играше за американскиот клуб од февруари. Тој играше во шест натпревари од МЛС и имаше две асистенции. На Светското првенство 2026 година, Џејмс настапи на пет натпревари, но не успеа да постигне гол.

„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 1,5 милиони евра.


Карик одушевен од стилот на фудбал на ПСЖ

Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Кaрик, го изрази своето восхитување од игарата на Пари Сен-Жермен.

„ПСЖ победува… Но, јас го претпочитам нивниот стил на игра. Ми се допаѓа начинот на кој функционираат во центарот на теренот, нивната интеракција, нивните кратки додавања. За играч од средниот ред (Керик играше на таа позиција во својата кариера), навистина е возбудливо да се гледа како се пробиваат во просторот. Сон на секој играч од средниот ред е да има толку многу посед на топката. Фантастично е да се гледа овој тим“, рече Кaрик во интервју за „Prime Video Sport“.

Манчестер јунајтед се квалификуваше за Лигата на шампионите на крајот од сезоната 2025/26. Последните две сезони ПСЖ го освои трофејот во елитното натпреварување.


Доминик Тием започнува фудбалска кариера

Победникот на УС опен во 2020 година и поранешен трет светски рекет, Доминик Тим, ја започна својата фудбалска кариера, објавија австриските медиуми.

Триесет и двегодишниот Австриец потпиша професионален договор со ФК Баденер, кој игра во осмата дивизија на Австрија. Тим се пензионираше од тенисот пред две години.

  • Слушнавме дека е добар фудбалер. И покрај неговиот статус во Австрија, тој нема да добие никаков посебен третман во тимот, рече сопственикот на клубот Сергеј Петрович.

За време на неговата тениска кариера, Тим освои 17 АТП турнири, вклучувајќи го и Грен слемот. Тој исто така двапати стигна до финалето на Ролан Гарос и еднаш до финалето на Отвореното првенство на Австралија.


Дарко Чурлинов се враќа во полскиот фудбал

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на чекор до нов трансфер, откако започна преговори со Кочаелиспор за предвремен раскин на договорот. Од турскиот клуб потврдија дека разговорите треба да бидат завршени в понеделник.

По официјализирањето на разделбата со Кочаелиспор, Чурлинов се очекува да ги комплетира преговорите со полскиот прволигаш Видзев Лоѓ, кој подолг период го има на својата листа на желби. Доколку не се појават неочекувани пречки, македонскиот фудбалер ќе стави потпис на договор со клубот.

За Чурлинов, враќањето во Полска нема да биде непозната авантура. Тој претходно настапуваше за Јагелонија како позајмен играч, каде со своите игри остави добар впечаток и стекна драгоцено искуство во полскиот шампионат.

Во досегашната кариера, македонскиот репрезентативец беше дел и од неколку познати европски клубови, меѓу кои германските Штутгарт, Келн и Шалке, како и англискиот Барнли.


Ди Марија: Меси може да игра за Аргентина уште многу години

Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Анхел Ди Марија, очекува Лионел Меси да игра за националниот тим уште многу години.

„Момците од репрезентацијата заслужуваат многу повеќе од само аплауз за сè што постигнаа во овој период. Бев загрижен за време на секој натпревар од Светското првенство во 2026 година. Овој тим секогаш наоѓаше нешто посебно во себе што им овозможуваше да победат. Во финалето понекогаш победуваш, понекогаш не. Овој пат не успеаја, но мислам дека репрезентацијата повторно го крена високо аргентинско знаме. Меси треба да игра за репрезентацијата колку што сака. Мислам дека може да игра уште многу години. На 39 години, тој покажа дека останува еден од најголемите фудбалери во историјата. За него повеќе нема ограничувања. Селекторот Скалони е симбол на сегашната репрезентација на Аргентина. Навистина се надевам дека Скалони ќе остане“, изјави Ди Марија за „Sport.es“.

По финалето на Светското првенство 2026 година, кое Аргентина го загуби со 1-0 од Шпанија, се појавија информации дека Меси повеќе нема да игра за репрезентацијата.

На Мундијалот Меси постигна осум гола и четири асистенции во осум натпревари.


Арсенал се вклучи во трката по Винициус Жуниор

Новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орстејн, тврди дека Арсенал се подготвува за да тргне по Винисиус Жуниор кој одбива да потпише нов договор со Реал Мадрид.

Винисиус има уште една сезона од актуелниот договор со Реал Мадрид, двете страни не можат да се договорат за продолжување на соработката.

Ситуацијата будно ја следи Арсенал и е подготвен да реагира.

Според Дејвид Орстејн, Арсенал е сериозно заинтересиран за Винисиус и се подготвува да тргне по Бразилецот.

Уште нема ништо конкретно меѓу двата клуба, но се очекува наскоро топчиите и официјално да го „тестираат“ Реал Мадрид.


ПСЖ се вклучи во трката по Родри

Пари Сен Жермен стапил во контакт со Манчестер Сити за да се информира за условите под кои би можел да го ангажира фантастичниот шпански играч од средниот ред Родри.

Според информациите на реномираниот новинар Фабрис Хокин, ПСЖ го означил најдобриот играч на неодамна завршеното Светско првенство како главна трансфер цел ова лето.

На Родри му останува уште една година од договорот со „граѓаните“, а наводно нема намера да стави потпис на нова соработка со англискиот гигант.

Во моментов Реал Мадрид се смета за фаворит во трката за неговиот потпис, но ПСЖ има доволно финансиска моќ да се вмеша и да ги наруши плановите на шпанскиот клуб.

Спортскиот директор на парижани, Луис Кампос, има тешка задача, бидејќи според некои информации Родри веќе ги договорил личните услови со „кралевите“. Сепак, францускиот првак не се откажува и внимателно ја следи ситуацијата, подготвен да ја искористи секоја можност доколку дојде до застој во преговорите меѓу Мадрид и Манчестер.


Стефан Ристовски преговара за трансфер во Нови Пазар

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е пред трансфер во српски Нови Пазар, тврдат дел од тамошните медиуми. Според пишувањата, Ристовски заедно со Адем Љајиќ треба да бидат нови засилувања за српскиот суперлигаш кој ја отвори новата сезона со победа против Раднички од Крагуевац.

Минатото лето, 34-годишниот Ристовски пристигна на Кошево, беше стандарден во првиот тим на Сараево, но тамошните медиуми тврдат дека не би било изненадување ако Сараево одлучи да се раздели со него.


Вардар ги чуваше силите за Рига и пак лесно ја совлада Брегалница

Вардар со 2-0 славеше над Брегалница во меч од првото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во меч кој се одигра на Градски во Скопје.

Тренерот Фабијани излезе речиси со цел втор состав поради реванш натпреварот против Рига кој на програмата е во вторник. Во текот на второто полувреме во игра влегоа и дел од првотимците.

Брегалница во Скопје дојде со речиси никакви подготовки и не успеа да го изненади фаворитот.

На почетокот од мечот штипјани имаа иницијатива, но не ја искористија. Казната стигна во 27. минута кога Данев реализираше за водство од 1-0.

Брзо потоа гол даде и Закариќ, но погодокот беше поништен со ВАР поради игра со рака.

Долго време актуелен резултат беше 1-0, конечно победата беше заверена во 81. минута кога по асистенција од Родригез, Закариќ постигна гол за 2-0.


Струга Трим Лум со убедлива победа го зачини дебито на Шкендија Арачиново во ПМФЛ

Шкендија Арачиново го одигра првиот натпревар во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), загуби од Струга со 3-0 на гостински терен.

Стружани ја оправдаа улогата на фаворити во овој натпревар и релативно лесно дојдоа до победата.

Резултатот беше отворен во 23. минута кога Маријан Радески погоди за водство од 1-0, а до полувремето гол даде и Хамонд Агама за 2-0.

Шкендија Арачиново имаше свои шанси, но реализацијата затаи. Тоа го казни Струга која во 52. минута ги постави конечните 3-0. Голот го даде капитенот Буњамин Шабани за кого ова беше јубилеен 200. натпревар во дресот на стружани.

Денеска се одигра уште еден меч, Вардар со 2-0 ја победи Брегалница.