фудбал

„Генијалецот“ Флик има бројки од кои застанува здивот!

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик стигна до шестиот трофеј на клупата на германскиот великан за само 15 месеци откако беше поставен на оваа позиција.
Некогашниот помошник на Нико Ковач, по освојувањето на Бундеслигата, Лигата на шампионите, германскиот Куп и Суперкуп, како и Суперкупот на Европа, стигна и до шестиот трофеј, титулата светски првак.
Сам по себе е фасцинирачки податокот ако се знае деак од ноември 2019. година, Баерн со Флик има само пет порази во сите натпреварувања.
Само за пример, минатата сезона ја завршија со вкупно четири порази во Бундеслигата, додека оваа веќе имаат два, но на „Алијанц“ се уште има простор за гордост.
По овој трофеј, се потешко е да се најде причина за Флик на крајот од сезоната да го напушти Баерн, како што се најавуваше на почетокот од годината.


УЕФА потврди: ЕП ќе се игра во 12 града ширум континентот

По извршената инспекција на објектите односно стадионите кои треба да бидат место за одигрување на натпреварите на ЕП 2021 година, од страна на УЕФА е потврдено дека сите 12 градови се подготвени да бидат домаќини на натпреварите на Европското првенство.
„Сакам да потврдам дека турнирот ќе се одржи, бидејќи јас и мојот тим сме овде во Санкт Петербург денес. Со висок степен на самодоверба можам да кажам дека сите 12 градови ќе бидат домаќини на натпреварите. Постојано ја следиме моменталната состојба, ќе гледаме како се развива. Но, во моментот, сите оние кои треба да бидат организатоти – 12 градови – се наоѓаат токму во онаа фаза која беше зацртана од наша страна“, објавија од УЕФА.
Еуро 2020 беше одложено за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот. Во исто време, УЕФА одлучи да не го менува името на натпреварувањето.


Евертон – Манчестер Сити е дербито од четвртфиналето на ФА Купот

Синоќа се одржа ждребот за четвртфиналето во англискиот ФА Куп и донесе интересни дуели.
Евертон кој на спектакуларен начин го елиминира Тотенхем сега за противник го доби Манчестер Сити.
Интересен ќе биде и дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Лестер, додека Челзи во четвртфиналето ќе се сретне со Шефилд Јунајтед.
Саутемптон кој го елиминираше Вулвехемптон ќе ги одмери силите со Борнмут.


Клоп го сака Закарија од Борусија Менхенгладбах

Ливерпул размислува да го ангажирт фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија, кој најави дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува по 18 месеци.
24-годишниот играч од средниот ред кој имаше неколку повреди во тековнава сезона, сепак, останува значаен дел од германскиот клуб.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој има големи проблеми во дефанзивата сигурно во текот на летниот трансфер период ќе се обиде да дојде до неговиот потпис.


Тотенхем спреми нов договор за Хјун-Мин Сон

Хјун-Мин Сон, најверојатно ќе потпише нов договор со Тотенхем во текот на летото. 28-годишниот Кореец во континуитет покажува блескави партии во дресот на „петлите“, а клубот сака да го ангажира на подолг период. Тој во досегашниот дел од сезоната има постигнато 17 голови и направено 12 асистенции во сите натпреварувања или неговиот вкупен ефект е 102 гола и 59 асистенции на 262 меча.Тековниот договор Мин Сон е валиден до јуни во 2023 година.


Јуве и Атлетико преговараат за откуп на Алваро Мората

Јувентус започна преговори со Атлетико Мадрид за откуп на Алваро Мората, пренесуваат италијанските медиуми. Во моментов Мората игра како позајмен фудбалер во Јувентус кој има опција да го откупи договорот за 45 милиони евра. Во клубот се задоволни од напаѓачот кој оваа сезона постигна 13 гола на 20 натпревари. Поради тоа „старата дама“ сака да го задржи Мората во своите редови, но ќе се обиде да формулира нов договор со Атлетико. Јувентус сака да ја продолжи позајмицата за уште една година, за што ќе му платат 10 милиони на Атлетико, а потоа во 2022 година задолжително да го откупат за 35 милиони евра.


Тухел го носи Боатенг на „Стемфорд бриџ“

Новиот тренер на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, планира да го ангажира играчот на Баерн Минхен, Жером Боатенг, кој во текот на летото ќе ја заврши соработката со Баварскиот состав.
Доколку трансферот се реализира, германскиот интернационалец по втор пат ќе има шанса да се појави во најсилниот шампионат на Англија.
Ќе потсетиме дека црномурестиот фудбалер во периодот од 2010 до 2011 година го носеше дресот на Манчестер Сити.


Манчестер Сити купува ѕвезда на Флуминензе

Фудбалерот на бразилски Флуминензе, Каики, по се изгледа кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Според одредени наводи, Манчестер Сити е близу до купување на 17-годишниот фудбалер. Првично, „граѓаните“ ќе платат 10 милиони евра а земајќи ги в предвид бонусите износот на целиот трансфер може да порасне на 17 милиони.
Според објавеното, младиот Бразилец во 2022 година, ќе му се приклучи на младинскиот тим на Манчестер Сити откако ќе биде зваршена целата процедура околу работната дозвола.


Хјуз: Кавани заслужува поголема шанса во Манчестер Јунајтед

Поранешниот фудбалер и менаџер, Марк Хјуз, ги советува челниците на Манчестер Јунајтед да му понудат на „извонредниот“, Единсон Кавани, нов договор.
33-годишен играч кој по заминувањето од Париз беше ангажиран на „Олд Трафорд“, успеа да постигне шест голови и да направи две асистенции на 16 мечеви. Сега легендата на Манчестер Јунајтед, Хјуз, верува дека Единсон заслужува продолжување на договорот.
„Пред да дојде во клубот, Рашфорд, Марсијал и Гринвуд беа во средината на нападот, но, видовме дека ниту еден од нив не ја одигра улогата како што треба. Кога Кавани игра, чувствувате дека тимот има повеќе фокус“, вели Хјуз.


Пелистерци негативни на ковид-19 тестовите пред почетокот на вториот дел

Резултатите од вчерашните тестирања за ковид-19 се негативни за целиот колектив на ФК Пелистер. Тоа значи дека сите играчи ќе му бидат на располагање на тренерот Димитар Капинковски за натпреварот во недела против екипата на Вардар во Скопје.
Натпреварот кој во Македонија е познат како „вечно дерби“ се игра в недела од 14:00 часот. Првиот дуел на овие две екипи, игран во октомври во Битола, заврши 1-1.
Битолчани во Скопје ќе патуваат без капитенот Драгарски, кој има акумулација на жолти картони.