фудбал

Конте нуди богатство за дефанзивецот Антонио Бастони

Антонио Конте неодамна имаше состанок со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви и му беа ветени неколку засилувања на лето.

Најголема желба на Конте е дефанзивецот на Интер, Бастони, бидејќи сака да ја засили одбраната. Бастони има договор до 2024 година, но е еден од најмалку платените фудбалери во тимот, а нема најави за продолжување на соработката.

Тотенхем му нуди четиригодишен договор и плата од 6,5 милиони евра, а е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.


Гравенберх пред потпис со Баерн Минхен

Баерн Минхен се договори со играчот за врска на Ајакс, Рајан Гравенберх, пренесува „Билд“.

Гравенберх ги договори личните услови со Баварците и сака да се пресели  на „Алијанц Арена“, па сега останува уште двата клуба да се договорат за обештетувањето. Ајакс за 19-годишниот плејмејкер бара 35 милиони евра, додека Баерн понуди 25 милиони со вклучени бонуси за неговиот потпис.

Гравенберх има договоро со Ајакс до 2023 година и нема намера да ја продолжи соработката, па холандскиот клуб мора да го продаде на лето.


Академија Пандев не ја прифати оставката на тренерот Стојчев

Академија Пандев не ја прифати оставката на тренерот Ѓорѓе Стојчев.

Откако „пандевци“ не победија на последните два натпревари со Скопје и Борец, против Скопје беа и поразени Ѓорѓе Стојчев ја презема одговорноста и си поднесе оставка од местото прв тренер.

Сепак, денес од клубот соопштија дека неговата оставка не е прифатена и тој ќе остане да го води тимот.

„На денешниот состанок на Управниот одбор на клубот беше разгледена понудената оставка од страна на Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим – Ѓорге Стојчев. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка НЕ Е ПРИФАТЕНА. Управниот Одбор, сите вработени, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Ѓорге Стојчев, а убедени сме дека резултатската криза ќе се надмине веќе во наредните натпревари. Решението за назначување на Стојчев за тренер на сенирскиот тим не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот во иднина“, соопштија од Академија Пандев.


Ливерпул најавува уште едно засилување

Познатиот новинар Фабрицио Романо тврди дека Ливерпул е подготвен да потпише договор со офанзивниот играч на Фулам,Фабио Карваљо.

Двата клуба наводно постигнаа договор за сума од 5 милиони фунти плус уште 2,7 милиони како бонуси . Овој трансфер требаше да се реализира уште во јануари, кога во последните часови од зимскиот преоден рок Ливерпул се обиде да го ангажира Португалецот, но немаше доволно време да се комплетира истиот.

Во трансферот се вклучени многу бонуси за фудбалскиот клуб Фулам, кој ќе добие 20% од евентуална наредна продажба на Карваљо. Договорот на младиот играч со клубот од „Енфилд“ќе биде до 2027 година.


Агуеро добива статуа во Манчестер

Манчестер Сити ќе му оддаде посебна почит на својот најдобар стрелец на сите времиња Серхио Агуеро. Популарните „граѓани“ ќе ја откријат неговата статуа на стадионот „Етихад“ за да ја одбележат 10-годишнината од неговиот гол, со кој заврши 44-годишното чекање на титулата во Премиер лигата. 

 На тој натпревар Сити преку пресврт го победи Квинс Парк Ренџерс со 3-2 во последното коло од сезоната 2011-12, а Агуеро беше стрелец на голот за победа.

Агуеро за десет години во Манчестер Сити постигна 260 гола на 390 натпревари, освои пет титули во Премиер лигата, еден ФА Куп и шест Лига купови. Статуата на Агуеро ќе биде откриена на 13 мај.


Барса понудила тригодишен договор и висока плата за Левандовски

Раководството на Барселона му понуди на Роберт Левандовски тригодишен договор со плата од 8 милиони евра по сезона плус бонуси. Ова го изјави новинарот од програмата „Ел Чирингито“ Хозе Алварез.

Според него, на овој начин Каталонците ја задоволуваат желбата на 33-годишниот Полјак за рокот на договорот.

Асот на Баерн (Минхен) има договор со својот сегашен клуб на уште 12 месеци, а од „Алијанц Арената“ моментално му нудат продолжување на само една година. Сепак, Лева сака подолг договор и нов предизвик.

Барселона е подготвена да му ја исполни желбата за рокот на договорот, но му нуди помала плата од сегашната која моментално изнесува околу 12 милиони евра нето.

Агентот на напаѓачот Пини Захави веќе почна со овие услови и сега го чека одговорот на Левандовски од „Камп Ноу“. Ел Чирингито тврди дека самиот фудбалер е задоволен од оваа понуда, но Баерн подготвува нова понуда до Левандовски за да го убеди повторно да потпише.


Раководството на Манчестер Јунајтед одлучи – Тен Хаг ќе биде нов тренер на екипата

Некои од највлијателните спортски медиуми од Англија, пренесуваат дека Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, по завршувањето на сезоната ќе го преземе Манчестер Јунајтед.

Според пишувањата на медиумите, раководството на „црвените ѓаволи“ се одлучиле за ангажман на  холандскиот стручњак. Неговата кандидатура била одобрена од извршниот директор на клубот Ричард Арнолд и сопственикот Џоел Глејзер, кои веруваат дека Тен Хаг е вистинскиот избор за нов тренер на „црвените ѓаволи“.

На чело на Манчестер Јунајтед моментално е 63-годишниот Германец Ралф Рангник. Тој ја презеде функцијата на 3 декември 2021 година и беше назначен за привремен менаџер.По завршувањето на сезоната тој ќе заземе позиција во структурите на Манчестер Јунајтед.


Три клубови од Премиер лигата заинтересирани за Мемфис Депај

Некои од англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Барселона, Мемфис Депај може да го напушти Камп Ноу една година пред истекот на неговиот актуелен договор со клубот.

Според информациите, интерес има од Арсенал, кој има потреба од фудбалер во нападот по разделбата со Пјер-Емерик Обамејанг, кој замина во Барса.

Евертон е исто така заинтересиран за холандскиот инернационалец доколку екипата обезбеди опстанок во Премиер лигата и во наредната сезона.

Њукасл Јунајтед е третиот клуб од Премиер лигата кој го „прати“ Депај, и може да си дозволи да испрати повисока финансиска понуда за негов ангажман.


Бразил го посакува Гвардиола за селектор

Фудбалскиот сојуз на Бразил сака Пеп Гвардиола да биде нов селектор на репрезентацијата, после Светското првенство во Катар.

Тренерот на Манчестер Сити веќе подолго време е желба на сојузот, но до сега не постоеа шанси за негов ангажман.

Репрезентацијата на Бразил, последен пат беше Светски шампион пред 20 години, и тој факт повеќе не се толерира од од нацијата која е опседната со фудбал.

Од финансиска страна Пеп како селектор би заработувал 12 милиони евра годишно, што е далеку помалку од 23 милиони евра колку што во моментот заработува во Сити. Меѓутоа од бразилската федерација се надеваат дека Гвардиола би прифатил да биде на чело на репрзентацијата која можеби го игра најатрактивниот фудбал во историјата на спортот. Договорот би бил со важност од 4 години, односно до следниот Мундијал во 2026 година.


Куртоа: Работата не е завршена, но очекувам во Мадрид пак да победиме

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа предупреди дека победата од 3-1 на теренот на Челзи не значи автоматски и пласман во полуфиналето во Лигата на фудбалските шампиони.

„Започнавме добро против екипа која игра многу интензивно. Создававме ситуации, погодивме греда а потоа промашивме уште две шанси. Не треба да мислиме дека работата е завршена. Се надевам дека со поддршка од навивачите уште еднаш ќе победиме“, изјави Куртоа по вчерашната победа во Лондон.