фудбал

Самби Локонга потпиша за Андерлехт

Арсенал официјално објави за ангажманот на 21-годишниот Алберт Самби Локонга од Андерлехт. Трансферот на дефанзивниот играч за врска се очекуваше да се случи во последните неколку дена, а сега тоа е факт.

Локонга е дел од академијата на Андерлехт и има одиграно 78 натпревари за првиот состав на клубот од декември 2017 година. Топџиите ќе платат 17,5 милиони за овој играч и уште 4,5 милиони во вид на бонуси. Договорот на играчот е на пет години до летото 2026 година, а тој ќе го носи бројот 23 на својот дрес.

Играчот за врска станува второ засилување на лондончани ова лето, откако пред неколку дена беше привлечен левиот бек од Бенфика, Нуно Тавареш, кој дури дебитираше со погодок за тимот. Во следните неколку дена се очекува да биде објавен трансфер на Бен Вајт од Брајтон, чиј трансфер е веќе договорен за 50 милиони фунти.


Герет Бејл донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата

Герет Бејл донесе одлука за продолжување на својата кариера по сезоната помината во Тотенхем како позајмен играч. Се споменуваше преселба во МЛС, се пишуваше за повлекување, но велшкиот репрезентативец и наредната сезона ќе остане во шпанскиот клуб, со кој има договор до 2022. година.

Заминувањето на Зинедин Зидан и доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на Реал за Бејл претставува можност за нов старт, бидејќи токму италијанскиот тренер беше тој кој го доведе во 2013. година во Мадрид.

Не е непознато дека Реал Мадрид се обидува да се ослободи од Бејл, најпрво поради астрономската плата од 600 илјади фунти неделно. Со оглед на тоа што договорот му истекува за една година, планот за продажба како би се заработило на него беше оправдан. Во тој контекст, најчесто се споменуваше како играч на кој би можело пристојно да се заработи, а тие пари потоа би се потрошиле на Килијан Мбапе.

Исто така, деновиве се споменуваше и дека Бејл би можел да ја заврши кариерата и да се посвети на голфот, но според шпанските медиуми, тој план ќе причека уште некое време.


Беласица доведе тројца фудбалер на Академија Пандев

Македонскиот фудбалски клуб, Беласица која во новата сезона ќе се натпреварува во втората лига, ги претстави трите најнови засилувања.

Станува збор за тројца играчи од Академија Пандев.

„За претстојната сезона, нашата екипа ги доведе младите талентирани играчи Коцев Александар, Илиев Велин и Глигоров Васко кои ни доаѓаат од екипата на Академија Пандев и кои ќе помогнат во остварување на зацртаните цели на клубот. Им посакуваме сезона без повреди и успешни настапи!“ – велат од ФК Беласица.


Шкупи и Шкендија ги дознаа можните ривали во третото коло на КЛ

Фудбалерите на Шкендија ако ја елиминираат летонската Рига во второто коло во конференциската Лига, тогаш ќе играат со подобриот од пресметката меѓу Фолгоре од Сан Марино и Хибернианс од Малта.

Споредено со квалитетите на тие два тима, македонскиот шампион би требало да има полесен пат да стигне и до групната фаза во новото европско натпреварување.

Нашиот втор учесник Шкупи доколку ја „скокне“ Санта Клара од Португалија, тогаш во третото ќе игра со победникот од пресметките меѓу Олимпија Љубљана (Словенија) и Биркиркара од Малта.


Грилиш во дилема дали да ја напушти Астон Вила

Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш размислува дали да го напушти клубот. Интерес за него има од Манчестер Сити, но англискиот репрезентативец се сомнева во трансфер кај „граѓаните“.

Според информациите, Грилиш размислува дури и да потпише нов договор со Астон Вила, иако со постоечкиот е обврзан со клубот до 2025 година.

Тој има предлог од клубот да го продолжи договорот за една година и да ја зголеми платата на 150 000 фунти неделно.


Арсенал го потврди вториот трансфер ова лето

Младиот белгиски фудбалски репрезентативец Алберт Самби Локонга (21) ги напушти редовите на Андерлехт и кариерата ќе ја продолжи во лондонски Арсенал.

Клубовите не го објавија износот на трансферот, но медиумите шпекулираат дека Арсенал ќе плати околу 17 милиони евра за 21-годишниот фудбалер.

Локонга за сениорскиот состав на Андерлехт дебитираше во 2017. година, откако помина низ клупската академија. Минатата сезона беше стандарден првотимец запишувајќи 37 настапи, три гола и асистенции.

„Алберт е многу интелигентен играч кој покажа голема зрелост во своите настапи во текот на неговиот развој.“ – вели тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Младиот Белгијанец е второ засилување за Арсенал сезонава, откако го доведоа дефанзивецот Нуно Таварес од Бенфика.


Поради сомнеж за педофилија – уапсен првотимец на Евертон!

Неименуван фудбалер на англискиот премиерлигаш Евертон е уапсен поради сомнежи за педофилија. Клубот потврди дека овој играч е суспендиран. Се додава дека во прашање е првотимец и дека полициската истрага е во тек.

Името на фудбалерот не е наведено, но се тврди дека се работи за репрезентативец, 31-годишен фудбалер чиј дом беше под истрага во петокот, кога и е уапсен. Се надведува дека во прашање е играч кој заработил богатство во кариерата во која низ повеќемилионски трансфери ги менувал клубовите.

Евертон ветува дека ќе даде целосна поддршка на властите во оваа истрага и порача дека по тоа прашање веќе нема да се огласува.


Челзи го продаде младиот Гуехи во Кристал Палас

Дефанзивецот на Челзи, Марк Гуехи се пресели во Кристал Палас и за неговите услуги Челзи плати 23 милиони евра.

Фудбалерот кој е по потекло од Брегот на Слоновата Коска минатата сезона ја помина на позајмица во Свонси, а со Кристал Палас потпиша договор на пет години.

Гуехи дел од Челзи е уште од јуниорските денови, а за сениорите дебитираше во 2019 години, но не се наигра, па поголема минутажа ќе побара во другиот дел на Лондон.


Неочекуван пресврт во трансфер сагата на Хари Кејн

Како што јавува англиски „Сан“, Челзи е во предност во однос на конкуренцијата за потпис на Хари Кејн кој сака да го напушти Тотенхем.

Кејн бара нов предизвик во кариерата, има 27 години и смета дека по успешната ланска сезона му е потребен нов предизвик во кариерата.

Проблем за напаѓачот на Тотенхем и член на репрезентацијата на Англија е сумата која ја бара неговиот актуелен клуб, 150 милиони фунти очекува Тотенхем од заинтересираните клубови.

Според информациите, Челзи е најблиску до договор за трансфер, Абрамович е решен да донесе врвен напаѓач, истиот го гледа во Кејн кој минатата сезона запиша 23 гола на 35 средби.


Кеси и Милан се договорија, Африканецот останува на „Сан Сиро“

Милан и Франк Кеси се блиску до договор за продолжување на соработиката до 2026 година.

Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан. Минатата сезона се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и постигна 13 гола.

Неговиот договор истекува во 2022 година, па Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси веќе влезе во последната година од договорот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се блиску до договор и дека Кеси ќе стави потпис до 2026 година, а годишно ќе добива 6 милиони евра со вклучени бонуси.