фудбал

Бубакар Камара од Олимпик Марсеј пред портите на „Сан Сиро“

Милан покажува сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Апенините.

21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Милан веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.

Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска. Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Марсеј е спремен да ја пушти својата ѕвезда за 30 милиони евра, но Милан ќе се обиде да ја намали цената преку преговори.


Карлос Тевез стави крај на богатата кариера

Поранешниот аргентински репрезентативец, Карлос Тевез објави дека ја напушта Бока Јуниорс и заминува во пензија на 37 година.

„Сега можам да кажам дека се повлекувам, иако можно е за три месеци да се разбудам и да посакам повторно да играм. Но, никогаш повторно нема да биде дел од Бока. Ова е ден од моите најтажни денови, но верувам дека носам правилна одлука. Бока е мојот живот и не смеам да бидам само просек тука. Ако не можам да дадам 100%, подобро е да се повлечам.“ – изјави Тевез.

Тевез кариерата ја започна во Бока Јуниорс по што ги носеше дресовите на Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.


Почина поранешен фудбалер на италијански Милан

Поранешниот член на Милан и некогашен играч на италијански Беневенто, Сеид Висин починал на
20 годишна возраст.
Висин е роден во Етиопија, но брзо се преселил во Италија. Дошол во Милан каде бил член на
младата екипа на славниот клуб, а „Газета дело спорт“ пишува дека бил пријател со Џанлуиџи
Донарума.
Во 2016. година, тој одлучил да го остави големиот фудбал и се префрлил на футсал. Настапувал за
тимот на Атлетико Виталита во Серија Д.


ЕУРО 2020 – 19. Словачка одблиску

Словачка нема намера да биде само учесник на Европското првенство!

Фудбалската репрезентација на Словачка е национален машки фудбалски тим раководен од фудбалскиот сојуз на Словачка. Од 2016 година, натпреварите на домашен терен, словачката репрезентација ги игра на реновираниот стадион Антон Малатинскиј во Трнава. Словачката репрезентација го има еден од најмладите национални фудбалски тимови во светот, откако се раздели од репрезентацијата на Чехословачка по распадот на обединетата држава во 1993 година. Оттогаш, Словачка има сопствена фудбалска репрезентација која се натпреварува на сите големи професионални турнири.

Словачка се квалификува на две големи првенства досега, на Светското првенство 2010 година и на Европското првенство во 2016 година. Словачка изборила пласман на Светското првенство во 2010 година, кое се одржа во Јужна Африка, завршувајќи на првото место во својата квалификациска група и покрај двата порази од Словенија. Во групната фаза од првенството, Словачка ремизираше со Нов Зеланд и забележа победа од 3-2 над Италија, со што се пласирала во осминафиналето, во кое беше поразена од финалистот Холандија со 2-1. Тоа беше првпат Словачка да се пласира на големо фудбалско натпреварување, откако играше во секој квалификациски циклус за Светско првенство од 1998 и секој квалификациски циклус за Европско првенство од 1996 година. Словачката репрезентација беше на чекор до пласман на Светското првенство 2006, но во баражот загуби од Шпанија. Словачка не успеа да се квалификува за Светското првенство во 2014 година, но обезбеди пласман на Европското првенство во 2016 во Франција под водство на селекторот Јан Козак, кој му помогна на тимот да го достигне рекордното 14-то место на ФИФА ранг листата.

Најголемата словачка ѕвезда потпиша за Гетеборг

Најдобриот слоовачки фудбалер, Марек Хамшик пред неколку месеци стана играч на ИФК Гетеборг. 33-годишниот Словак потпиша договор со клубот до крајот на летото 2021 година.

Договорот на Хамшик со кинескиот клуб Далиан Инфанг истече и тој реши да се врати во Европа.

Фудбалерот стекна слава во репрезентацијата на Словачка и во италијански Наполи. Тој го држи рекордот по број на одиграни мечеви за наполитанците и е втор на голгетерската листа во историјата на клубот.

Во сезоната 2020/21 Гетеборг го зазеде 12-тото место во шведското првенство.


Ѕвездите на Сити доминираат во тимот на сезоната во Премиер лигата

Шампионот Манчестер Сити домонира во тимот на годината во Премиер лигата избран од Асоцијацијата на професионални фудбалери.

Дури шест фудбалери на Сити се во идеалниот тим и тоа Кевин де Брујн, Рубен Диас, Жоао Кансело, Илкај Гундоган, Едерсон и Џон Стоунс.

Манчестер Јунајтед има двајца претставници, Бруно Фернандеш и Лук Шо, исто како и Тотнхем, Хари Кејн и Мин Сон. Идеалните 11 ги дополнува ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.


Челзи го награди Тухел со нов договор

Германскиот тренер Томас Тухел потпиша двегодишно продолжување на договорот со Челзи, една недела по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.

Тухел пристигна во јануари на „Стемфорд Бриџ“ откако доби отказ во ПСЖ, а на клупата на Челзи ја замени легендата на клубот, Френк Лампард.

До доаѓањето на Германецот, Челзи беше во криза, а потао следеше фантастична низа. Челзи сезоната ја заврши на четвртото место, го освои Лига Купот, а на крајот и Лигата на шампионите.

„Не можам да замислам подобра прилика за продолжување на договорот. Благодарен сум на искуството и многу сум среќен што останав дел од семејството на Челзи. Има уште многу што следи и се радувам на нашите идни чекори.“ – рече Тухел.


Светските медиуми пишуваат за македонската репрезентација

Новинската агенција „Франс прес“ посвети текст на македонската фудбалска репрезентација, која ги прави последните подготовки пред заминувањето на Европското првенство.

Во текстот на „АФП“ главниот фокус е на капитенот Горан Пандев. Се потенцираат сите успеси на нашиот капитен, особено тројната круна со Интер во времето кога тимот го предводеше Жозе Мурињо, но најдрагиот гол му е погодокот против Грузија кој ја однесе Македонија на Европското првенство.

„Тоа е мојот најдраг гол бидејќи конечно се пласиравме на еден голем турнир.“ – изјави Пандев.

Селекторот Игор Ангеловски има само големи зборови за Пандев, а ја потенцира и сплотеноста на нашата репрезентација.

„Тој е нашиот најдобар фудбалер во историјата и среќен сум што прифати да се врати како наш лидер на теренот и надвор од него. Направивме нашиот национален тим да живее како семејство, еден за друг би умреле на теренот.“ – вели Ангеловски.


Челзи му го продолжи договорот на Тиаго Силва

Фудбалскиот состав Челзи објави дека активирал посебна клаузула во договорот со дефанзивецот Тиаго Силва и затоа неговиот ангажман  е продолжен за уште една сезона до наредното лето.

36-годишниот Бразилец пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2020 година како слободен играч од Пари Сен Жермен. Ветеранот брзо стана главен дел од лондончан, запиша 34 натпревари на сите турнири и даде 2 гола.

Силва во дебитантската сезона со „сините“, се израдува на првата титула во Лигата на шампионите.


Конте се договори со Тотенхем, прва цел му е да го задржи Кејн

Антонио Конте ќе биде нов тренер на Тотенхем. Според „ЕСПН“ двете страни постигнале договор после 48-часовни преговори.

Конте неодамна го напушти Интер и се очекува наскоро официјално да биде промовиран во нов менаџер на Тотенхем. Заедно со него во тимот од Лондон ќе пристигне и бившиот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи.

Италијанските медиуми откриваат дека Конте во Тотенхем ќе заработува 15 милиони евра годишно плус 2,5 милиони под формата на бонуси.

Претседателот Даниел Леви му ветил на Италијанецот амбициозен проект и голем буџет за трансфери, а ќе направи се за да го задржи и Хари Кејн во тимот.


„Топџиите“ се разделија со тројца фудбалери на истек на договорот

Арсенал на својата официјална веб-страница објави заминување на неколку играчи на крајот на сезоната 2020/2021.

Голманот Метју Рајан, дефанзивецот Давид Луиз, играчите од средниот ред Дани Себаљос и Мартин Одегард го напуштаат Арсенал. Шпанецот и Норвежанецот играа за Арсенал на позајмица, а имаат договори со Реал Мадрид.

„Им благодариме на наведените играчи за придонесот во клубот за време на нивните постојани договори или позајмица. Вие секогаш ќе бидете дел од семејството Арсенал и ви посакуваме се најдобро, здравје, среќа и успех во иднина“, напиша прес-службата на Арсенал.

Во сезоната што заврши, „топџиите“ завршија на осмото место на табелата во англиската Премиер лига со 61 освоен бод. Така, лондонскиот клуб не доби можност за настап во Европските купови за следната сезона.