фудбал

Јуве го продава Артур во зимскиот преоден рок

Артур Мело не успеа да се вклопи во италијанското првенство и се очекува да го напушти Јувентус во јануарскиот преоден рок. Според информациите, тој сака да се врати во Ла Лига, каде повеќе му одговара стилот на игра.

Бразилскиот играч за врска не е дел од плановите на Алегри и веќе разговарал со својот агент да му бара клуб во Шпанија, каде би продолжил со кариерата. Се зборува дека за него е заинтересирана  Севиља, бидејќи Јулен Лопетеги има симпатии кон него.

Јувентус го проценува на околу 35 милиони евра, сума која Севиља сигурно нема намера да ја плати за Артур оваа зима. Тоа значи дека трансферот може да се реализира дури на лето.


Јунајтед ќе именува нов капитен. Мегваер ја загуби траката

Хари Мегваер нема повеќе да биде капитен на Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

„Црвените ѓаволи“ поминуваат низ голема резултатска криза и после поразот од Ватфорд (4-1) решија да му врачат отказ на тренерот Оле Гунер Солскјер.

Најскапиот дефанзивец на светот игра очајно оваа сезона и е еден од најголемите виновници за слабите резултати. Чашата ја прели фактот дека Мегваер после дебаклот од Ватфорд бил на забава, а го издаде една фотографија на негов пријател, со кој се сликал.

Ова челниците на Јунајтед не му го простиле, па така сега се најавува дека каптенската лента ќе оди кај Кристијано Роналдо, дека тој со својот авторитет ќе мора да го подигне тимот.


За Шевченко, опстанокот на Џенова во Серија А ќе биде како освојување на Лигата на шампиони

Андриј Шевченко кој дебитираше на клупата на Џенова со пораз од Рома со 0:2, после натпреварот изјави дека опстанокот на Џенова во Серија А ќе биде еднакво на освојувањето на Лигата на шампиони.

„Имаме доста проблеми со повредени играчи. Против Рома прикажавме карактер, држевме добро темпо но немавме сили за повеќе од тоа. Битно е тоа што играчите го дадоа својот максимум на теренот. Благодарам за одличниот прием од навивачите на стадионот и нивната поддршка кон тимот. До крајот на првенството имаме тешки натпревари и доколку останеме во Серија А тоа ќе биде успех како освојување на ЛШ“, рече Шевченко.


Емотивно збогување на Солскјер со Манчестер Јунајтед

После поминати три години како тренер на тимот од „Олд Трафорд“, Оле Гунар Солскјер беше разрешен од функцијата и го напушти клубот.

Пред неговото заминување од Манчестер, норвешкиот стратег преку интервју им се обрати на фановите и даде емотивни пораки за неговото време поминато на клупата на „црвените ѓаволи“.

„Чест ми е што ја добив довербата да го однесам клубот напред и се надевам дека го оставам во подобра состојба отколку кога дојдов. Создадов одлични пријателства, а навивачите беа одлични, од првиот ден во Кардиф до последниот. Знаете колку овој клуб ми значи и што сакав да постигнам тука. Сакав да направам чекор напред во трката за титулата, сакав да освојуваме трофеи. Жалам што не успеав и затоа сега е време да си заминам. Уживав од првата до последната минута тука. Благодарам на раководството кое ми даде шанса и на навивачите кои ми даваа поддршка“, изјави Солсјкер на неговото последно интервју на ТВ каналот на Манчестер Јунајтед.



Њукасл ќе понуди огромна сума за Душан Влаховиќ

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија откако го презеде Њукасл сега е спремен да вложи голема сума за реконструкција на тимот.

Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а така нема да го загрози финансискиот фер-плеј (ФФП).

Прва мета е Душан Влаховиќ, кој блеска во дресот на Фиорентина и за чиј потпис се борат голем број на европски гиганти. 21-годишниот напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А, но јасно е дека ќе ја напушти Фиорентина откако одби да го продолжи договорот.

Многу европски клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, но Њукасл сака да ја победи конкуренцијата и спремил понуда од 83 милиони евра.

Притоа, Њукасл му нуди на Србинот двојно поголема плата од таа што му ја нудат Јувентус и Тотенхем во моментов.


РБ Лајпциг ќе игра во ЛШ пред празни трибини заради ескалација на корона-кризата

Соочена со ескалација на бројот заразени со коронавирус, германската сојузна покраина Саксонија забрани присуство на навивачи на спортските терени до 12 декември, како дел од широк спектар на претпазливи мерки.

Саксонија во германски рамки е на дното според процентот на вакцинација на локалното население со приближно 60 отсто вакцинирани, а во оваа покраина инциденцијата на коронавирус во моментов е највисока со 584 случаи на 100.000 жители во последните седум денови.

Поради новите ограничувања, бундеслигашот Лајпциг следните два првенствени натпревари, против Леверкузен и Менхенгладбах, ќе ги игра без поддршка на своите навивачи, а зад затворени врати ќе го пречека и Манчестер сити во клучниот натпревар во Лигата на шампиони на 7 декември.

Раководството на Лајпциг остро ја критикуваше локалната извршна власт поради тоа што дозволила ескалација на состојбата со коронавирусот.

„Највисокото ниво на зараза споредено со сите други германски покраини и најнискиот процент на вакцинација, покажуваат дека власта во Саксонија досега не беше во состојба да осмисли добар план за спречување на пандемијата“, соопшти бундеслигашот од Лајпциг.


Кежман: Јувентус покажува сериозен интерес за Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Српскиот репрезентативец и член на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ игра во одлична форма и неговите партии се добро забележани од големите европски тимови.

Матеја Кежман кој е менаџер на фудбалерот, неодамна со своја изјава ја најави можноста за негово заминување за Торино, во екипата на Јувентус.

„Имам голема почит кон Лацио, но мислам дека Сергеј е играч за поголем клуб. Сериозен интерес за него покажува Јувентус и сигурен сум дека во блиска иднина тој ќе заигра за „старата дама“, изјави Кежман.


Луис Енрике ја исмеа можноста да го преземе Манчестер Јунајтед

На прашањето дали има вистина во шпекулациите кои го поврзуваат со Манчестер јунајтед, Луис Енрике праша да не случајно денес е први април.

Брзо по отказот на Солшер, во медиумите излезе шпекулација дека Роналдо посакува Луис Енрике да биде следниот тренер на Манчестер јунајтед.

Беше тешко за верување дека тој воопшто би бил во конкуренција со оглед на тоа дека треба да игра на Светското првенство со Шпанија, но шпанските медиуми сепак го прашаа.

„Дали денеска е први април, денот на шегата?“, одговори Луис Енрике на пашањето за Манчестер јунајтед од „Ла Секста“ и се изнасмеа.


„Кралевите“ објавија трансфер листа за зимскиот преоден рок

Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид ќе се раздели со четворица играчи кои од различни причини речиси и не играле во досегашниот дел од сезоната.

Според шпанските медиуми, Реал со задоволство би се разделил со Герет Бејл, Еден Азар, Иско и Марсело, доколку има клубови заинтересирани да ги замат во зимскиот преоден рок.

Иско одигра само 166 минути во шест натпревари во Примера во досегашниот дел од сезоната. Марсело има запишано вкупно 89 минути во првенството, а Бејл, пак, поради повреди не учествуваше на натпреварите во август, додека од „Сантијаго Бернабеу“ сметаат дека Азар треба да си ја проба среќата на друго место во потрага по поголема минутажа.


Луис Енрике за можноста да стане тренер на Манчестер Јунајтед: Дали дојде 1-ви април?

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, ја нарече првоаприлска шега шпекулацијата дека е можно да биде нов тренер на Манчестер Јунајтед.

После отказот кој го доби Оле Гунар Солскјер, веќе започна лицитацијата со негови можни наследници на тренерската позиција на „Олд Трафорд“.

Меѓу другите се наведува и името на Луис Енрике кој бил желба на Кристијано Роналдо. Меѓутоа на новинарско прашање поставено до Енрике за оваа можност тој одлучно ја отфрли веста како шпекулација и запраша дали е првоаприлска шега?

„Дали веќе пристигна 1-ви април? Јас во моментот сум селектор на најдобриот тим во светот а тоа е шпанската репрезентација и немам план да ја напуштам истата“, изјави Луис Енрике.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1462443188413734919?s=20