фудбал

Неверојатен пропуст на ВАР на Копа Либертадорес (видео)

Флуминенсе во натпревар од осминафиналето од Копа Либертадорес го победи парагвајски Церо Портено во гости со 2:0 и стекна голема предност воочи реваншот.

Бразилците головите за победа ги постигнаа во 49. и 61. минута, но прашање е како натпреварот ќе завршеше доколку не беше ретко видениот пропуст на судиите. Домаќините постигнаа погодок преку Босели, но по прегледувањето на снимката беше поништен поради, се покажа, непостоечки офсајд.

Судиите во ВАР собата повлекоа линија на запрената снимка и заклучија дека Босели беше во офсајд, но не го забележаа играчот на Флуминенсе на дното од екранот, кој беше еден метар зад грбот на својата одбрана, па така го спаси Босели од офсајд.

Најпрво, судиите проверуваа дали играчот на Флуминенсе играше со рака, а потоа офсајд. ВАР судијата бара од техничарот да ја зголеми запрената снимка и на неа се влечат линии, иако во тој момент е занемарена позицијата во која се наоѓа играчот на Флуминенсе.

Судиите прегледуваа таква зголемена слика и потоа довикуваат дека офсајдот е потврден. Пред крајот на снимката може да се види како ВАР судијата пред себе ја има снимката во крупен план на која јасно се гледа дека линијата не е поставена во висина на последниот играч, но од непознати причини се одлучи да ја игнорира.


Бејли прв пик на неколку премиерлигаши

Гигантите од Премиер лигата се силно заинтересиран за крилниот фудбалер на Баер Леверкузе, Леон Бејли, пренесуваат медиумите на Островот.

23-годишниот интернационалец од Јамајка веќе подолго време игра одлично, а ова лето е спремен да направи чекор напред во кариерата.

Гвардиола е симпатизер на играта на Бејли и сака да го донесе на „Етихад“, но ќе мора да ја победи големата конкуренција.

Интерес за играчот покажувата уште Арсенал, Тотенхем, Евертон и Манчестер Јунајтед, а моменталната цена на Бејли изнесува најмалку 40 милиони евра.


Шпанец ќе го менува Хакими во Интер

Интер се договори со Хектор Белерин за трансфер на Шпанецот на „Џузепе Меаца“. Според „Газета дело Спорт“, италијанскиот клуб му понудил 5-годишен договор и плата од 3,5 милиони евра по сезона. Сепак, „нероазурите“ сега треба да се договорат со Арсенал за трансферната сума на играчот.

Лондончани сакаат да го продадат дефанзивецот, а Интер сака да го позајми со опција за откуп. Арсенал го проценуваат Белерин на 20 милиони евра. Италијанскиот шампион има ограничен буџет за трансфери и се надеваат дека желбата на играчот да се пресели во клубот ќе биде клучен фактор.

Симоне Инзаги бара замена за Ашраф Хакими кој замина во ПСЖ. Интер исто така ги бара Давиде Запакоста, Дензел Дамфрис и Ханс Хатебор како дефанзивци, доколку не успеат со трансферот на Белерин.


Тотенхем спремен да понуди 50 милиони евра за Ромеро

Приоритет на Тотенхем во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, а тој најверојатно ќе пристигне од Серија А.

Според информациите од Островот прва мета е Кристиан Ромеро од Аталанта, за кого Тотенхем е спремен да плати 50 милиони евра.

Аргентинецот одигра одлична сезона сезона во Бергамо и беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А. Аталанта го откупи неговиот договор за 16 милиони евра бидејќи фудбалерот беше на позајмица од Јувентус.

Новиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи одлично го познава Ромеро бидејќи тој го донесе во Јувентус, па сака што е можно побрзо да го комплетира трансферот бидејќи за Ромеро силен интерес покажува и Манчестер Јунајтед.


Еден од супер-талентите на Барса се пресели во Реал Мадрид

Реал Мадрид се засили со талентот на Барселона, Жауме Жорди, кој ќе игра за Б тимот на „кралевите“.

19-годишниот Жорди е бив капитен на јуниорскиот тим на Барселона, но неговиот договор истече на 30 јуни и сега ќе се пресели во големиот ривал како слободен агент.

Жорди игра како крилен напаѓач и може да игра како од десно така и од лево, а важи за еден од најголемите шпански таленти.

Баселона не успеа да го задржи во своите редови, па за него силен интерес покажуваа неколку европски гиганти, но Реал успеа да ја победи конкуренцијата.


„Светците“ од Париз се откажаа од можноста да го купат Меси

ПСЖ нема да конкурира за потписот на Лео Меси. Францускиот тим е убеден дека Аргентинецот ќе остане во Барселона и затоа ќе се откаже од идејата да го донесе на „Паркот на принцовите“.

Тоа го потенцира и денешното издание на весникот – „Ле Паризен“, со напомена, дека  фудбалерот донел одлука и само е прашање на време кога ќе пристигне  потврда за нова двегодишна соработка со Барса.

Во исто време, ПСЖ не сака да ги зголемува давачките за плати на фудбалерите.


Го имаме најубавиот гол на ЕП!

Без дилеми.
Патрик Шик апсолутно заслужено ја доби наградата за стрелец на најубавиот погодок на ЕВРО 2020, по ремек-делото на чешкиот напаѓач на натпреварот против Шкотска.

https://twitter.com/i/status/1415343066949603338

Зa паметење е вториот погодок на Шик на натпреварот, кога од половина терен маестрално ја смести топката во мрежата на голманот на Шкотска, Маршал.


Хрватот Влашиќ е замената за Чалханоглу во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на чекор од комплетирање на трансферот на Никола Влашиќ од ЦСКА Москва.

Хрватскиот репрезентативец беше голема желба на „росонерите“ бидејќу во него гледаат идеална замена за Чалханоглу.

Влашиќ може да игра на неколку позиции,  како класична „десетка“, но и како крилен фудбалер.

23-годишниот Хрват минатата сезона постигна 12 гола и 6 асистенции на 34 натпревари за ЦСКА Москва, а одигра добро и на Европското првенство. Милан понудил 5 милиони евра за едногодишна позајмица, плус 20 милиони евра за откуп следното лето. Доколку Милан се пласира во Лигата на шампиони откупот ќе биде задолжителен.


Жоао Марио раскина со Интер и потпиша за Бенфика

Фудбалскиот состав Интер потврди дека спогодбено ја прекина соработката со фудбалерот од средниот ред, Жоао Марио.

28-годишниот Португалец пристигна на „Сан Сиро“ во август во 2016 година од Спортинг Лисабон, но, никогаш не успеа да се етаблира во клубот. Тој во континуитет беше на позајмица во различни екипи.

Иако Спортинг најави дека има намера да  го ангажира, последните информации тврдат дека фудбалерот ќе направи трансфер во Бенфика.


Нов премиерлигаш се вклучи во трката за Антоан Гризман

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман, може да добие понуда да заигра како позајмен во екипата на Челзи, најавија медиумите во Англија.

„Сините“ сакаат да ја засилат навалната линија а тука во преден план се наметнува играчот на Барса. Шпанците соочени со големи финансиски проблеми се ослободија од неколку играчи, но, на списокот и натаму се имињата на Гризман, Филипе Кутињо и Осман Дембеле.

Челниците од „Стемфорд Бриџ“ доколку успеат во намерата да го ангажираат 30-годишниот фудбалер ќе мора да му ја покријат и целата плата.