фудбал

Марсијал сериозно е повреден, неизвесен настапот и на ЕП

Лоши вести од Манчестер пристигнуваат за француската репрезентација, имено оваа селекција на Европското првенство би можела да биде без Ентони Марсијал. Марсијал заработил повреда минатата недела за време на мундијалските квалификации. Проценката прво била дека не станува збор за многу тешка повреда, но изгледа дека не е баш така. Вчера Солскјер изјави дека сезоната за него најверојатно е завршена, а можно е и да го пропушти Евро 2021. „Ентони има повреда на коленото. Секогаш кога има репрезентативна пауза се надевате дека сите играчи ќе ви се вратат здрави. Од Франција ни кажаа дека не е ништо сериозно, но излезе големо разочарување. Веројатно нема да сметаме на него до крајот на сезоната“, изјави Солскјер.


Два калчолигаши го сакаат Бога од Сасуоло

Жереми Бога игра фантастична сезонона во дресот на Сасуоло и го привлече вниманието на неколку италијански гиганти.
24-годишниот крилен напаѓач покажа дека е голем потенцијал и може да се развие во еден од најдобрите играчи во Серија А.
Бога пристигна во Сасусоло од Челзи, па откако „сините“ не ја искористија можноста да го вратат, сега италијанскиот клуб ги има комплетните права над играчот.
Најсилен интерес за Бога покажуваат Аталанта и Наполи, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент и започнале преговори.


Шкрињар на чекор до потпис со Тотенхем

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар е близу до трансфер во Тотенхем. Клубовите наводно се близу до зделка што би можела да се заврши во текот на летниот преоден рок.
Тотенхем сакаше да го ангажира Шкрињар и оваа зима, но Интер не беше подготвен да го продаде. Да потсетиме, претходно Интер одби да ги пушти напаѓачите Лаутаро Мартинез, Ромелу Лукаку и играчот од средниот ред Николо Барела да заминат во Барселона.


Јуве нема да го откупи Мората, Шпанецот се враќа во Атлетико

Aлваро Мората на крајот од сезоната ќе се врати во Атлетико Мадрид. Иако на 35 натпревари постигна 16 голови и запиша 12 асистенции, Алваро Мората изгледа нема да остане во Торино.
Шпански „АС“ објави дека Јувентус нема намера да го откупи шпанскиот напаѓач на кого цената му изнесува 45 милиони евра.
Италијанците веќе потрошија 10 милиони евра за неговата позајмица, а за нова до 2022 година би требало да платат нови 10 милиони.
Во Јувентус сметаат дека Мората не е потребен и спремни се да го вратат во Атлетико на крајот на оваа сезона.


Икарди се враќа во Италија, ПСЖ го стави на трансфер листа

ПСЖ нема да смета повеќе на Мауро Икарди и го стави на продажба Аргентинецот.
Икарди не добива голема минутажа. Многумина веруваа дека работите ќе се променат со доаѓањето на Покетино, но наводно новиот тренер нема да смета на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб. За Икарди интерес покажуваат неколку клубови од Серија А, а и самиот не крие дека сака да се врати во Италија. Милан и Јувентус се главни кандидати за неговиот потпис. Двата италијански гиганти се во потрага по напаѓач за следната сезона.


Меси сака исполнување на три услови за да остане во Барса

Шпанските медиуми денеска пишуваат дека во многу скоро време, новиот претседател на Барселона, Лапорта и најголемата ѕвезда на тимот, Лео Меси ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за новиот договор, а наводно Аргентинецот веќе му дал три услови кои мора да бидат исполнети за тој да остане во клубот. Првиот услов е клубот да донесе звучно засилување во нападот за да може да игра малку порелаксирано. Во игра се имињата на Серхио Агуеро и Ерлинг Халанд. Второто барање на Меси е играта на Барселона повторно да се базира на млади играчи од Ла Масија, а оваа сезона се покажа дека има многу потенцијал. И, конечно, третото барање е Меси да биде во директен контакт со претседателот за да ги знае плановите и тактиките за водење на Барселона во наредниот период. Дали Лапорта ќе може да го исполни сето ова, ќе се знае наскоро.


Фернандињо заминува од Сити, Пеп веќе бара замена

Раководството на Манчестер Сити ја започна потрагата по заменик за Фернандињо, кој најверојатно ќе го напушти „Етихад“ ова лето. Договорот на 35-годишниот Бразилец завршува на крајот на сезоната, а како што стојат работите клубот нема да му понуди продолжување на соработката. Поради тоа на „Етихад“ веќе работата за доведување на негова замена, а Гвардиола има список со тројца кандидати. Прв на списокот е ѕвездата на Борусија Мехенгладбах и швајцарски репрезентативец Денис Захарија. 24-годишниот играч за врска игра одлично во Бундес лигата и подолго време е на радарот на „граѓаните“.


Симеоне го сака Милик во Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, кој е на позајмица во Олимпик Марсеј, може да продолжи кариера во шпанскиот шампионат. Според француиски „Л“Екип“, Атлетико (М) е заинтересиран за услугите на фудбалерот. Се споменува дека клубот од Мадрид е подготвен да го купи Милик за 12 милиони евра во летниот преоден рок. Претходно беше објавено дека 27-годишниот полски напаѓач е интересен за торински Јувентус. Актуелниот договор на Милик со Наполи трае до 2022 година.


Интер ќе купува уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед

Од таборот на Интер во изминативе две години купија неколку фудбалери кои го носеа дресот на Манчестер Јунајтед, а некои од нив се уште се носители на играта на „нероазурите“. Тука се мисли најмногуна Ромелу Лукаку кој е најдобар играч на италијанскиот тим по неговиот трансфер токму од Манчестер Јунајтед. Освен Лукаку дресот на Манчестер со оној на Интер го заменија и Ешли Јанг и Алексис Санчез, а преку Парма во клубот пристигна и Матео Дармијан. Сега англиските медиуми пренесуваат дека од Интер сакаат да го ангажираат миленикот на фановите на клубот од „Олд Трафорд“, Ерик Баи. Стоперот не е најредовен во првиот тим на Оле Гунар Солскјер, па токму затоа засега одбива да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.


Агуеро го напушта Сити, но останува во Англија?

Кун Агуеро ја игра последната полусезона во дресот на Манчестер Сити, би можел да си замине со вистинска „жетва“ на трофеи, петтата титула во првенството е загарантирана, иако неговиот придонес за истата поради повреди беше значително помал, за разлика од претходните девет години поминати во клубот. Агуеро ќе го напушти клубот како најдобар стрелец во историјата, многумина велат и најдобар играч, а секако ќе биде најтрофеен. Не е тајна дека Агуеро има желба да остане во Премиерлигата, а се чини дека ќе добие понуда од соништата. Челзи е подготвен да му понуди повеќегодишен договор, наводно Абрамовиќ веќе дал зелено светло на Тухел, со оглед на тоа што Тимо Вернер како разочарување најверојатно ќе се врати во Бундеслигата како позајмен играч. Челзи преговара и со Халанд, но тука шансите се мали, потребен им е нов напаѓач, па Агуеро би дошол како „кец на десетка“. Аргентинецот би добил шанса и понатаму да игра во лигата која ја смета за најсилна на светот.