фудбал

Охрид го доведе Сашо Шопоски

Фудбалерот за врска Саше Шопоски е трето ново име во охридскиот фудбалски клуб, во летниот преоден рок.

Шопоски во јатото на „рибарите“ ќе се пресели од Тетекс, а претходно има настапувано за Пелистер, Тиквеш, Брегалница и други екипи од Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Охрид пред да го доведе Шопоски ги претстави Игор Клечкароски и Мурат Адили.

„Рибарите“ минатата сезона играа во баражот за влез во Првата лига. Неприминлива пречка за охриѓани беше Ренова, која славеше после изведување на пеналите.


Подолски се враќа во клубот од својот роден град

Легендарниот германски напаѓач Лукас Подолски би можел да се врати во клубот од родниот град. Германскиот напаѓач доби неколку понуди, но една изгледа особено примамлива.

Според италијанскиот стручњак за фудбалски трансфери Фабрицио Романо, Подолски е во преговори со Горник и наскоро би можел да стане нов член на полската прва лига.

Иако пристигнаа неколку интересни понуди од целиот свет, од Турција и Катар до Мексико и Бразил, тој сепак ја претпочита опцијата да се врати дома, а според последните информации, Горник само го чека неговиот конечен одговор.

Подолски во неколку наврати изјави дека на крајот од својата кариера би сакал да игра за Горник, чиј навивач е уште од дете.



„Кралевите“ го сакаат Ван де Бек во трансферот на Варан

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед официјално ги започнаа преговорите за трансфер на Рафаел Варан на „Олд Трафорд“.

Варан одби да го продолжи договорот со „кралевите“ и сака да ја промени средината, а Јунајтед е негова прва опција.

„Сан“ пишува дека Реал Мадрид ќе инсистира во договорот за Варан да биде вметнат и Дони Ван де Бек кој првично би дошол во Мадрид како позајмен фудбалер, а Реал да има право на целосен откуп на неговиот договор следната сезона.

Холанѓанецот минатото лето пристигна на Олд Трафорд, но не се снајде најдобро во Премиер лигата и не е во плановите на Солскјер.



Словачки Спартак Трнава сака да го откупи Милан Ристовски

Спартак Трнава е задоволна од она што го прикажа во нивните редови македонскиот напаѓач, Милан Ристовски.

Ристовски за Спартак го одигра вториот дел од сезоната во кој на 12 натпревари постигна пет гола. Со добрите настапи за Спартак доби и повик во националниот тим за Европското првенство, а сега Петер Мачо, првиот човек на клубот истакна дека сакаат да го откупат Ристовски.

„Сакаме да го откупиме Ристовски. Понудата до Ријека е испратена и чекаме одговор. Се надеваме на позитивен одговор“, изјави Мачо.

Ристовски во овој момент е на подготовки со Ријека заедно со Дарко Велковски.



Кејн на еден гол од рекордот на Гери Линекер

Напаѓачот на Англија, Хари Кејн, кој погоди два пати на мечот со Украина во  четвртфиналето на Европското првенство, сега има само еден гол помалку од рекордот на Гери Линекер кој ја заврши кариерата со десет погодоци на големите натпреварувања.

Тоа значи дека фудбалерот на Тотенхем ќе има можност на средбата со Данска закажана в среда на „Вембли“, да го изедначи или евентуално и да го надмине рекордот на Линекер. Интересно е тоа што поранешниот напаѓач сите голови ги постигнал на Светските шампионати.

Кејн кој во дресот на Англија има 59 мечеви во сите конкуренции, има постигнато 37 голови.



Вацлик: Никој не очекуваше ваков турнир од нас

Чешкиот голман, Томас Вацлик, мирно ја прифати елиминацијата од Данска на Евро 2020 откако неговата селекција загуби со 2-1.

„Никој не веруваше во нас, но, ние се држевме заедно. Постои силен тимски дух. Имаме нешто посебно што не одржува. Со текот на времето, мислам дека ќе најдеме само позитивни работи. Загубивме и мора да си одиме дома, сепак, морам да кажам дека сум горд на тимот со денешниот настап особено во второто полувреме. Можеме да заминеме со подигнати глави, чувствувајќи дека дадовме се од нас“, рече голманот на Чешка, Вацлик.

CARDIFF, WALES – MARCH 30: Tomas Vaclik of Czech Republic during the FIFA World Cup 2022 Qatar qualifying match between Wales and Czech Republic at Cardiff City Stadium on March 30, 2021 in Cardiff, Wales. (Photo by Michael Steele/Getty Images)



Каљари го врати Кевин Стротман во Серија А

Кевин Стротман повторно ќе игра во Серија А, сега во Каљари.

Стротман дојде во Рома како голема надеж во 2013 година, но една година подоцна претрпе тешка повреда и го пропушти СП 2014 во 2014 година. Кога се врати од таа повреда повеќе не беше истиот играч. Во Рома беше се до 2018 година кога се пресели во Марсеј за 25 милиони евра.

На „Велодром“ имаше солиден ефект, потоа премина во Џенова. Сега се враќа во Италија, но во Каљари.


Алиоски одби 2,5 милиони евра од ЦСКА Москва

Езгјан Алиоски се уште е тема на трансфер берзата, македонскиот репрезентативец е желба на неколку клуба од Турција, а веќе одбил понуда од ЦСКА Москва.

Клубот од Русија му понудил 2,5 милиони евра, но Алиоски ги одбил, сака да остане во Англија кај Лидс каде бара 2 милиони евра по сезона и договор на 4 години.

Алиоски има 29 години, сака да ја осигура својата иднина и бара договор со актуелниот клуб со важност на четири години. Засега како слободен играч останува интересен за турските великани Фенербахче и Галатасарај.


РБ Лајпциг го претстави Португалецот Андре Силва

Португалскиот репрезентативец Андре Силва е нов фудбалер на Лајцпиг.

Она што се најавуваше во претходните денови сега доби официјална потврда. Лајпциг објави дека потпишале договор со Силва до јуни 2025 година. Ајнтрахт за услугите на Силва ќе добие 23 милиони евра.

Во минатата сезона Португалецот одигра 32 натпревари и постигна 28 голови, а беше дел и од Европското првенство.


Серија А го менува форматот на натпреварување

Раководството на италијанскиот фудбал изгласа промена на календарот на натпреварување за претстојната сезона, промена според која во вториот дел од сезоната нема да го следат распоредот во првиот дел од сезоната.

Раководството на Лега Серија А одржа состанок со сопствениците на преносите на натпреварите на кој е договорена подобра дистрибуција на средбите. Според пишувањата на Скај Спорт, италијанското првенство ќе има асиметричен распоред, па во продолжението нема да повторува низата средби од првиот дел.

Единствен критериум кој е воведен е меѓу средбите на исти тимови да нема помалку од осум натпревари.

Според новиот договор, италијанското првенство отсега ќе се игра по правило кое веќе го следат Англија, Шпанија и Франција.