фудбал

Карим Бензема се враќа во тимот на Реал

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема, продолжи со индивидуалните тренинзи пред гостувањето кај Селта Виго во натпревар од 30. коло на шпанската Ла Лига.

Доколку закрепнувањето на Бензема оди според планот, постојат големи шанси тој да учествува во саботната пресметка, пренесува весникот. 34-годишниот Французин поради повреда беше приморан да го пропушти Ел Класико дуелот со Барселона.

Реал Мадрид е лидер на табелата со 66 бодови, а тимот на Селта е на 11. место со 36 бодови.


Милевски: Ќе им порачам на фудбалерите да уживаат во натпреварот

Репрезентацијата на Македонија во Порто го игра еден од најголемите свои натпревари во историјата, дуелот со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022. Пред овој натпревар на официланата прес конференција говореа селекторот Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски.

„Залудно е да се трошат зборови за тимот на Португалија, имаат извонредни играчи, не би издвоил никој посебно, ќе треба да зборувам многу. Ние не сме дојдени тука како туристи, дојдовме да уживаме во натпреварот и да победиме. Никој не очекуваше да играме финале за пласман на СП, ние сме тука, нема бегање од тоа, Македонија ужива во тоа, од мене играчите имаат една порака, да уживаат во моментот и натпреварот со Португалија. Сите се спремни, за стартни единаесет немаме проблем, се знаат кои се. Не очекува различен меч од оној со Италија, не знам колку треба да бидеме подобри од мечот со Италија, Португалија е составена од извонредни играчи кои се меѓу најдобрите во европскиот фудбал. Ние си имаме свои квалитети, како тим, како целина, ќе видиме што ќе донесе победа, тимска игра, или тимска поставеност. Секој спорт кај нас има успех, но кога разговараме за фудбал, тоа е друга димензија, на глобално ниво, фудбалот е фудбал, патот до овде е навистина тежок, се среќавате со сериозни репрезентации и традиции, Македонија е рамо до рамо со најдобрите, ова е само показател како понатака. Статистиката е таква каква што е, но секој натпревар посебен, да, важно е кој ќе постигне прв гол, но тоа не значи дека ќе заврши со тоа. Што се однесува до Роналдо, се работи за најдобриот играч на светот, но тој не игра сам, играат уште други десет, тие имаат извонредни играчи, и ќе треба да се сконцентрираме на Португалија како тим, а не на поединци. Португалија е фаворит, но Македонија не е случајно тука, што ќе донесе натпреварот ќе видиме“, рече Благоја Милевски.


Вернер: За Германија играм подобро отколку за Челзи

Фудбалерот, Тимо Вернер, кој не успева да се наметне во редовите на Челзи, вели дека се чувствува послободно кога настапува за репрезентацијата на Германија отколку кога игра за лондончани.

„Работите не одат како што посакувам во Челзи, но, тука се многу подобри под водство на Ханси Флик. Има разлики во стилот на играта во репрезентацијата и во Челзи. Тука имам поголеми шанси да постигнам голови и затоа се чувствувам подобро“, потенцира играчот на „панцирите“.


Мараш: Мора да внимаваме, Нексе е непријатен ривал

Матео Мараш, ракометарот на Еурофарм Пелистер, вели дека мечот со Вардар послужил како одлично згаревање за првата пресметка со Нашице во Европската лига. Средбата ќе биде одиграна утре во Нашице.

„Ќе бидеме подготвени и ќе оставиме срце на терен. Нексе е непријатен ривал, имаат добра транзиција. Цврсти се во одбрана и играат на многу голови. Тоа се одредени работи кои треба да спречиме за на крајот да победиме“, вели Мараш.


Ристовски: Пријател сум со многу играчи на Португалија, но секој сака да победи

Капитенот на нашата фудбалска репрезнетцаија, Стефан Ристовски помина неколку години во Португалија, настапувајќи за Спортинг Лисабон и сосема очекувано беше главна „мета“ на медиумите во оваа земја пред утрешниот натпревар.

Ристовски одговараше на сите прашања, а посебно беше прашуван за односот со дел од фудбалерите на Португалија.

„Сигурно дека ова е еден од најважните натпревари во историјата на нашиот фудбал. Можеби светот не веруваше дека вечерва ќе бидеме овде, но ќе кажам дека не е случајно нашето присуство тука. Оваа наша соблекувална има нешто што другите немаат. Горд сум и подготвен за ова финале. Не можев да замислам дека ќе дојде натпревар во кој против Португалија ќе се бориме за еден мундијалски билет. Но, фудбалот е таков и нуди вакви предизвици.

Едно изненадување приредивме, а сега сме тука пред 50.000 Португалци да се обидеме пак да се надминеме себеси. Ја познавам Португалија, минав тука доста време, се чувствувам и Португалец. Син ми е роден тука, ме врзуваат убави спомени тука и среќен сум што оставив траги и по моето заминување. Во одличен однос сум со многу фудбалери од Португалија, посебен е мојот однос со Бруно Фернандеш, а таков ќе биде нашиот однос и по натпреварот. Често разговараме со Бруно за сите детали поврзани со фудбаллот. Му пренесов на селекторот што можам да помогнам околу противникот. Се забораваат пријателствата, бидејќи победа може да ни донесе историски успех“, смета нашиот капитен Стефан Ристовски.


Филип Лам: Светското првенство не требаше да се додели на Катар

Бившиот капитен на репрезентацијата на Германија, Филип Лам, кој ја освои светската титула во 2014 година, мисли дека изборот на Катар за домаќин на Светското првенство е грешка и повика на промена во идните процеси на избор.

„Во принцип мислам дека во иднина треба да има строги критериуми за избор на земја домаќин на Светското првенство и тие да бидат исполнети. Постапката за избор мора да биде транспарентна. Според мене Катар не требаше да биде домаќин “, изјави 38-годишниот поранешен фудбалер.


Роналдо: Македонија го заслужува цел наш респект

Кристијано Роналдо кој ќе ја предводи Португалија на утрешниот меч против Македонија во последниот бараж пред Мундијалот во Катар, излезе со суперлативи за избраниците на селекторот, Благоја Милевски.

„Македонија доаѓа многу самоуверена, полна со самодоверба, но, сите ние сакама да играме на Светското првенство. Знаеме колку е значаен мечот. Македонија ја заслужува сета наша почит, многу организиран тим, но, ако ние сме на највисокото ниво – секого можеме да победиме!. Македонија во многу мечеви изненади, јас се надевам дека со нас нема да биде така и дека Португалија ќе оди на Светско“, потенцираше Роналдо.


Сантош: Мораме да ја респектираме Македонија

Репрезентацијата на Португалија е огромен фаворит во финалниот бараж дуел за пласман на СП против Македонија и сака континуитет во учествата на големите натпреварувања.

Португалците играат на домашен терен и секако очекуваат победа, но избраниците на Благоја Милевски покажаа дека се способни да ја елиминираат било која врвна селекција.

Поради ова селекторот на Португалија, Фернандо Сантош изрази внимателност и порача дека неговите играчи треба да имаат голема почит кон македонската селекција.

„Мораме да покажеме иста почит кон Македонија како и кон Италија. Јас пред баражите кажав дека тие не се шега и ништо не се знае до крајот.Нашиот фокус и концентрација треба да биде на највисоко ниво. Екипа која отиде во Италија и го победи европскиот шампион, мора да се респектира“, изјави Сантош.


Три европски гиганти го сакаат Марко Верати во своите редови

Играчот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Верати би можел да се пресели во друг клуб. 

Според „Fichajes“, Манчестер јунајтед е меѓу тимовите кои се заинтересирани за италијанскиот фудбалер. Интер и Рома ја разгледуваат и можноста да го добијат Верати кој францускиот клуб го проценува на околу 55 милиони евра. Договорот на Верати со ПСЖ е до 30 јуни 2024 година. 


Реал Мадрид го доведува Тирни од Арсенал

Реал Мадрид планира ова лето да понуди 50 милиони фунти за левиот бек на Арсенал, Киран Тирни.

Според англиските медиуми, популарните „топџии“, се подготвени за продажба на дефанзивецот, доколку сумата биде над 50 милиони фунти.

Репрезентативецот на Шкотска настапува во одлична форма за Арсенал, и бил бил огромно засилување за екипата од „Сантијаго Бернабеу“, доколку дојде до реализација на овој трансфер.