фудбал

Артета: Допрва ќе го видите најдобриот Хаверц

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, застана во одбрана на новото засилување, Каи Хаверц. Фудбалерот иако одигра слабо на мечот со Јунајтед ја има поддршката од неговиот тренер.

„Вчера му реков дека работите секогаш се тешки во почетокот. Кога ја сретнав мојата сопруга, во почетокот беше тешко да ја освојам но, бев упорен и постојано и испраќав пораки. На крајот завршивме заедно. Ако тоа се случеше по првиот состанок, немаше да биде толку слатко“, рече Артета.

„Топчиите“ наредниот меч во Премиер-конкуренцијата ќе го одиграат на теренот на Евертон на 17 септември.


Мата потпиша за јапонски Висел Кобе

Хуан Мата реши да ја напушти Европа. Но не замина како многумина во Саудиска Арабија или Катар.

Мата се пресели во Јапонија, поточно во Висел Кобe како слободен играч откако го напушти Галатасарај на 1 јули. Минатата сезона ја освои титулата со турскиот клуб, но не одигра голема минутажа.

За Мата е познато дека помина низ младинските школи на Овиедо и Реал Мадрид. Потоа играше за Челзи, Валенсија и Манчестер Јунајтед и освои бројни трофеи.

За шпанската репрезентација одигра 41 натпревар, постигна 10 гола и го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година.


Како пропадна трансферот на Ван де Бек во Лориен

Дони Ван Де Бек беше пред трансфер во француски Лориен, но на крај овој трансфер не се реализираше.

Сега „Л’Eкип“ ја открива причината зошто Ван Де Бек не се преселил во Лориен. Лориен сакал да го доведе Ван Де Бек, но проблем било неговото лошо однесување. Некаде кон средината на август фудбалерот одбил да разговара иако клубовите постигнал договор.

Кога не направил друг трансфер, агентот на Ван Де Бек го контактирал Лориен во последниот ден од преодниот рок.

Но, тогаш од Лориен не сакале да разговараат за можна соработката поради однесувањето на Ван Де Бек кој одлучил да дојде кај нив кога видел дека нема каде на друго место.

Своевремено додека беше во Ајакс Ван Де Бек важеше за голем талент, меѓутоа по пристигнувањето на „Олд Трафорд“ неговата кариера тргна во надолна линија.


Вајналдум потпиша за саудиски Ал Етифак

Жоржињо Вајналдум се приклучи на фудбалерите кои се преселија во
Саудиска Арабија и ќе го носи дресот на Ал Етифак.

Ал Етифак е клубот кој неодамна го напушти македонскиот
репрезентативец, Дарко Велковски и кој од клупата е предводен од
Стивен Џерард.
Вајналдум се обврза на тригодишна соработка со саудискиот клуб.


Рамос наместо во Галатсарај ќе заврши во Ал Итихад

Изгледаше дека Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во турскиот
гигант Галатасарај, но според последните најави и шпанскиот ветеран може да се пресели во Саудиска Арабија.
Информациите од арапската земја говорат дека Ал Итихад испратил
конкретна понуда за да го доведе Рамос.
Според информациите, Рамос има понуда за договор на две години со
плата од 20 милиони евра по сезона. Исто така во неговиот договор би
имало и клазула со која ќе може да го раскине договорот во било кое
време.
Рамос е без клуб откако го напушти Париз Сен Жермен.


Халанд го сруши премиерлигашкиот рекорд на Енди Кол

Eрлинг Халанд постигна хет-трик во победата над Фулам и така
продолжи да испишува историја во Премиер лигата.
Норвежанецот вчера стана играчот на кој му било потребно најмалку
време да дојде до 50 голови и асистенции вкупно. На Халанд му беа
потребни 39 натпревари во најсилната англиска конкуренција за дапостигне 41 гол и да додаде девет асистенции.
Така Халанд го сруши рекордот на Енди Кол на кого му беа потребни
43 натпревари. Ова е само уште еден во низата рекорди кои ги руши
Халанд и сигурно нема да биде последен.


Роналдо „раситна“ 850 гола во кариерата

Кристијано Роналдо го постигна својот 850-ти гол во кариерата во
победата на неговиот Ал Наср со 5-1 на гостински терен над Ал Хазм
во натпревар од петтото коло од првенството на Саудиска Арабија.
Роналдо постигна гол во 68. минута за 4-1 пред Садио Мане десет
минути подоцна да ги зголеми 5-1.
За Португалецотова е шести гол во последните три натпревари, а
забележа и две асистенции. Ал Наср е во серија од три
последователни победи во првенството.


Руди Гарсија: Не смеевме да загубиме од Лацио

Тренерот на Наполи, Руди Гарсија по поразот од Лацио со 2-1 во
натпревар од Серија А, вели дека не е задоволен од она што го видел
во вториот дел.
„Заслуживме да водиме на полувремето бидејќи игравме навистина
добро. Во речиси единствениот вистински налет на нашата половина, тие постигнаа гол, така што ефикасноста беше 100 проценти.
Израмнивме, но во вториот дел бевме далеку понеефикасни во
додавањата и создавањето шанси. Со оглед на второто полувреме,
Лацио заслужи да победи, но гледајќи ја играта во целина, мислам
дека подобро ќе беше нерешено. Момците мора да научат дека кога не можеме да победиме, барем да не губиме“, изјави тренерот на
Наполи.


Бренан Џонсон го засили Тотенхем

Тотенхем го потврди трансферот на Бренан Џонсон, кој доаѓа од
Нотингем Форест за 45 милиони фунти.
22- годишниот фудбалер потпиша шестгодишен договор и ќе биде
деветто засилување за Тотенхем ова лето.
Џонсон ќе има тешка зада да го замени Хари Кејн во нападот, но тој е
поливалентен фудбалер и може да игра и како крилен напаѓач.
Во дресот на Нотингем Форест одигра 108 натпревари, постигна 29 гола и забележа 12 асистенции.


Нотингем Форест го доведе и Дивок Ориги

Дивок Ориги се врати во Премиер лигата откако му се приклучи на
Нотингем Форест на позајмица од Милан. Белгискиот напаѓач не
успеа да се наметне во италијанскиот гигант, па реши да бара нов
предизвик во кариерата. Во договорот на Ориги има и откупна
клаузула која вреди 4,5 милиони евра, но не е задолжителна и Форест
може да ја активира до крајот на сезоната.
Платата на напаѓачот ќе биде целосно покриена од англискиот клуб.
Ориги се очекува да биде претставен во недела, најверојатно ќе
дебитира за својот нов клуб по репрезентативната пауза.