фудбал

Мурињо гради специјален однос со Пауло Дибала

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, откри што му рекол на Пауло Дибала на вчерашниот меч со Монца.

Аргентинскиот напаѓач по доаѓањето од Јувентус, успеа да ги постигне  постигне првите голови за „ римската волчица“.

„Минатата сезона кога Јувентус играше тука на Олимпико, тој беше заменет и кога излегуваше од игра, му реков: „Ти си многу добро момче“. Па вечерва му го реков истото. Се насмеавме бидејќи се потсетивме на тоа“, изјави Португалецот.


Паредес до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Јувентус

Досегашниот фудбалер на Париз Сен Жермен, Аргентинецот Леандро Паредес, до крајот на сезоната ќе настапува во Јувентус како позајмен играч.

Јувентус на крајот од сезоната ќе има право на откуп на договорот на Паредес, а целиот трансфер би можел да изнесува околу 20 милиони евра.

28-годишниот Паредес во ПСЖ пристигна 2019 година од рускиот Зенит, а пред тоа играше за Бока Јуниорс, Кијево, Рома и Емполи.

За аргентинската репрезентација има одиграно 44 натпревари и постигнато четири гола.


Хрватски фудбалер станува најскап дефанзивец на светот

Фудбалерот на Лајпциг Јошко Гвардиол би можел да стане најскапиот одбранбен играч во историјата, бидејќи Челзи за негов ангажман му понуди на германскиот клуб обештетување од 90 милиони евра, објавува италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо.

20-годишниот Гвардиол би останал во Лајпциг до крајот на сезоната, а во јуни наредната година би дошол во Челзи.

Ако навистина дојде до овај трансфер, тогаш Хрватот со само 20 години би станал најплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот, и би ги преминал Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед и Вирџил Ван Дијк од Ливерпул.


Манчестер Сити ја засилува одбраната со играч на Борусија Дортмунд

Шампионот на Англија, Манчестер Сити, е на чекор од ангажирање на дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи.

Англиските медиуми пренесуваат дека двата клуба се блиску до договор, а Сити за репрезентативецот на Швајцарија ќе плати 17,5 милиони евра.

Договорот на Аканџи со клубот од Дортмунд истекува наредната година, а оваа сезона тој нема настапи за екипата.

Гвардиола е приморан на овај трансфер бидејќи во тимот на Сити се повредени играчите од одбраната Нејтан Аке и Америк Лапорт.


Бразил најголем фаворит за светската титула во Катар

Реномираниот британски дневен весник Гардијан го издвои Бразил како најголем фаворит за одвојување на титулата на претстојното Светско фудбалско првенство во Катар.     

Зад Бразил во групата на топ 5 фаворити за освојување на светската титула следат Аргентина, Шпанија, Холандија и Германија. Светското првенство започнува на 18 ноември, а во воведниот натпревар ќе играат домаќинот Катар и Еквадор. 

Финалето е на програмата на 18 декември.


Букајо Сака е расположен да остане во Арсенал

Фудбалерот на Арсенал и репрезентативец на Англија, Букајо Сака, изјави дека е среќен во клубот и најави дека е блиску до потпишување на нов договор со “топџиите“ од Лондон.

20-годишниот Сака вели дека ја чувствува поддршката од соиграчите, тренерот и навивачите, и дека е уверен дека ќе остане во клубот и во наредниот период.

Актуелниот договор на Букајо Сака со Арсенал истекува за две години, а тренерот на екипата Микел Артета сака долга соработка и во иднина, со што би ги одвратил евентуалните понуди од екипите како Манчестер Сити и Ливерпул.


Ван Бастен: Ентони не вреди сто милиони евра

Некогашниот фудбалски напаѓач на Холандија, Марко Ван Бастен, проценува дека англсикиот Манчестер Јунајтед ќе плати преголема сума за голгетерот на Ајакс, Ентони. Бразилецот според сите информации набрзо ќе се пресели на „Олд Трафорд“. 

„Тој дефинитивно не вреди 100 милиони евра. Прави многу грешки и често ја губи топката. Треба допрва да се докаже“ – вели Ван Бастен. 

Ентони за „копјаниците“ има 134 мечеви со ефект од 31 гол и 27 асистенции.


Мади Камара од Олимпијакос е замената за повредениот Вајналдум во Рома

Рома ќе се засили со уште еден нов играч. „Џалоросите“ ќе го привлечат играчот од средниот ред на Олимпијакос, Мади Камара. Тој доаѓа на „Олимпико“ да го замени повредениот Жоржињо Вајналдум.

Камара (25) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи. Рома ќе го земе на позајмица за 1,2 милиони евра и има опција да го купи за 12 милиони евра по крајот на сезоната.

Гвинеецот се очекува да биде најновото засилување на „волците“. Пред два дена потпишаа со Андреа Белоти, а претходно Жозе Мурињо го засили својот тим со Пауло Дибала, Немања Матиќ, Зеки Челик и Миле Свилар, трошејќи само 7 милиони евра за нив.


Челзи плати 82,5 милиони евра за Весли Фофана

Фудбалскиот клуб Челзи го потврди ангажманот на дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана, со кого потпиша договор на седум години.

Според сајтот за фудбалски трансфери, Трансфермаркт, Челзи за потписот на Фофана плати 82,5 милиони евра.

21 годишниот француски играч е роден во Марсеј, а во кариерата има настапувано за екипите на Сент Етјен и Лестер.


Солер ја напушта Валенсија и се сели во ПСЖ

Фудбалерот, Карлос Солер, ја напушти Валенсија за да се пресели во францускиот шампион, ПСЖ.

Неговиот трансфер е 18 милиони евра со дополнителни три како бонуси. „Светците“ во текот на летово ги купија и Витиња, Ренато Санчез и Фабијан Руиз.

Од „Паркот на принцовите“ си замина: Андер Ерера и  Џорџињо Вајналдум додека Паредес и Идриса Гeј се на излезната врата.