фудбал

Манчини типува на светска титула за Аргентинците

Роберто Манчини пред неколку дена призна дека се уште го прогонува поразот од Македонија од месец март и се уште не може да се помири што Италијанците ќе гледаат уште едно Светско првенство преку ТВ приемниците, второ во низа по огромното разочарување кое го доживеаја пред четири години.

Италијанскиот селектор верува дека е време за титула на Меси и сите останати аргентински фудбалери, од кои останал импресиониран на последната пресметка која ја одиграа на „Вембли“ (гаучосите славеа 3-0).

„Има многу силни тимови на Светското првенство, таму се најдобрите. Ако треба да изберам само еден, ќе речам Аргентина. Навистина многу ме импресионираа кога игравме против нив на Финалисима“, порачува Манчини.


На отворањето на Мундијалот биле присустни повеќе гледачи од капацитетот на стадионот

На отворањето на Мундијалот во Катар присуствувале 67.372 гледачи. Тоа е бројот на навивачи запишани во официјалните протоколи и објавени од најавувачот на стадионот.

Интересно е што капацитет на арената Ел-Бајт, каде се одигра воведниот натпревар на Светското првенство е 60.000 гледачи. Како биле сместени уште речиси 7,4 илјади луѓе не се знае.


Замената за Леао во Милан пак ќе биде Португалец

Жоао Феликс би можел да го замени Рафаел Леао во Милан. Леао се уште не ставил потпис на нов договор, па доколку тоа не се случи во наредните месеци Милан ќе биде спремен да го продаде на лето.

Баерн Минхен, ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер Сити се силно заинтересирани за Леао и се спремни да платат 100 милиони евра за неговиот потпис.

„Рекорд“ пренесува дека доколку Милан го продаде Леао, тогаш како негова замена сака да го донесе неговиот сонародник Жоао Феликс.


Лукаку ќе ги скокне првите два натпревари на СП во Катар

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, нема да ризикува со напаѓачот, Ромелу Лукаку и ќе го изостави од списокот за првите два меча со Канада и Мароко на Светското првенство во Катар.

Црномурестиот играч кој е најдобриот стрелец кај „црвените ѓаволи“ со 68 голови на 102 средби, се уште не е фит од повредата заработена во дресот на Интер.

Медиумите наведуваат дека Лукаку може да биде на спискот дури за средбата со Хрватска на 1 декември во последното коло по групи.


Милевски: Македонија доби шамар за освестување

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, упати критики кон фудбалерите после поразот од Азербејџан со 1:3. Селекторот Милевски посочи дека одиграните пријателски дуели со Финска и Азербејџан му дале добар увид во тоа кои играчи заслужуваат да го носат националниот дрес во наредните средби.

„Сакам да му честитам на противникот за победата. А нас овие два дуели и тоа како ќе ни послужат за во иднина. Ако со Финска бев задоволен од некои работи, сега не е така. Ова беше убава шлаканица за нас, која ќе не натера да се запрашаме колку го цениме дресот на Македонија. На чело со мене, а потоа фудбалерите и стручниот штаб“, изјави Милевски.


Бензема: Никогаш не се откажувам, но морам да мислам на тимот

Карим Бензема и официјално ќе го пропушти Светското првенство. Бензема на тренингот на „триколорите“ ја обновил повредата на бутниот мускул што ја заработи на натпреварот од Лигата на шампионите против Селтик.

Ова дефинитивно е големо разочарување за освојувачот на „Златната топка“, кој испрати порака преку социјалните мрежи.

„Во животот никогаш не сум се откажал, но морам да мислам на тимот вечерва. Морам да го отстапам моето место на некој кој може да му помогне на тимот“, напиша Бензема.


Англија го има највредниот ростер на Мундијалот

Интернет порталот Трансфермаркт ги прогласи десетте најскапи репрезентации по вкупна вредност на Светското фудбалско првенство во фудбал во 2022 година кое ќе почне утре во Катар.

Во првата тројка се најдоа репрезентациите на Англија, Бразил и Франција. Вреди да се напомене дека вредноста на составот на само овие три тима надминаа една милијарда евра.

Целосната топ десет изгледа вака:

1. Англија (1,26 милијарди евра).

2. Бразил (1,14 милијарди евра).

3. Франција (1,03 милијарди евра).

4. Португалија (937 милиони евра).

5. Германија (886 милиони евра).

6. Шпанија (872 милиони евра).

7. Аргентина (645 милиони евра).

8. Холандија (587 милиони евра).

9. Белгија (563 милиони евра).

10.Уругвај (450 милиони евра).

Светското првенство во Катар ќе започне утре, 20 ноември, со воведниот натпревар меѓу Катар и Еквaдор.


Само Меси ќе биде сам в соба од аргентинските фудбалери на Мундијалот

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси е единствениот од репрезентацијата кој ќе биде сам во соба во Доха, пишува „Оле“.

Интересно е тоа што ова му се случува на 35-годишниот капитен на аргентинската репрезентација за прв пат на големи натпреварувања. Претходно, на собирот на тимот, тој секогаш бил со Серхио Агуеро, но напаѓачот стави крај на кариерата. После тоа, Меси секогаш беше сам додека е во националниот тим – на пример, за време на квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

На Светското првенство во 2010 година, Меси ја делеше собата со Хуан Себастијан Верон, а на следните два турнири – со Агуеро. Во моментов Николас Отаменди и Родриго де Пол ќе бидат во соседната соба со Меси, а Леандро Паредес и Анхел Ди Марија ќе се наоѓаат во собата спроти Меси.


Инфантино е единствен кандидат за претседател на ФИФА

Актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, ќе биде единствениот кандидат на изборот за прв човек на Светската фудбалска федерација – ФИФА.

Во соопштението за медиумите се наведува дека Советот на ФИФА, претседателските избори ги распиша на 30.март оваа година, и дека Инфантино е единствениот кој поднел кандидатура.

Гласањето за претседател на ФИФА ќе биде одржано на 16.март наредната година , на 73.конгрес кој ќе биде одржан во Кигали , Руанда.

Инфантино е прв човек на ФИФА од февруари 2016 година.


Чеферин: Се надевам дека повеќе нема да има „зимски“ Мундијали

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека дека е сигурен оти Светското првенство во Катар ќе биде одлично организирано, но се надева дека во иднина нема повеќе да има „зимски “ Мундијали.

„Не чека спектакл, еден месец на извонреден фудбал, и верувам дека повторно европска репрезентација ќе биде освојувач на шампионската титула. Од 2006.година шампионите на СП доаѓаат од Европа, а пред четири години во Русија, сите полуфиналисти беа од нашиот континент. Единствени селекции кои можат да парираат се Бразил и Аргентина“, изјави првиот човек на УЕФА.