фудбал

Лукас избегна затворска казна, Баерн може да здивне

Лукас Хернандез нема да оди во затвор. Шпанскиот суд ја уважи неговата жалба и ја промени првичната одлука.

Како што објавија шпанските медиуми, Провинцискиот суд во Мадрид ја уважи жалбата на фудбалерот на Баерн против налогот за прием во затвор поради прекршување на казна и го суспендира извршувањето на шестмесечната казна затвор изречена на осуденото лице.

Според новата одлука, Хернандез добива четиригодишна условна казна, а под услов да не го повтори делото ќе се спаси од затворска казна. Казната е условена и со плаќање глоба која се утврдува во 240 парични такси со дневен надомест од 400 евра.


Шкендија најдобар македонски клуб на УЕФА-листата

Фудбалскиот шампион на Македонија, тетовска Шкендија, е најдобро рангираниот македонски клуб на најновата клупска ранг-лист која ја објави УЕФА. Тетовци се најдоа на 132. место на УЕФА клупската листа со 9.000 поени.

Втор најдоброрангиран македонски тим на УЕФА листата е Шкупи кој е рангиран на 274. место. Следуваат Вардар на 347. место, Силекс 355., Ренова 410., Работнички 411. и Струга 412. место.

Германскиот шампион Баерн е моментно најдобро рангиран европски клуб според УЕФА, а зад него во ТОП 5 се и Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Барселона.


Луис Алберто го напушта Лацио, Милан голем фаворит за неговиот потпис

Милан ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од Лацио, Луис Алберто.

Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и од соработката со новиот шеф на стручниот штаб, Маурицио Сари.

Наводно Луис Алберто влегол во вербална расправија со Сари и му соопштил на раководството дека сака уште во јануари да ја промени средината. Милан уште во летниот преоден рок беше заинтересиран за Шпанецот, но тогаш Лацио за неговиот потпис бараше 50 милиони евра.


Ансу Фати повторно повреден

Од фудбалскиот клуб Барселона соопштуваат дека напаѓачот Ансу Фати заработил повреда и ќе отсуствува на неодредено време. 

Во соопштението уште се набедува дека младиот Фати, чувствувал болки во десното колено, што го спречува да одржува целосни тренинзи со тимот.

 Уште не е јасно колку долго ќе се опоравува од повредата. Ова претставува голем пех за 18- годишниот Шпанец кој што неодамна се врати на теренот после подолга пауза поради скинат менискус. 

Фати во дресот на Барса оваа сезона постигна 2 гола и има 1 асистенција.


Ерик Тен Хаг ја одби клупата на Њукасл

Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг ја одби понудата на Њукасл за преземање на улогата тренер на екипата. Од Њукасл се во потрага по нов тренер кој ќе го замени Стив Брус кој ја напушти клупата на популарните “чавки“.

Според Дејли Мејл, новите сопственици на клубот, на Тен Хаг му понудиле 13 милиони фунти годишно со што би станал еден од тројцата најплатени менаџери во англиската Премиер лига, веднаш после Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.


ПСЖ нема намера да сопре: Сака да го доведе и Салах

Пари Сент Жермен има план како да го замени Килијан Мбапе, кој на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти клубот.

22-годишниот Французин одбива да го продолжи договорот и наводно веќе има договор со Реал Мадрид.

ПСЖ како идеална замена за него го гледа Мохамед Салах од Ливерпул, пренесуваат француските медиуми.

Француските медиуми откриваат дека ПСЖ ова лето одбил да го пушти Мбапе, токму поради фактот што не успеале да го договорат Салах

Египќанецот игра фантастична сезона, но се уште не може да се договори со Ливерпул за продолжување на соработката бидејќи бара да биде најплатен фудбалер во Премиер лигата.


Карло Анчелоти за Азар: Преферирам други играчи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде објаснување зошто Еден Азар не игра доволно под негово водство.

Белгиецот остана на клупата за резервни играчи и не влезе во игра ниту на „Ноу Камп“, каде Реал во Ел Класико ја совладе Барселона со 2:1. 

„Азар може да игра на левата позиција при формација 4-3-3, или зад напаѓот во систем 4-4-2. Тој е подготвен за игра, но проблемот е што јас како тренер сакам да играм со други играчи.“, изјави Анчелоти.

“Еден Азар се соочи со многу повреди откако пристигна во Реал, но малку по малку ќе се врати во својата најдобра форма. Сигурен сум дека оваа сезона ќе ги покаже своите квалитети и ќе игра повеќе. Азар поседува и квалитет и мотивација, но мора да сфати дека понекогаш тренерот преферира други фудбалери“, додаде Карло Анчелоти.


Толисо заминува од Баерн, Серија А следна станица

Корентин Толисо има намера да го напушти клубот на крајот на сезоната. Договорот на фудбалерот завршува летото 2022 година.

Според информациите, преговорите за продолжување на договорот се прекинати, а агентот веќе работи на преселба на играчот во нов клуб.

Интер е еден од главните интересенти за Толисо. Италијанците планираат да го ангажираат играчот следното лето како слободен играч. Минатата сезона Толисо одигра 24 натпревари на сите турнири на кои постигна три гола.


Можна трампа Икарди за Агуеро

Париз Сен Жермен подготвува трампа на напаѓачот Мауро Икарди со напаѓачот на Барселона Серхио Агуеро.

Според извори од францускиот клуб, Икарди е во лоши односи со Лионел Меси по неговото доаѓањето на „Паркот на принцовите“ и повеќе не е загарантиран стартер под водство на тренерот  Маурицио Покетино.

Барселона не би имала ништо против да го донесе Икарди во своите редови, а да го испрати Агуеро во спротивен правец, односно во ПСЖ. Тоа би му одговарало на Лионел Меси кој повторно би заиграл со неговиот близок пријател и соиграч од аргентинската репрезентација.


Барселона сонува за доведување на Клоп

Екипата на Барселона сонува да го доведе Јирген Клоп за свој тренер на „Ноу Камп“. Од Барселона се надеваат дека тренер како Клоп со совоето доаѓање би извршил комплетен препород на екипата и клубот.

Клоп има договор со Ливерпул до 2024 година, но по завршувањето на тој договор најмногу се поврзува со преземање на клупата на германската репрезентација.

Германецот е познат како специјалист за подобрување на перформансите на екипите кои ги тренирал досега и затоа Барселона посакува во иднина да ги искористи квалитетите на Клоп кој би бил идеално решение за нив.