ФОТО: „Фалангата“ ги поздрави хероите пред репрезентативниот хотел
Македонија го елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден чекор до Мундијалот во Катар. Фудбалерите се спортистите кои во последниот период ја радуваат нацијата, а вечерва ја фрлија во транс цела Македонија.
Приоритет да се дружат со нив имаат фановите кои дојдоа овде во Палермо да и дадат поддршка на репрезентацијата на дуелот со Италија. Тие дојдоа доцна вечерва во хотелот да ги поздрават хероите и да им се поклонат за големиот успех.
Манчини: Овој пораз е најголемо разочарување во мојата кариера
Роберто Манчини не сакаше да зборува за својата иднина по поразот од Македонија во баражот на Светското првенство, велејќи дека ова му е најголемото разочарување во неговата кариера.
„Како што Европско првенство беше најпрекрасното искуство во мојот живот, ова беше најголемото разочарување. Не можеме да кажеме ништо, тоа е фудбалот, понекогаш неверојатните работи се случуваат, како сега. Не требаше да бидеме во ваква позиција, но дадовме максимум за победа. Победата на ЕУРО беше целосно заслужена бидејќи игравме добар фудбал. Потоа дел од среќата која ја имавме на тој турнир се претвори во тотална лоша среќа и од септември ни се случија некои неверојатни работи. Доминираве како група, ни беше потребна само една топка да влезе со среќа, но не беше така. Вечерва, како да беше прикладно да примиме гол во 92. минута. Сега сме премногу разочарани да зборуваме за иднината“, вели Манчини.
Малдини спреми нов договор за Ибра во Милан
Златан Ибрахимоиќ има желба да игра и следната сезона, па започна преговари со раководството на Милан за продолжување на соработката.
Иако има 40 години Ибрахимовиќ не размислува за пензија, особено ако Шведска се пласира на Светското првенство, бидејќи негова желба е да игра во Катар.
Според последните информации ако Ибрахимовиќ сака да игра и следната сезона во дресот на Милан ќе мора да прифати значително намалување на платата. Ибра и понатаму прави разлика на теренот, но без него тимот игра поинаку, побрзо и со повеќе пресинг.
Барселона се „распрашува“ за Пауло Дибала
Според Мундо Депортиво, Барселона е уште еден клуб кој се вклучува во битката за потписот на напаѓачот Пауло Дибала.
Аргентинецот не се договори за нов договор со неговиот сегашен клуб Јувентус и на лето ќе го напушти Торино како слободен играч.
Претставниците на Барса веќе се распрашуваат за условите под кои Дибала би се преселил на Камп Ноу.
Рома бара големи пари за Тами Абрахам
Рома за својот голгетер Тами Абрахам одреди цена од 120 милиони евра. Англискиот репрезентативец минатото лето се пресели во Рома од Челзи за 40 милиони евра и има одлична сезона со 23 гола на 37 натпревари.
Настапите на Абрахам предизвикаа интерес кај англиските клубови и некои од водечките тимови ќе се обидат да го вратат во Премиер лигата. Во Италија вчера се појави информација дека Манчестер Јунајтед размислува за понуда за него.
Рома ќе се обиде да го задржи 24-годишниот голгетер, со надеж дека ќе го пренасочи интересот на кандидатите со оваа трансфер цена од 120 милиони евра.
Челзи доби дозвола да продава билети за ЛШ и Премиер лигата
Добри вести конечно доаѓаат на Стемфорд Бриџ. Челзи ќе може да продаде одредена сума на билети и да добие 30 милиони фунти од спонзорите.
Правилата според кои британската влада му даде лиценца на Челзи да го одржува клубот по воведувањето на санкциите кон Роман Абрамович и замрзнатите средства беа малку олеснети во средата.
Челзи сега ќе може да добие до 30 милиони фунти од своите спонзори и партнери, со што ќе го реши проблемот со ликвидноста на клубот и подмирување на обврските на клубот кон играчите и вработените.
Дополнително, има добри вести за навивачите – Челзи повторно ќе може да продаде одредена сума на билети, вклучувајќи го и за полуфиналниот меч од ФА Купот како и за дуелот од Лигата на шампионите со Реал, но ова олеснување не важи за натпреварите на кои Челзи е домаќин на Премиер лигата.
„Денес Владата направи одредени промени кога е во прашање лиценцата која му е дадена на Челзи. Навивачите на тој начин ќе можат да купат билети за гостувањата, куп натпреварите и дуелите на женскиот тим“, потврди министерот за спорт во британската Влада, Најџел Хадлстон.
„Волците“ еден месец без Рубен Невес
Екипата на Вулверхемптон следниот месец ќе биде без еден од своите најважни играчи. Португалскиот репрезентативец Рубен Невес има повреда на коленото, која ја доби на натпреварот со Лидс.
Првичните прогнози беа дека повредата не е толку сериозна, бидејќи 25-годишниот играч доби повик за настап со португалската репрезентација. Таму му беа извршени дополнителни медицински прегледи, кои покажаа дека има повреда на лигаментот.
Според прогнозите, Невес ќе мора да одмора најмалку еден месец пред да се врати на теренот.
Џермејн Дефо ја заврши својата фудбалска кариера
39-годишниот англиски фудбалер Џермејн Дефо соопшти дека става крај на фудбалската кариера.
Дефо ја заврши кариерата како играч на Сандерленд, каде се врати кон крајот на јануари и потпиша договор до крајот на сезоната, но одигра само седум натпревари.
Пред да се врати во Сандерленд, Дефо играше за Ренџерс, за кој минатата сезона одигра 74 натпревари и постигна 32 гола. Дефо ја започна својата кариера во Вест Хем во 1999 година, а беше член на Борнмут, Тотенхем, Портсмут и Торонто.
Манчестер Сити подготвува 150 милиони евра за Деклан Рајс
Англискиот шампион Манчестер Сити е подготвен да плати рекордни 150 милиони евра за ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс, тврди англискиот Дејли Мејл.
Според весникот „чеканите“ се отворени за понуди, а во моментов се чини дека најсериозно заинтересирани се челниците на Сити. Сумата што ја нуди клубот е за 30 милиони евра помала од откупната клаузула во неговиот договор.
Вест Хем веројатно нема да биде подготвен да преговара за намалување на цената, бидејќи договорот на Рајс е далеку од истекување. Играчот од средниот ред е обврзан со клубот до 2027 година.
Рома ја определи цената за својот напаѓач
Медиумите во Англија пренесуваат дека калчолигашот Рома одреди цена од 120 милиони евра за својот голгетер Тами Абрахам.
Англискиот репрезентативец минатото лето се пресели во Рома од Челзи за 40 милиони евра и има одлична сезона со 23 гола на 37 натпревари.
Настапите на Абрахам предизвикаа интерес кај англиските клубови и некои од водечките тимови ќе се обидат да го вратат во Премиер лигата.
Рома преку одредувањето на високата цена ќе се обиде да го задржи 24-годишниот голгетер во своите редови и во наредните сезони.